Како што одличниот познавач на оваа тематика Елијаде кажа: Ова е време на бинарна логика. Бинарна логика е поим со кој се објаснува сето постоење на овие првобитни луѓето во праисторијата.
Тоа што овие луѓе биле љубители на канибализмот, полово општење со мртви, жртвопринесување, облекување на цело племе стриктно со крзно од еден вид на животно, си има своја причина И СВОЈА ПРИМАРНА ЛОГИКА, која нема врска со нас, па затоа често ние си се гадиме, осудуваме, брукаме, а немаме ни сами поим колку само го правиме истото на „позатскриен“ начин.
Како јас ја замислувам оваа праисторија... Човекот бил човек, си дозволувал да чувствува, да се плаши, да сонува, да се стреми кон нешто БЕЗ ДА ГО КРИЕ ТОА ДЛАБОКО ВО СЕБЕ.
Кога ги затворам очиве го гледам примитивниот човек како игра околу огон, принесувајќи жртва на богот. Ги гледам солзите во неговите очи додека го јаде месото на својот брат кој болен починал, па за да духот остане во него засекогаш го „инкорпорира“ во себе(базирајќи се на логиката дека и животните своите болни членови ги јадат). Ги гледам како го убиваат своето тотем животно кое е веќе доволно старо, па прават обред и од неговото крзно си прават облека за на тој начин тотемот да стане заштитник на нивното тело.
- многу ми се допаѓа страста со која живеел овој примитивен човек, премногу. Верата што ја давал во извршувањето на секоја една акција... Малку од тоа му треба и на денешниов човек... барем ако некогаш ја применуваме оваа бинарна логика...да ја примениме и вербата на тој примитивен човек.