Патување според вашиот карактер

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Според зборовите на Артур Хофман, еден од водечките луѓе на интернет порталот за патувања Expedia, изборот на одморот, било да се работи за летување или зимување, не се сведува само на тоа понудата да звучи интересно. Потребно е да се земе во предвид дали барате одмор или забава, место каде на кратко ќе се одморите од се или комплетно спокојство. Потоа, дали одите сами или со партнерот. Или со пријателите. Размислете за тоа дали сакате шопинг, посетување знаменитости, барате авантура или сакате да пробате некој екстремен спорт. И не заборавајте на вашиот карактер. Можеби оваа поделба на типови ќе ви помогне во изборот на вашата следна дестинација за одмор.

Тивок типОбично сте резервирани, преферирате да одите на одмор со помала група луѓе - можеби само со вашите најдобри пријатели, или партнерот. Не ви е проблем сами да отидете во музеј, времето да го поминете читајќи книга на осамена плажа. Во суштина, сакате активности кои го стимулираат вашиот интелект и ви помагаат да ви се наполнат батериите. Места за вас се: Фиренца, Малдиви, Керала (Индија).

Отворен типПријателски сте настроени, сакате излегувања навечер и дестинации каде врие со живот. Друштвени сте и лесно склопувате нови пријателства. Сакате акција и авантура, интересни и необични ресторани, клупска сцена. Во основа, ви одговараат сите активности кои ги стимулираат сетилата. Места за вас се: Дубаи, Тајланд, Хаваи, Гоа, Белград, грчкиот остров Закинтос.

Експериментален типИмате бујна фантазија, интелектуално сте љубопитни, отворени кон нови и различни искуства. Вашиот идеален одмор е во метропола која ви допушта да се изгубите, да посетите авангардни изложби, или пак да одите на искачување по карпи во истиот аранжман. Сакате да пробате нови јадења и да откривате нови култури. Места за вас: Шпанија, Италија, САД, Лондон, Индија.

Конзервативен типЉубител сте на традиционалното. Новото не ве интересира. Сакате да посетувате места и да правите нешта кои се општествено прифатливи и одобрени од страна на семејството и блиските пријатели - посета на Париз заради Ајфеловата кула, на пример. Места за вас се: Англија, Блискиот Исток, Египет, Грција.


Каков тип сте вие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Конзервативен тип.. :D Заради тоа што сакам старио бјекти да гледам! :)
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Отворен типПријателски сте настроени, сакате излегувања навечер и дестинации каде врие со живот. Друштвени сте и лесно склопувате нови пријателства. Сакате акција и авантура, интересни и необични ресторани, клупска сцена. Во основа, ви одговараат сите активности кои ги стимулираат сетилата. Места за вас се: Дубаи, Тајланд, Хаваи, Гоа, Белград, грчкиот остров Закинтос.
this is me :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Експериментален типИмате бујна фантазија, интелектуално сте љубопитни, отворени кон нови и различни искуства. Вашиот идеален одмор е во метропола која ви допушта да се изгубите, да посетите авангардни изложби, или пак да одите на искачување по карпи во истиот аранжман. Сакате да пробате нови јадења и да откривате нови култури. Места за вас: Шпанија, Италија, САД, Лондон, Индија. (happy)
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Отворен типПријателски сте настроени, сакате излегувања навечер и дестинации каде врие со живот. Друштвени сте и лесно склопувате нови пријателства. Сакате акција и авантура, интересни и необични ресторани, клупска сцена. Во основа, ви одговараат сите активности кои ги стимулираат сетилата. Места за вас се: Дубаи, Тајланд, Хаваи, Гоа, Белград, грчкиот остров Закинтос. :D