Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Секојдневен живот
Домашни миленици
Прашања за акваристика
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Надолу ставам текстови што сум пишел претходно на други сајтови:

Потребно е да се знаат само неколку битни ствари и се оди чекор по чекор:

1.Позиционирање аквариумот

2. Редење на филтерот со филтер материјал, во сооднос со литражата на аквариумот

3.Додавање хранлива подлога за растенија (тресет), доволно е 3 цм нанос во висина.

4.Додавање украсен песок. Моја препорака е кварцен бел, со ситна гранулација, за полесно чистење и естетика. Пожелно е тресетот, т.е подлогата за растенија да ја одделите со мрежа од горниот слој уркасен песок, во случај на растурање на аквариумот да ги имате пак и двата вида на песок.

5.Редење на камења,дрва и садење треви.Многу битно е каменот да не е варовник, како и песокта. Тест со солна киселина едно капаче врз каменот и доколку врие, е варовник, и фрлајте го, ќе ја покачи Kh и Gh вредноста (тврдината) на водата. Битно е да е неутрален, тропските риби живеат во мека и кисела вода, освен афричките циклиди,полжавите и желките.

6.Од дрва се препорачува Red Moor Wood, или Мангровани.Доколку се добро термички обработени, нема да ја бојат водата, а ако ја обојат ништо страшно само ќе има темна боја, и ќе добие природно киселкаста средина водата, идеална за неон тетрите, и сите останати видови на тетри. (Средството Tropi, има слична функција)

7.Садење на тревите, и дополнување на аквариумот со вода. Филтерот врти 1 недела додека се исчисти водата од тресетот и се поттикне живот во аквариумот.Ако тревите имаат добро осветлување, брзо ќе се зафатат, и веќе ќе можи набрзо додавање риби.

8.Е сеа на ред е циклирање на аквариумот, во превод населување бактерија во него. Што е бактерија? Бактерија е сите како што знајме едноклеточен организам и живеат во колонии.Водните нитрогени бактерии формираат колонии, онаму каде што има животински отпад, во превод како храна го користат амоњакот, нитратот и други отпадни материи што се раствораат во водата при изметот на рибите, распадната храна, мртви риби, итн.

Амоњакот е најголем непријател на рибите. Во новоформиран аквариум НЕМА бактерија, па имаме смртност кај рибите.Во циклиран аквариум, рибите создаваат отпад, амоњакот бактериите го разложуваат во нитрат, а нитрогените бактерии во нитрит, кој не е штетен, а со повремената промена на вода 30 % еднаш неделно, се отстранува и се додава свежа вода.Исто така, битно е да се има природно засаден аквариум, затоа што растенијата најголемиот дел од филтрацијата го вршат, отпадните материи ги земаат како храна, јаглерод диоксидот го дишат а испуштаат кислород и се создава еден биолошки круг составен од РиБА - ХРАНА - ОТПАД - РАСТЕНИЈА и повторно во круг.

За да се исциклира аквариумот, како што напоменав циклирање или населување со полезни бактерии, треба да се земи вода од веќе стар филтер долго време неисчистен и истиот да се исцеди во водата или пак во коморите на канистерот. Од ова цедење со сигурност внесувате бактерија, а најмногу може да се забележи доколку сунгерот, има мирис на земја, нешто лично како после дожд што има мирис земјата. Тоа е знак дека постојат бактерии, нормално ќе внесете и нечистотија ама тоа не е битно, ќе се исчисти со тек на време

После додавањето бактерија, филтерот работи а следниот ден се додаваат риби но во мал број.Најчесто сум користел живоротки затоа што се извонредни загадувачи, и брзо создаваат отпад па бактериите набрзо добиваат храна и се поттикнува размножувањето, во сооднос од 1:1 во превод од една две...од две четири итн...

Што ги убива бактериите?

Многу често се случува кај акваристите, да го исчистат целосно аквариумот на погрешен начин и да се случи помор. Јас бев еден од тие, и можам да кажам дека сум потрошил повеќе пари на аквариумски риби, него што сум сервирал на трпеза При чистење на аквариумот, за оптимална филтрација, потребно е да се почни од филтерот, ако е канистер се вадат коморите, ако е потопна пумпа, стаклен филтер,сумп,топ филтер без разлика на видот на филтрација процесот е ист, го отстранувате сунгерот, и останатиот вид на филтрација (за него подолу) и ги перете со АКВАРИУМСКА ВОДА! Овај деле многу битен, ако ги миете со ладна, жешка, и вода од чешма, с сигурност ќе ги уништите бактериите, поготово водата од чешма содржи хлор баш за таа намена. Значи строго со вода од аквариум се зема еден сад во кој ќе го измиете сунгерот. И никогаш сунгерот, не го мијте целосно додека не стане проѕирен, доволно е површниот слој на ѓубре да се отстрани, додека останатите слоеви се колонии на бактерии.

После тоа за кратко изложување на светлина, воздух, и пониска температура ви погинуваат 30 % од бактериите, но не е опасно повторно ќе се вратат во живот.

Друг битен дел од менаџирањето на аквариумот е промената на вода. Зависно од литражата, зависно од бројот на риби потребно е да се направи промена на вода, со оглед на тоа што филтрацијата на овој биолошки систем е од затворен тип. Па, кога се додаваат риби, многу битна е литражата, што би дошло 1 риба на 2-5 литри вода зависно од големината. Сепак поголем аквариум - помалку риби е секогаш подобро и ни создава помалку маки и главоболки , особено кога станува збор за чистење. Доколку аквариумот е со средна голема, 150 литри, и имате максимум 50 риби во него, се менува 30 % од водата секоја недела. За помали аквариуми се менува 20 % на 4 дена, со цел да не се наруши рамнотежата, со оглед на тоа што е мала количина на вода, и лесно може да се покачи,симни тврдината на водата.

Типови на филтрација:

Механичка

Биолошка

Хемиска

Растенијата исто вршат филтрација а и со промената на водата се отстрануваат штетните материи.

Заблуди постојат повеќе, како тоа дека филтерот е за да ја прави кристално јасна водата, што е погрешно, чиста вода имаме ако има растенија кои апсорбираат отпадни материи од водата и имаме почиста вода.

Механичка е со сунгер, било потопен филтер, било стаклен, било канистер, кај канистерот 3-те вида филтрација се најдобро изразени.

Ги задржува сите видливи честици од водата, храна, отпад итн. Исто така сунгерот има и мала биолошка филтрација,со оглед на тоа што нема голем капацитет за населување на бактерија, успеваат некако да создадат колонија во потемните и ситните делови на сунгерот.

Биолошката ја вршат растенијата и филтерот.Значи сунгерот малку, а потребно е да се додаде и биолошки материјал. Најчесто популарни се кај нас керамичкие прстени и можам да кажам дека се џабе фрлени пари. Не се ни керамика туку крута смеса, и идат од кина. Еден познат производ се нарекува Syporax, прстени од синтетизирано стакло, со мали испакнатини идеални за населување голем број на бактерија. Подобри од него се Symbionit од Easy Life,досега како најдобар. Поефтина варијанта е вулкански дробени камчиња, или Sachem Purigen. Овие филтер материјали имаат различна цена, easy life symbionitot е околу 900 денари за 300 грама а ќе задоволи филтрација дури на 450 литри вода.

Хемиска е со активен јаглед, и е потребно после третман со лекови. Нема потреба да стои постојано, освен по потреба. Исто и водата ако е матна, може да се додаде активниот јаглен.

Најдобро решение за филтрација е канистер филтерот, со оглед што коморите се поголеми за филтер материјал, и не постои шанса од претекување на водата, како кај стаклените филтери, или постојано малтретирање со рацете во акваирум , со потопни пумпи. Во него имате комора за механичка со сунгери, и комора за биолошка. Лесен за чистење едноставен и скап, е досега идеално решение.Канистрите од Echeim важат за едни од најдобрите канистри со долгогодишна гаранџија, а со цената ги туркаат и Аtman.

П.С. Уште една заблуда,кај аквариумите а тоа е кога станува збор за риби на дното, познати како ЧИСТАЧИ. Ниедна риба не ја создала природата да чисти туку према исхраната се одредуваат. Кога рибите не ја дојадуваат цела храна, настапуваат торакатуми, коридораси, и други риби што се хранат од дното. Алгите што постојано се лепат на стаклена површина ги јадат алгарите како анциструси, плехостомуси, ајмонери, сае итн... па дури и живоротките. Најдобар избор према мене е отоцинклусот, и анциструсот, ради малата големина , плехостомусот расти и до 70 цм.

[QUOTE="Podem, post: 18303, member: 206"] Надолу ставам текстови што сум пишел претходно на други сајтови: Потребно е да се знаат само неколку битни ствари и се оди чекор по чекор: 1.Позиционирање аквариумот 2. Редење на филтерот со филтер материјал, во сооднос со литражата на аквариумот 3.Додавање хранлива подлога за растенија (тресет), доволно е 3 цм нанос во висина. 4.Додавање украсен песок. Моја препорака е кварцен бел, со ситна гранулација, за полесно чистење и естетика. Пожелно е тресетот, т.е подлогата за растенија да ја одделите со мрежа од горниот слој уркасен песок, во случај на растурање на аквариумот да ги имате пак и двата вида на песок. 5.Редење на камења,дрва и садење треви.Многу битно е каменот да не е варовник, како и песокта. Тест со солна киселина едно капаче врз каменот и доколку врие, е варовник, и фрлајте го, ќе ја покачи Kh и Gh вредноста (тврдината) на водата. Битно е да е неутрален, тропските риби живеат во мека и кисела вода, освен афричките циклиди,полжавите и желките. 6.Од дрва се препорачува Red Moor Wood, или Мангровани.Доколку се добро термички обработени, нема да ја бојат водата, а ако ја обојат ништо страшно само ќе има темна боја, и ќе добие природно киселкаста средина водата, идеална за неон тетрите, и сите останати видови на тетри. (Средството Tropi, има слична функција) 7.Садење на тревите, и дополнување на аквариумот со вода. Филтерот врти 1 недела додека се исчисти водата од тресетот и се поттикне живот во аквариумот.Ако тревите имаат добро осветлување, брзо ќе се зафатат, и веќе ќе можи набрзо додавање риби. 8.Е сеа на ред е циклирање на аквариумот, во превод населување бактерија во него. Што е бактерија? Бактерија е сите како што знајме едноклеточен организам и живеат во колонии.Водните нитрогени бактерии формираат колонии, онаму каде што има животински отпад, во превод како храна го користат амоњакот, нитратот и други отпадни материи што се раствораат во водата при изметот на рибите, распадната храна, мртви риби, итн. Амоњакот е најголем непријател на рибите. Во новоформиран аквариум НЕМА бактерија, па имаме смртност кај рибите.Во циклиран аквариум, рибите создаваат отпад, амоњакот бактериите го разложуваат во нитрат, а нитрогените бактерии во нитрит, кој не е штетен, а со повремената промена на вода 30 % еднаш неделно, се отстранува и се додава свежа вода.Исто така, битно е да се има природно засаден аквариум, затоа што растенијата најголемиот дел од филтрацијата го вршат, отпадните материи ги земаат како храна, јаглерод диоксидот го дишат а испуштаат кислород и се создава еден биолошки круг составен од РиБА - ХРАНА - ОТПАД - РАСТЕНИЈА и повторно во круг. За да се исциклира аквариумот, како што напоменав циклирање или населување со полезни бактерии, треба да се земи вода од веќе стар филтер долго време неисчистен и истиот да се исцеди во водата или пак во коморите на канистерот. Од ова цедење со сигурност внесувате бактерија, а најмногу може да се забележи доколку сунгерот, има мирис на земја, нешто лично како после дожд што има мирис земјата. Тоа е знак дека постојат бактерии, нормално ќе внесете и нечистотија ама тоа не е битно, ќе се исчисти со тек на време:) После додавањето бактерија, филтерот работи а следниот ден се додаваат риби но во мал број.Најчесто сум користел живоротки затоа што се извонредни загадувачи, и брзо создаваат отпад па бактериите набрзо добиваат храна и се поттикнува размножувањето, во сооднос од 1:1 во превод од една две...од две четири итн... Што ги убива бактериите? Многу често се случува кај акваристите, да го исчистат целосно аквариумот на погрешен начин и да се случи помор. Јас бев еден од тие, и можам да кажам дека сум потрошил повеќе пари на аквариумски риби, него што сум сервирал на трпеза:) При чистење на аквариумот, за оптимална филтрација, потребно е да се почни од филтерот, ако е канистер се вадат коморите, ако е потопна пумпа, стаклен филтер,сумп,топ филтер без разлика на видот на филтрација процесот е ист, го отстранувате сунгерот, и останатиот вид на филтрација (за него подолу) и ги перете со АКВАРИУМСКА ВОДА! Овај деле многу битен, ако ги миете со ладна, жешка, и вода од чешма, с сигурност ќе ги уништите бактериите, поготово водата од чешма содржи хлор баш за таа намена. Значи строго со вода од аквариум се зема еден сад во кој ќе го измиете сунгерот. И никогаш сунгерот, не го мијте целосно додека не стане проѕирен, доволно е површниот слој на ѓубре да се отстрани, додека останатите слоеви се колонии на бактерии. После тоа за кратко изложување на светлина, воздух, и пониска температура ви погинуваат 30 % од бактериите, но не е опасно повторно ќе се вратат во живот. Друг битен дел од менаџирањето на аквариумот е промената на вода. Зависно од литражата, зависно од бројот на риби потребно е да се направи промена на вода, со оглед на тоа што филтрацијата на овој биолошки систем е од затворен тип. Па, кога се додаваат риби, многу битна е литражата, што би дошло 1 риба на 2-5 литри вода зависно од големината. Сепак поголем аквариум - помалку риби е секогаш подобро и ни создава помалку маки и главоболки , особено кога станува збор за чистење. Доколку аквариумот е со средна голема, 150 литри, и имате максимум 50 риби во него, се менува 30 % од водата секоја недела. За помали аквариуми се менува 20 % на 4 дена, со цел да не се наруши рамнотежата, со оглед на тоа што е мала количина на вода, и лесно може да се покачи,симни тврдината на водата. Типови на филтрација: Механичка Биолошка Хемиска Растенијата исто вршат филтрација а и со промената на водата се отстрануваат штетните материи. Заблуди постојат повеќе, како тоа дека филтерот е за да ја прави кристално јасна водата, што е погрешно, чиста вода имаме ако има растенија кои апсорбираат отпадни материи од водата и имаме почиста вода. Механичка е со сунгер, било потопен филтер, било стаклен, било канистер, кај канистерот 3-те вида филтрација се најдобро изразени. Ги задржува сите видливи честици од водата, храна, отпад итн. Исто така сунгерот има и мала биолошка филтрација,со оглед на тоа што нема голем капацитет за населување на бактерија, успеваат некако да создадат колонија во потемните и ситните делови на сунгерот. Биолошката ја вршат растенијата и филтерот.Значи сунгерот малку, а потребно е да се додаде и биолошки материјал. Најчесто популарни се кај нас керамичкие прстени и можам да кажам дека се џабе фрлени пари. Не се ни керамика туку крута смеса, и идат од кина. Еден познат производ се нарекува Syporax, прстени од синтетизирано стакло, со мали испакнатини идеални за населување голем број на бактерија. Подобри од него се Symbionit од Easy Life,досега како најдобар. Поефтина варијанта е вулкански дробени камчиња, или Sachem Purigen. Овие филтер материјали имаат различна цена, easy life symbionitot е околу 900 денари за 300 грама а ќе задоволи филтрација дури на 450 литри вода. Хемиска е со активен јаглед, и е потребно после третман со лекови. Нема потреба да стои постојано, освен по потреба. Исто и водата ако е матна, може да се додаде активниот јаглен. Најдобро решение за филтрација е канистер филтерот, со оглед што коморите се поголеми за филтер материјал, и не постои шанса од претекување на водата, како кај стаклените филтери, или постојано малтретирање со рацете во акваирум , со потопни пумпи. Во него имате комора за механичка со сунгери, и комора за биолошка. Лесен за чистење едноставен и скап, е досега идеално решение.Канистрите од Echeim важат за едни од најдобрите канистри со долгогодишна гаранџија, а со цената ги туркаат и Аtman. П.С. Уште една заблуда,кај аквариумите а тоа е кога станува збор за риби на дното, познати како ЧИСТАЧИ. Ниедна риба не ја создала природата да чисти туку према исхраната се одредуваат. Кога рибите не ја дојадуваат цела храна, настапуваат торакатуми, коридораси, и други риби што се хранат од дното. Алгите што постојано се лепат на стаклена површина ги јадат алгарите како анциструси, плехостомуси, ајмонери, сае итн... па дури и живоротките. Најдобар избор према мене е отоцинклусот, и анциструсот, ради малата големина , плехостомусот расти и до 70 цм. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Секојдневен живот
Домашни миленици
Прашања за акваристика
На врв
Bottom