Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Секојдневен живот
Домашни миленици
Прашања за акваристика
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Водата како животна средина на аквариумските риби треба да исполнува одредени услови, меѓу кои најважни се:

Хемиска чистота.

Неприродните хемикалии кои се дел од нашето секојдневие (сапун, детергенти, вештачки бои и разни отровни материи) можат неверојатно бргу да доведат до помор на целиот жив свет во аквариумот.

Исто така постојат опасни отровни материи кои се создаваат во самиот аквариум како нузпродукт од метаболизмот на рибите, како и со распаѓање на остатоци од храна, мртви делови на растенијата или други отпадоци. Тоа се нитритите, нитратите и разни гасови како метан, амонијак и сл. Овие материи се многу опасни, пред се затоа што нивното присуство не може да се забележи визуелно (не ја заматуваат или обојуваат водата), а можат да предизвикаат сериозни проблеми во аквариумот. Можат да бидат отстранети со замена на дел од водата од аквариумот со свежа вода, додека за редуцирање на некои отрови може да се користи и активен јаглен. За мерење на нивното количество во водата се користат повеќе тестови (сликата лево).

Бактериолошка исправност.

Аквариумската вода во никој случај не може да биде стерилна, дури и ако како таква е внесена во аквариумот. Во неа секогаш ќе се наоѓаат разни микроорганизми, протозои, бактерии, габи, па и вируси. Од особена важност е во аквариумот да се развијат сапрофитски бактерии кои ќе ја разградуваат мртвата органска материја, а истовремено ќе делуваат превентивно по здравјето на рибите, заземајќи ги просторот кој во нивно отсуство би го зазеле некои паразитски бактерии или други патогени. Сапрофитските бактерии се важен фактор во биолошката рамнотежа на аквариумот.

Тврдост на водата - dH.

Под тврдост (тврдина) на водата се подразбира количеството на растворени соли (минерални материи) во неа. Колку количеството на растворени материи е поголемо, толку е водата потврда.

Тврдоста на водата ја изразуваме во германски степени - dH (deutcshe Harte). Еден германски степен (1 dH) означува 30mg CaCO3, или 10mg CaO, или 7,14mg MgO во еден литар вода.

Доколку ја мериме само количината на растворените карбонати ( CaCO3, MgCO3) тогаш станува збор за т.н. карбонатна тврдост, која се означува со dGH. Исто така, ознаки за карбонатна тврдост кои можат да се сретнат во литературата и трговијата се GH, или KH.

Бидејќи во водата постои и т.н. некарбонатна тврдост, практично е да се мери вкупната тврдост на водата.

[QUOTE="Podem, post: 18305, member: 206"] Водата како животна средина на аквариумските риби треба да исполнува одредени услови, меѓу кои најважни се: Хемиска чистота. Неприродните хемикалии кои се дел од нашето секојдневие (сапун, детергенти, вештачки бои и разни отровни материи) можат неверојатно бргу да доведат до помор на целиот жив свет во аквариумот. Исто така постојат опасни отровни материи кои се создаваат во самиот аквариум како нузпродукт од метаболизмот на рибите, како и со распаѓање на остатоци од храна, мртви делови на растенијата или други отпадоци. Тоа се нитритите, нитратите и разни гасови како метан, амонијак и сл. Овие материи се многу опасни, пред се затоа што нивното присуство не може да се забележи визуелно (не ја заматуваат или обојуваат водата), а можат да предизвикаат сериозни проблеми во аквариумот. Можат да бидат отстранети со замена на дел од водата од аквариумот со свежа вода, додека за редуцирање на некои отрови може да се користи и активен јаглен. За мерење на нивното количество во водата се користат повеќе тестови (сликата лево). Бактериолошка исправност. Аквариумската вода во никој случај не може да биде стерилна, дури и ако како таква е внесена во аквариумот. Во неа секогаш ќе се наоѓаат разни микроорганизми, протозои, бактерии, габи, па и вируси. Од особена важност е во аквариумот да се развијат сапрофитски бактерии кои ќе ја разградуваат мртвата органска материја, а истовремено ќе делуваат превентивно по здравјето на рибите, заземајќи ги просторот кој во нивно отсуство би го зазеле некои паразитски бактерии или други патогени. Сапрофитските бактерии се важен фактор во биолошката рамнотежа на аквариумот. Тврдост на водата - dH. Под тврдост (тврдина) на водата се подразбира количеството на растворени соли (минерални материи) во неа. Колку количеството на растворени материи е поголемо, толку е водата потврда. Тврдоста на водата ја изразуваме во германски степени - dH (deutcshe Harte). Еден германски степен (1 dH) означува 30mg CaCO3, или 10mg CaO, или 7,14mg MgO во еден литар вода. Доколку ја мериме само количината на растворените карбонати ( CaCO3, MgCO3) тогаш станува збор за т.н. карбонатна тврдост, која се означува со dGH. Исто така, ознаки за карбонатна тврдост кои можат да се сретнат во литературата и трговијата се GH, или KH. Бидејќи во водата постои и т.н. некарбонатна тврдост, практично е да се мери вкупната тврдост на водата. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Секојдневен живот
Домашни миленици
Прашања за акваристика
На врв
Bottom