Правилник за дискусија (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Со проширувањето на форумот со нови членови како и зголемување на активноста на овој подфорум, чест ми е најпрво да ви се заблагодарам за тоа што придонесувате за овоа катче да биде едно од најактивните на форумов.
Со тоа што бројката се зголемува како по членови така и по отворени теми, сметам дека треба да воведеме еден мал правилник. Првично, за да се развие квалитетна дискусија, понатаму поради брзата и квалитетна прегледност за секој нов член.
Поради тоа, клучно е да се разгледаат основните правила кои ги има форумот, а тоа се

- Пишување кирилица
- Не правење на неврзани разговори (барем не кај оние теми кои нивната тематика е дефинирана)
- никакво навредување на член (директно и ако смета членот и индиректно)
- пред да отворите нова тема, секогаш проверете дали истата е веќе отворена.
Значи, поради тоа што се работи за доволно осетливи тематики, би додал уште неколку правила а тоа се

- Линкови и слики со порно содржина ќе се казнуваат најстрого.
- форумското тролање на теми, каде се бара од вас да го произнесете вашето мислење, а вие упорно ќе го провоцирате со коментари без никаков основ, ќе бидат избришани. Повеќепати повторената акција може да резултира со казнени поени.
- Дрското шерифување (поготово кон новите членови) ќе резултира со казнени поени.

Сега неколку кратки упати кон водењето дискусија.
Во ред е ако малку дискусијата скршне на страна, ако психолошки се анализираат одредени општи постапки во љубовта и сексот, се до моментот кога некое од правилата погоре не се прекршат.
Дебатирањето е секогаш добредојдено, впрочем така се води дискусија на ниво. Но има разлика помеѓу дебатирање со добро поткован став и оној кој е само површен. Совршена дебата е таа која не се врти нон-стоп во круг со истите празни изговори.
Темите со најосетливиот дел од интимата (душевна или суштинска) треба да се гледаат индивидуално. Не секој ги има иститие проблеми и исто ги доживува. Така да пожелно е да се биде тука што пофлексибилен.

Е па тоа е тоа, за сега. Верувам ќе се придржувате кон овој правилник, сепак тука сме за да споделиме сопствено искуство, како и да дебатираме онаму каде што имаме изградено став околу тоа.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ново правило кое важи исклучиво за темата „Сакам да ти кажам...(љубовна исповедувачница)“.

Иако се работи една единствена тема, (сепак нели требаше таму да го пишам правилото), сепак сметам тука е попрактично, затоа што е побиско за секој член да го прочита.
Конкретно се работи за цитирањето во оваа тема. По одреден даден период, решено е на и од оваа тема да не се дозволи никакво цитирање на туѓи мислења. Причините се најчесто поради тоа што оваа тема повлекува еден од најосетливите карактери. Секој член тука ја има отворено душата, посветено неколку реда во име на саканиот/саканата. Било да се позајмени тие редови или не, не менува ништо. Тоа што менува е кога некој друг пробува да го цитира, покажувајќи му ја реалноста/посочувајќи дека човекот можеби превзел некој туѓ текст. Се` додека тој текст не ве тангира исклучиво вас самите (вие сте авторот) немате право јавно да цитирате, посочувате линкови, вмешувате свое лично гледиште за писанието. Посекако правилото не забранува да пишете приватна порака до членот што го пишал мислењето.
Поради осетливоста на темата ова правило ќе се третира строго. Тоа подвлекува следно:
  • Доколку некој член пробува да шерифува на темата, неговото мислење ќе биде избришано со опомена. Следниот пат ќе резултира со голем број на негативни поени.
  • Доколку некој пробува да го посочи членот кон неговото гледиште на писанието, мислењето ќе биде избришано. Следниот пат ќе резултира со опомена. После тоа ако членот продолжи со неговото упорно терање на инает, ќе резултира со голем број на негативни поени.
Во името на оние кои пишуваат креативни мисли во врска со љубовта, ве поздравувам и ви посакувам пријатна дискусија.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
По кратко размислување околу погорната тема „Љубовна исповедувачница“, сепак е решено да се промени правилото околу пишување на текст/пастирање на видео. Да не личи дека имаме милион исти теми, отсега оваа ќе биде исклучиво за ВАШИ љубовни исповедувања. А тоа значи:
- Постот кој ќе содржи исклучиво пастиран (позајмен) текст, ќе биде избришан. Но тоа не значи дека не смее воопшто да го содржи истиот. Затоа пак ако има пастиран текст и барем реченица - две, постот нема постот нема да биде бришан. Понекогаш самите ние не ги знаеме вистинските зборови да фи опишеме чувствата па се пронаоѓаме во некои туѓи.
- Исто така и за видеата и сликите. Затоа што има веќе тема за Љубовни видеа/вашите чувства преку песна/видео, повеќе од потребно е оваа тема да се претвора во клон на сите останати.
- Трето и најбитно, како што налага правилото погоре, туѓите постови во врска со љубовта не е дозволено да се користат во билокаков контекст јавно низ постовите. Тоа значи и пастирањето на некое погорно туѓо мислење не е дозволено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.