Патување со вашиот миленик

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ако сакате да отпатувате надвор од државата, а не сакате да се одвоите од вашиот миленик, тогаш подготовките мора да започнат неколку месеци пред патувањето.
Најпрво контактирајте го Министерството за здравство за да ги дознаете условите во земата во која сакате да патувате.
Кога ќе резервирате карта, нагласете дека ќе патувате со вашето куче или маче. Не е препорачливо да патувате со кученце помладо од 3 месеци, болно или кучка во гравидитет (бременост).
За време на транспортот миленикот треба да биде сместен во специјален транспортер соодветен на неговата висина и тежина, согласно прописите на превозникот. На транспортерот треба да има прицврстени садови за вода и храна од кои истата не може да се истури.
Во Македонија фирмата „ЛидиаВет“ е овластен увозник на транспортерите на италијанската компанија Ферпласт која произведува транспортери од сите големини и за сите видови на транспорт.
atlas%2040.jpg

Транспортер набавете неколку дена пред патувањето за да обезбедите доволно време вашиот миленик да се привикне на него. Дозволете му да влезе, примамете го со некои играчки, грицки или нему омилени слатки.
Двапати проверете ги сите потребни документи за пат, од билетите, па се до ветеринарните контроли и потврди за примени вакцини.
Препорачливо е 2-4 часа пред патувањето миленичето да не јаде ништо, за да се избегне мачнината при патувањето.
pets-in-flight.jpg

Ако имате повеќе кучиња потребно е секое да патува во свој транспортер.
Ако мислите дека патувањето ќе биде мачно за животното побарајте помош од вашиот ветеринар, но никогаш на своја рака не му давајте средства за смирување кои се наменети за луѓето.

Дали вие сте патувале со вашиот миленик во странство или на одмор?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and TheKitten

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
јас лично со мојот миленик немам патувано...знаејќи колку мрцварења треба да поминам ради него од вадење пасоши па вакви документи онакви...затоа најчесто го оставам кај баба ми и она се грижи за него додека мене ме нема...
иначе имам видено како патуваат миленици....патував од Црна Гора за Македонија и имаше една типка незнам од каде спикаше инглиш...и само го подаде кафезот со мачето и го ставија до моето седиште :) и секако за него си платија карта и пасошот му го дадоа на возачот и сите среќни и весели стигнавме у мкд и дојде човек на автобуска си го пречека мачето :)