Покажете ја вашата хуманост: Да му помогнеме на Кристијан Неделковски!
Срцето на младиот Кристијан Неделковски сè повеќе слабее. 23-годишното момче боледува од дилатативна кардиомиопатија и ИТНО му е потребна трансплантација на срце.Поради влошувањето на здравствената состојба, Кристијан мора колку што е можно побрзо да биде префрлен во кардиохируршки центар во Берлин. Но, за да се изврши комплицираната операција неопходни се 330.000 евра, сума на пари којашто е голем товар за неговото семејство.

Покажете ја вашата хуманост за да му помогнеме на семејството Неделковски да ги собере потребните парични средства. Помогнете за спасување на еден млад живот!
Т-Mobile: 070 143 122 (100 денари + ДДВ)
VIP: 077 143 193
ONE: 075 143 450
Број на жиро сметка: 200002378293134 (Стопанска Банка)
Кристијан Неделковски