Пишуваме на тема: Твојот ирис на моите очи

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти си последна ѕуница во ноќта,
и зеница на моите сништа,
мој неискажан сјај,
кој го украдов од ирисот на твоите очи,
изрежан во саркофагот на зимата,
да ги оживеам моите,
со последниот здив на љубовта,
кој ја избриша сета темнина,
сето старо и труло во стеблото на моето постоење,
ти си земја и вода,
сонце и цела вселена,
од кои не можам да се откажам,
сега и засекогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Живее ветрот врз рацете твои,
закотвен за прстите, виори,измамува трепет,
можам да ги почувствувам твоите дланки на моето лице,
што не скржави со топлина за тебе.
Живее светлината на бурата врз лицето твое,
корали од оган,
блескаат, па секнуваат,
рефлексија на радост,
наспроти ноќта темна.
Пловам во зеленило од аквамарини
кои ја заробиле сета убавина на морските длабочини,
отсликувајќи во ирисот на твоите очи
една слатка несоница
и душа насмеана,
од која се раѓаат мисли несврзани
за да ја продолжат својата игра на зборови
помеѓу два дрвореди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina