Бидејќи во една фирма сме сите најдобри другари како основачи и вработени, меѓу себе си позајмуваме пари.Дали на некој му требало 200 еу за нешто, или за било што јас давам исто како и сите меѓу себе.
Арно ама, лошата страна кај мене е што давам и на не толку познати луѓе пари.Мислам, познати се ама ми се прават другари.
Еднаш ме натераа другариве да направам пресметка колку пари сум позајмувал на луѓе.Испадна дека со тие пари ќе купев, хм ново количе до кај 10.000 еу.
Само виша сила треба некој ден да ме натера да почнам да си ги барам парите или додека не дојдам до просјачки стап.