Поговорки за историјата како предмет?!
Нема потреба од автор?!
Просто е незамисливо поговорката да има автор, единствено што може е да ти се каже името на запишувачот на зборник каде што се наоѓа истакнатата поговорка. Пример: „
Кој за ум, кој за св. Наум“ - поговорка која потекнува од охридскиот крај, запишана во „Зборник на б‘лгарски народни песни“ од Константин и Димитар Миладиновци. Толку!
Е сега бидејќи не знам дали ти требаат цитати, афоризми или навистина народни поговорки, ќе ти наведам од сѐ по нешто.
Знам виц еден

1.
Историјата е наука за мртвите, што ги измачува живите. - ама не е точно ова како констатација! Ова само во Македонија може да се каже...
Друго...
Џорџ Орвел го има кажано она што ни го прават на нас како нација веќе со векови: „
Најефективниот начин за уништување на луѓето е да се негира и уништи нивното сопствено поимање за својата историја. “
Тука ти е исто и Наполеон, што вели „
Историјата ја пишуваат победниците“... најдобар доказ кои лузери сме ние како нација

(не за џабе го избрав Зборникот на Миладиновци)
Имаше уште една, ама не ми текнува од кого е... „
Ние не создаваме историја, историјата нѐ креира нас“ - или е Мартин Лутер Кинг, или е Ганди, ама не ме држи за збор.
И за крај, пак виц, оти навистина не ми текнуваат народни поговорки за историјава... сѐ некои цитати...
Кратка хорор приказна според вистински настан: Понеделник.