Прашалник

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Вака дечки...ми требаат испитаници доброволци на возраст помеѓу 25 - 30 год. за да ми пополнат еден Прашалник што ми треба за утре за на факс. Одговорите освен Да или Не, пожелно е да имаат и барем една реченица (зошто е тоа Да или зошто Не). Одговорите пратитеми ги во Инбокс. Однапред Ви благодарам. :)


  1. Мислите ли дека се имате променето во последниве 5 години? (доколку да, што се сменило?)
  2. Како гледаш на успесите на другите?
  3. Дали го сослушуваш внимателно соговорникот и покрај тоа што не се сложуваш со неговото мислење?
  4. Дали радо го слушате соговорникот кој ви се жали за неговите животни проблеми?
  5. Дали би му подале рака на победникот признавајќи го со тоа вашиот пораз?
  6. Откога ќе ја постигнете поставената цел, отпосле повеќе ги анализирате оние позитивни работи кои ве довеле до целта или пак оние негативни работи кои можеле да ве спречат во постигнувањето на целта?
  7. Пред да се впуштите во некоја деликатна и ризична активност, дали повеќе го слушате разумот или срцето?
  8. Како ќе изреагирате доколку некој ви истури кафе врз новите чевли?
  9. Што мислиш за некој човек кој буричка во контејнер?
  10. Доколку треба да бираш помеѓу две работи, дали би ја избрал онаа која повеќе ти се допаѓа или онаа која повеќе ти е корисна?
  11. Мислите ли дека за успех во нешто (на пр. некој спорт) треба многу вежбање и посветеност или пак повеќе е важно да се има вродена дарба за тоа?
  12. Другарувате ли со пријатели кои се на пониско интелектуално и материјално ниво од вашето?
  13. Каква е вашата реакција кога ќе дознаете дека треба да решите некој деликатен проблем но за многу кратко време?
  14. Дали секогаш ја прифаќате одговорноста за своите постапки?
  15. Како би изреагирале доколку би се нашле на брод кој тоне?
  16. Дали пред да решите некој проблем, прво го разгледувате од повеќе аспекти и барате повеќе видови на решенија?
  17. Дали при неуспех во некоја работа ја анализирате грешката и од неа извлекувате чаре, или почнувате на сосем нов начин да го решавате проблемот?
  18. Дали сепак се впуштате во ризик за некоја работа која ви се допаѓа но не можете да го предвидите нејзиниот краен исход?
  19. Што за вас претставува љубовта?
  20. Мислите ли дека со поширог круг на пријатели полесно ќе ги постигнувате целите во животот?
  21. Дали сте економски независни од родителите?
  22. Дали се нафаќате да ги извршите некои работи за кои не сте овластени и немате искуство?
  23. Дали ги користите искуствата од една област за да постигнете некои цели од некоја друга област?
  24. Како се замислувате себеси за десет години?
  25. Дали кога ќе се прифатите некоја идеја или нечиј став, им образложувате на другите зошто тоа сте го прифатиле?
  26. Кога ќе слушнете некоја информација од човек на кој верувате, дали веднаш ја прифаќате информацијата или прво истражувате за да ја дознаете нејзината веродостојност?
  27. Дали се фрустрирате кога нема навреме да ги исполните обврските?
Се надевам дека ќе одвоите време и ми излезете во пресрет. :)
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Интересна работа прашањава. Штета што не ги исполнувам условите за да одговорам. Млада сум. :)

На кој факултет си инаку?
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Интересна работа прашањава. Штета што не ги исполнувам условите за да одговорам. Млада сум. :)

На кој факултет си инаку?
Благодарност до сите кои ме удостоија со нивните одговори. :) Нема да има потреба повеќе да ми праќате. Инаку, UnFleur, Психологија студирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur and Scars31