Потрошувачка на масло во мотор

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Тојота се прекрасни возила, но кај нас идат од Турција и (немој да ми замерите) сметам дека е проблем во завршната обработка.


Секоја кола треба да троши масло, но тоа не треба да биде во толкава количина...Старите коли трошеа и по 500мл масло на 1000 км ако се возат во тежок режим, но нова кола треба да троши многу помалку. На пример, во секоја замена на масло, треба да вадиш некои 100, 200, 300 милилитри помалку. Непостои начин кариката да го избрише сето масло и секогаш дел од маслото гори, а и да постои не е паметно. Потребен е минимален филм од масло да стигнува до сите 3 реда карики.

Наједноставна проверка што можеш да си ја направиш е да извадеш една свеќица, да го донесеш клипот до горна мртва точка и да видиш каков е гарежот што е насобран. Ако гори и масло во клипот повеќе отколку што треба тогаш лесно се познаваат, како црн синтелон на клипот, со такви трошкички.

Се слагам со Мајор, премногу зависи од тоа какво масло користиш.
Јас во колата ставам некое ефтино (за течење...така го викам) и очекувам на секои 2000км да ми троши по едно кило (повеќе течи од што троши), но кога ќе ставам поквалитетно масло гледам дека потрошувачката е скроз намалена.


Туку... чекај... ова ти се појави зимово или цело време толку троши? Можно е да е до градацијата на маслото...