Потребна ли е љубов за секс?

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Каков секс е тој секс без емоции?
Некако не можам да замислам ништо позади секс без емоции.
Пардон,можам.
Машински секс и платен секс.
Секс без љубов би било само празнење,нешто како извршување на физиолошка потреба.
Љубов без секс?
Можно е.
 
МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Каков секс е тој секс без емоции?
Некако не можам да замислам ништо позади секс без емоции.
Пардон,можам.
Машински секс и платен секс.
Секс без љубов би било само празнење,нешто како извршување на физиолошка потреба.
Љубов без секс?
Можно е.
Се сложувам 100%
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Се сложувам 50% :)

Крунисувањето на љубовта со секс е сеопшто прифатено мислење од самото општество и семејството,со што секое спротивно дејство е зло.
Со тоа се прави голем јаз помеѓу емоциите и точно се дефинира спротивноста како е исправно и како не е,кој е добар,а кој лош.
Секоја емоција има своја спротивност,ако едната страна се величи тогаш другата ќе ве изненади со своето појавување тогаш кога не очекувате.
Но,не сте криви вие што така размислувате,така сте затекнале во опшеството и семејството.
Ќе дадам пример.
Да го затекнавете во општеството следново.
Никој да нема секс со својата љубена додека смртта не земе еден од семејството.
Па замисли ситуација,да донесеш дома жена,која за домашните е кокиче да смртта и да чекаш додека смртта да дојде по еден за да имаш секс со љубената.
Какви само иплетени емоции,љубовта расте со копнежот и тагата расте за губитокот кој треба да се случи,што ќе преовлада,можеш ли да избалансираш,да се воздржиш од секс и да се воздржиш да не заплачеш.Што откако дојде смртта,дали да се радуваш или тагуваш?
Во самиот секс смртта и раѓањето се едно,со неа ја создаваш и својата смрта која ќе произлезе од тебе бидејќи еден ден и тој со својата љубов ќе ја повика твојата смрт.
И самиот бог кога го создавал светот на средина од рајската градина постави дрво на доброто и лошото кое раѓа еден плод,убав за гледањеи вкусен за јадење.
Секој што ќе вкуси од него ќе умре,арно ама и ќе разликува што е добро и што лошо,токлу далеку едно од друго што само со второ вкусување на плодот може да се соединат,но за второ вкусување ќе треба преку огин да поминеш.
Постојат и такви кој ја величаат спротивноста заборавена во некои тајни друштва кој практивуваат секс на гробишта симулирајќи го тоа,но на тие им недостасува љубов,како што на вас кој сте побројни ви недостасува губиток-тагата при сексот.:(
Ако не може да поднесете губиток,немој да имате секс само од љубов...тоа значи дека не сте уште спремни!;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
alf цитирам
"Никој да нема секс со својата љубена додека смртта не земе еден од семејството.
Па замисли ситуација,да донесеш дома жена,која за домашните е кокиче да смртта и да чекаш додека смртта да дојде по еден за да имаш секс со љубената."

Зошто би било така?
Тоа е мачење.Во ваков случај подобро би било воопшто да не се носи жена во фамилијата,да и да се биде калуѓер.
Што ќе му е на некого убава жена покрај него,ако не смм да и се доближи?
Да го служи?
Да го доведува до искушение,при секоја средба?
И што би било со размножувањето?Замисли да не умре некој,никогаш фамилијата не би имала потомок.
Освен тоа никогаш не би дозволила некој да ми наложи такво нешто,па макар и ја изгубила фамилијата заради мојата непослушност.
Примерот го сфатив буквално не метафорично.
Второ.Сексот/водењето љубов е крунисување на љубовта.
Свет чин,кој би било жалосно да не е искусен од двајца кои вистински се сакаат.
цитирам:

"Ако не може да поднесете губиток,немој да имате секс само од љубов...тоа значи дека не сте уште спремни!"

Како ќе знаеме дали сме спремни да изгубиме нешто,ако не го искусиме губитокот?
 
Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Мислам дека сепак зависи од индивидуата. Јас сметам дека е потребна некаква привлечност и страст за секс, а љубов и не мора да има, но да има некаква емоција , сепак сме ние луѓето емотивни, визуелни суштества и од таму тргаме, кога ни се допаѓа некој зениците ни се шират ,се исполнува телото со некаква топлина , што значи дека чувствуваме нешто ,така што емоција да , а љубов и не баш, секако би било најубаво веројатно тие две заедно да си одат , ама не секогаш е така.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Lena,
Дадов пример со огромни спротивности каде луѓето се тие кој стојат помеѓу нив,сосема природно е човек да има секс создавајќи нов живот ,но исто толку природно е човек да умре и замине од овој свет. Акцентот го ставив на тоа дали само со чуствување љубов е доволно да се има секс,дали сме доволно зрели и спреми да отпочнеме нов живот.Ти се изјасни дека без љубов сексот е промашен,на тоа јас се согласив половично,додавајќи ја другата половина за да биде комлет одговорот кога е човек спремен.
Само со љубов и млади тинејџери се впуштаат во сексот,но тоа не е шеќерно бонбонче кое треба само да се проголта и спредбено да се каже дека тоа е само уживање,сексот со себе носи и одговорност,можеби во почетокот не,но после девет месеци,да.
Светот со сета сила настојува да го прикаже сексот како чисто задоволство,уживање,цреша на шлагот наречена љубов,не е така тој е многу повеќе од тоа.
Не може едната страна од емотивниот свет на човекот да го подигнеме толку високо крунисувајќи ја љубовта со сексот,додека на другата спротивност како што е тагата да ја пикнеме под чергиче, затварајќи ги очите и бегајќи од неа како од чума.Сами си го прават луѓето тоа со издигање на едната страна,па кога ќе ги погоди спротивното се распаѓа семејството,деца доживуваат трауми, и ред други слабости кој човек ќе ги покаже токму поради тој дебаланс.
Со еден збор не биле спремни,но љубовта била толку силна што им ставила перде пред очи.

Како си спремен?
Ако првин ги победиш сопствените стравови,ослободувајќи го багажот од своите тежини,разврзувај ќи ја силната врска помеѓу мајка и син,ќерка и татко.
Тогаш сте премни да се врзете до оној кој го сакате.
Љубовта исото како и смртта има повеќе делови,не мора некој телесно да умре за да го изгубите,некој работи се случуваат и внатре,доволно е да се набљудувате самите себе и да препознавате од каде треба да се одврзете и каде на друго место да се врзете,препознавајте што умира и што се раѓа.
 
Потполно си во право.
Се согласувам 100% :)
Пс.Многу убаво напишано,може да се префрли во форумски цитати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica and Prashina

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Каков секс е тој секс без емоции?
Некако не можам да замислам ништо позади секс без емоции.
Пардон,можам.
Машински секс и платен секс.
Секс без љубов би било само празнење,нешто како извршување на физиолошка потреба.
Љубов без секс?
Можно е.

Не мора да значи.
Имаш дечко/девојка кој/а ти се допаѓа. Одиш на дејт, па потоа на уште еден и уште еден... Се дури не почувствуваш потреба за нештото. Тоа не е љубов, тоа е некоја хемија, некоја привлечност која ја имаш на почетокот од врската еве да речеме.
Љубовта (барем кај мене) дојде мноооогу подоцна. Ама кога ќе дојде, тогаш сексот/водењето љубов е најубав. Не мора да значи дека мора да си заљубен во некој за да имаш односи. Баш напротив, кај мене, љубовта си дојде затоа што таму сум најкомпатибилна:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Countess

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Јас па неможам да имам така .. размислувајќи дека утре би можеле да бидеме како странци.
Се додека не чувствувам нешто за неа, па и таа за мене .. it won't happen.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina