Пишуваме на зададена тема: „За почетоците“

Статус
Затворена за нови мислења.

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Би пишувала за почетоците на нашиот крај, но неиздржливо тажна би била приказната ако почнам од крајот. Затоа би одела од почеток. Од твојата насмевка која се слеваше со брановите во морето. Би почнала од насмевката токму поради која се започна. Се сеќавам како те гледав додека се насмевнуваш и иста таква насмевка изнудуваш од мене. Како одраз во огледало се смеев кога се смееше и плачев кога тебе солзи ти се слеваа по образите. Ох да, почетоците во кои пламенот во срцето ми разгоруваше како секој пламен во допир со кислород. И што повеќе мислев дека те имам толку повеќе горев. А не знаев дека таков пламен никогаш не почна да гори во твоето срце. Не знаев дека мојот почеток не одеше фатен за рака со твојот. Твоето срце остана на старт линијата, а јас наивна со силен жар истрчав еден тажен круг сама. И тажно завршив. Пак сама. Никогаш не тргна со мене. Од самиот почеток несвесно љубев сама. Откога ме стигна и прегази крајот, отпивам по некоја голтка темно вино за да ја избришам таа твоја насмевка од главата, и не се каам што сепак не успевам да ја снема. Истата таа насмевка и сега изнудува по некоја на моето лице. Тажна е, ама сепак ја има. На некои почетоци не им е судено среќно да траат. Ти не си обичен човек, но мислеше дека јас сум обична девојка. И не ти судам за тоа. Секој го избира својот почеток онаму каде срцето му наложува така.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Правилата се следни:
Две недели за пријавување свој текст на дадената тема
Три дена за гласање со анкета
Победникот избира наслов и отвора нова тема

Повелете.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
За почетоците....
Кога малата соба ни беше замок
евтиното вино тајна напивка
со кое срамот и несигурноста
добиваа крила,а образите селско руменило.

За почетоците
кои беа несигурни но искрени
и се живееше ден за ден
без големи планови
кои носат големи очекувања
и yште поголеми разочарувања.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Се сеќавам на почетокот,
на таа прва ноќ мартовска,
зацутена со здивот на пролетта,
во која те пуштив да зачекориш
во мојот свет на самотник,
неочекувајќи те, спонтано,
те дочекав со насмевка нежна,
сета растреперена од зборовите на еден странец,
кои опиваа повеќе и од виното,
кое неуморно риеше низ телото,
испивајќи ми ја младоста секоја вечер.
Ти беше песна
која за миг се разлеа
во стихови низ мене,
и ме однесе на места
на кои никогаш не отидов,
слушнав сонати и поеми,
никогаш испеани,
никогаш испишани,
кога темнеев,
беше моја бела светулка
во росата на лицето прерано овенато,
и само ти го виде такво.
Се сеќавам знаеш ли,
на се се сеќавам,
и на тој прв допир,
вонземски и божествен,
на крваво зајдисонце роден,
закитен со шепотот на твојата насмевка,
во која заспивав секоја наредна ноќ,
и се будев во зорите во твоите зелени очи,
со нив го гледав светот,
тој што заедно го градевме ден за ден,
а пак успеваше да се сруши,
под стреата на болката,
љубов создававме,
со грешни усни љубов проповедавме,
слепо верувајќи дека сме допрени од боговите,
а ние само опиени од нивиот нектар преполн страсти,
кои непрекинато ги посипуваа како молњи,
и во кандило пламен запалија,
и камбани во тишината одекнаа,
во ритамот на нашите срца зачукаа.
Се сеќавам и на тоа што
сакам да го заборавам,
се сеќавам колку пати душава со крв ја натопи,
и колку дождови врз неа излеа не ја изми,
од неа само сенка направи,
што секоја ноќ тивко се прикрадува до твојата перница,
да ги слушне твоите соништа,
да не пронајде таму каде времето
не заборави,
во сказалките на полноќта засекогаш заспиени.
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Натпреварот е продолжен до овој петок, гласањето е за викенд. Ако имате уште некој предлог слободно пишете во темата за предлози.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
На почетокот беше Зборот. Барем така пишуваше во книгата која Димитрија ја читаше веќе десетина години, секогаш откажувајќи се некаде помеѓу дванаесетта и петнаесеттата страна.

Димитрија одамна очекуваше телефонски повик, долго време чекаше ѕвончето на вратата да заѕвони. Дури и кога отвораше електронска пошта - беше сиот во исчекување. Така еден ден слушајќи ја Everyday од Бади Холи се присети што тоа исчекувал толку време...
Димитрија го очекуваше комбето, она за кое раја тврди дека било жолто, да дојде и конечно да го однесе во институцијата од која што избега во времето кога Грчка стана европски првак во фудбал.
Но комбето никако не доаѓаше, умот на Димитрија грчевито се обидуваше да сфати како тоа никој да не примети дека е отсутен од заводот за ментално здравје `Скопје` во село Бардовци. Што, зарем работата е до таму стигната да не се евидентираат лудаците по лудници?
Живеејќи постојано во исчекување, Димитрија насекаде гледаше потенцијални работници на заводот како го бараат. Секој цајкан, секој чувар, лекар или војник па дури и секој уличен чистач со флуоресцентен елек - му предизвикуваа нелагодност, паничен страв дека конечно дошол и тој ден, да биде фатен како ретка пеперутка и вратен меѓу меките ѕидови на лудницата.

Животот на Димитрија не беше воопшто гламурозен. Дури и по локални балкански стандарди живееше повеќе од скромно. Монотонијата беше нарушена единствено од неговите лабилни нерви и тиковите кои му играа по фацата. Несериозно беше да очекува богат социјален живот но Димитрија никако не се откажуваше од барањето на среќата. А таа, според него - се криеше во наоѓање соодветна жена која ќе го усреќи, ќе му роди неколку деца и ќе го обожава како да е комунистички диктатор. Таа жена постоеше и Диме беше одамна смртно сериозно вљубен во неа. Нејзиното име беше необично за овие простори, Џесика, а нејзиното презиме всади сомнеж кај Димета дека се работи за албанка, бидејќи жената на неговиот живот се презиваше Алба.

На почеткото беше Зборот. А тој збор дојде од телевизијата. Таму, сосема ненадејно - Диме слушна дека Џесика стапила во брак.
Неговите нерви не можеа да го издржат тој шок, Диме се претвори во ѕвер, истрча во подрумот и ја зеде пушката.
Дојде времето за пресметка со суровиот свет!
Качувајќи се на покривот, Диме внимателно бараше цел по која ќе стрела.
Неколку минути подоцна падна и првата жртва.
Прокнижан од дијаболата на димевата воздушна пушка, првиот гулаб падна на главата на случаен минувач, пензионер. Кој пак веднаш го скри гулабот во ќесето во кое влечкаше леб и конзерва со сардини - бидејќи не очекуваше ваков небесен поклон. Неделниот ручек ќе биде збогатен со супа од гулаб.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
За почетоците...
Таа беше осамена и тажна вечерта, и не само таа вечер , туку секоја вечер. Со пуштање на темнината се спушташе и тагата во неа. Го листаше стариот весник , незнаејќи го ни датумот , но важно годината беше тековна. Бараше нешто по огласите, час стар шпорет , час фрижидер или комода. не дека и требаше , тку да си најде занимација. Потоа сврти кон огласите за контакт, повеќе мажи бараа мажи одколку жени... Светот отишол безтрага си помисли. Но очите се залепија на еден оглас. Гласеше -Барам девојка за интимни средби, надоместок 1000 евра.месечно.....Таа се изнасмеа на тој кој дава толку пари за жена , кога жени има еден куп исто колку и оние обратните мажи. Го сврте телефонот , но прво си го затскри бројот. И после добро вецер, отворено праша -Добро бе човеку каква девојка бараш ти и што очекуваш за толку пари? Ја давиш кога имаш секс или уринираш по неа или ...Патем речено ја не сум девојка , но заработувам на некој начин..И таа се изнасмеа во слушалката од срце...И како изгледаш го праша, имаш рогови?
Тој ја ислуша и и рече: Ај не зезај , спремај се на кафе те носам и кажи колку земаш за кафе пиење...
Цената е 300 евра без додатни услуги...
Жената се облече во тренерки, стави најцрвен кармин за да личи малку припросто, се нашминка нападно и ја раскопча кошулата, се качи на автобус. Колку време се немаше качено на автобус, имаше заборавено.... Никој не ја препозна , ниту комшиите.
Оддалеку го препозна....ретко има мерцедеси кои чекаат на автобуска..И се зачуди ништо не му фалеше на човекот , немаше рогови, обичен млад човек на 40 години... Отидоа на кафе ...нејзината ефтина облека не одговараше на ништо во нејзината близина. Тој се насмеа и и ја кажа целата животна приказна, толку тажна..таа се расплака...Но и нејзината не беше повесела , не знаеш која од која потажна. Го сркнаа кафето, кажаа се и молчеа... Ги извади парите , го плати кафето, ја плати неа...И замина...Таа не го ни викна , тој не се ни заврте...беше научен да плаќа се ...а таа беше научена да дава без пари...да дава се , а најмногу да дава од срцето...
Жената остана да седи сама на масата загледана во темнината преку прозорецот и замислена со илјада прашања во главата. Кој беше човеков, колку беше тивок и искрен, како нејзината животна приказна како да беше пресликана со индиго во машка варијанта на живот. Така седеше непомично долго време. Келнерот неколку пати ја понуди со пијачка од куќата, па пијачка од газдата , па пијачка од него , но не и беше до пиење. Таа собра сила и стана, го избриша карминот, ја закопча блузата , повика такси. Само што го пречекори прагот и потрча кон таксито, некој ја грабна силно и довикна- Те сакам тебе, те сакам таква која сакаш да лажеш а лажеш ефтино, таква која е изгубена во ноќва , ничија, која глуми лудило . Која си? Не исчезнувај, ќе ти го направам животот спокоен и убав, и не барам да ме сакаш, не барам ни да ме допреш, само не бегај остани во ноќва и молчи, молчи веќе еднаш...
На таксито му плати и го испрати...Ситен, летен дожд почна да врне, а таа се давеше од сопствената плунка и молчеше...Сакаше да се сети кога последен пат некој и кажал дека ја сака...не се сеќаваше, на ништо не се сеќаваше.

Таа ги памети само почетоците ....и парите кои ги подари на сирачињата. Никогаш немаше толку пари да подари некому, но ете вечерва тие дојдоа за нив, нејзе не и требаа, најмалку од се и требаа пари...
 
Последна промена:
Статус
Затворена за нови мислења.