Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Медијатека
Филм
Последен гледан филм со рецензија
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

^ Whiplash и се согласувам со секој збор.

Birdman

[ATTACH]22809[/ATTACH]

Мајкл Китон добива оскар. Станува збор за актер на кого му поминале неговите 5 минути на слава и иако бил популарен во минатото со својата легендарна улога на суперхеројот Birdman, тој сега се бори секојдневно да си врати кариерата на истото ниво. Тој адаптира, режисира и игра во Бродвеј претстава која треба повторно да го сврти светлото кон него. Во оваа претстава, Риган (Брдмен) го вклучува и арогантниот актер Мајк (Едвард Нортон, не би ме зачудило и тој да добие оскар, за машка споредна улога) кој постојано му создава проблеми и конфликти поврзани со претставата. Во меѓувреме, Риган се труди да го подобри односот со својата ќерка/асистентка (Ема Стоун) која тукушто излегла од рехабилитација и која што на некој начин го презира бидејќи тој не бил секогаш до неа за време на нејзиното детство, односно во оној период кога бил најпопуларен актер. Лесли (Наоми Ватс) е неговата колешка актерка (и девојка на Мајк?), а Силвиа е неговата бивша жена со која постојано се подржуваат и си разменуваат совети и убави зборови токму тогаш кога најмногу им се потребни. Џејк (Зек Галифианакис, ваљда добро го напишав) е неговиот продуцент (менаџер?) кој би сторил се за да ја направи оваа претстава успешна и популарна.

Со овој филм, можеме да видиме како финкционира еден театар и екипата која работи на една претстава. Одлично е претставена борбата на разумот и егото на еден човек, на еден актер кој некогаш бил познат и сакан. Сите имаме некаков сон кој сакаме да го реализираме за задоволување на сопственото его и пасија, но и за да оставиме некаква трага зад себе, нешто со што ќе докажеме дека "сме биле тука". Најважно од се, сите сме чувствувале потреба во одреден момент да бидеме сакани и прифатени, па дури и возвишени за она што сме го сториле и сме дале се од себе за да биде перфектно. Во Бирдмен е прикажана истрајност и тешкиот пат кон успехот.

Прво и основно, многу ми се допадна глумата на Мајкл Китон. Едноставно толку е вдабочен во оваа улога, дури постојано си мислев дека можеби се препознава себе си во Риган. Без разлика на неговата професија, се чувствува неговата мака во животот и желбата да се биде некој и нешто и мислам дека секој може да се поврзе со основната приказна и поента на филмот. Исто така, режијата е ОДЛИЧНА, немам зборови доволно добри за да опишам колку добро е изрежиран филмов! Како се вклопени сцените, како се прелеваат една во друга, како се пренесени различните перпективи од различните ликови, синематографијата, музиката (со џез бубњевите)... УМЕТНОСТ! Филмов кога го гледав се осеќав како да сум влезена во нечија глава и пратам како постепено се развива една приказна, дел по дел.

Сеуште ги немам изгледано сите филмови кои се номинирани за Оскари годинава, но убедена сум дека Birdman ќе направи партали.

Трејлер.

[QUOTE="MissChievous, post: 312306, member: 266"] ^ Whiplash и се согласувам со секој збор. [B]Birdman[/B] [ATTACH]22809[/ATTACH] Мајкл Китон добива оскар. Станува збор за актер на кого му поминале неговите 5 минути на слава и иако бил популарен во минатото со својата легендарна улога на суперхеројот Birdman, тој сега се бори секојдневно да си врати кариерата на истото ниво. Тој адаптира, режисира и игра во Бродвеј претстава која треба повторно да го сврти светлото кон него. Во оваа претстава, Риган (Брдмен) го вклучува и арогантниот актер Мајк (Едвард Нортон, не би ме зачудило и тој да добие оскар, за машка споредна улога) кој постојано му создава проблеми и конфликти поврзани со претставата. Во меѓувреме, Риган се труди да го подобри односот со својата ќерка/асистентка (Ема Стоун) која тукушто излегла од рехабилитација и која што на некој начин го презира бидејќи тој не бил секогаш до неа за време на нејзиното детство, односно во оној период кога бил најпопуларен актер. Лесли (Наоми Ватс) е неговата колешка актерка (и девојка на Мајк?), а Силвиа е неговата бивша жена со која постојано се подржуваат и си разменуваат совети и убави зборови токму тогаш кога најмногу им се потребни. Џејк (Зек Галифианакис, ваљда добро го напишав) е неговиот продуцент (менаџер?) кој би сторил се за да ја направи оваа претстава успешна и популарна. Со овој филм, можеме да видиме како финкционира еден театар и екипата која работи на една претстава. Одлично е претставена борбата на разумот и егото на еден човек, на еден актер кој некогаш бил познат и сакан. Сите имаме некаков сон кој сакаме да го реализираме за задоволување на сопственото его и пасија, но и за да оставиме некаква трага зад себе, нешто со што ќе докажеме дека "сме биле тука". Најважно од се, сите сме чувствувале потреба во одреден момент да бидеме сакани и прифатени, па дури и возвишени за она што сме го сториле и сме дале се од себе за да биде перфектно. Во Бирдмен е прикажана истрајност и тешкиот пат кон успехот. Прво и основно, многу ми се допадна глумата на Мајкл Китон. Едноставно толку е вдабочен во оваа улога, дури постојано си мислев дека можеби се препознава себе си во Риган. Без разлика на неговата професија, се чувствува неговата мака во животот и желбата да се биде некој и нешто и мислам дека секој може да се поврзе со основната приказна и поента на филмот. Исто така, режијата е ОДЛИЧНА, немам зборови доволно добри за да опишам колку добро е изрежиран филмов! Како се вклопени сцените, како се прелеваат една во друга, како се пренесени различните перпективи од различните ликови, синематографијата, музиката (со џез бубњевите)... УМЕТНОСТ! Филмов кога го гледав се осеќав како да сум влезена во нечија глава и пратам како постепено се развива една приказна, дел по дел. Сеуште ги немам изгледано сите филмови кои се номинирани за Оскари годинава, но убедена сум дека Birdman ќе направи партали. [URL='https://www.youtube.com/watch?v=uJfLoE6hanc']Трејлер[/URL]. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Медијатека
Филм
Последен гледан филм со рецензија
На врв
Bottom