Патувај заедно

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid

„Патувај заедно“ е сајт што функционира така што им овозможува на заинтересираните патници и возачи да остварат меѓусебен контакт и да ги поделат трошоците за патување до саканата дестинација

odime-na-odmor-fico-nakrcan.jpg

transparent.gif

Најчесто патуваат низ Македонија и до поголемите градови на Балканот
СКОПЈЕ ПО ПРИМЕРОТ НА ЗАПАДНОЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ
„На 3 август рано наутро тргнувам за Германија, преку Суботица, Будимпешта, Виена, има место за уште еден патник. Цената зависи од крајната цел“. Вака се наоѓаат патниците што посетуваат иста дестинација. Оставаат контакт и потоа меѓусебно ќе се договорат. „Патувај заедно“ е сајт што функционира така што им овозможува на заинтересираните патници и возачи да остварат меѓусебен контакт за да ги поделат патните трошоци до саканата дестинација. Заинтересираните граѓани бесплатно се регистрираат на сајтот и потоа поставуваат оглас дека бараат или нудат превоз. Ги наведуваат потребните детали за патувањето и потоа се поврзуваат со други заинтересирани граѓани за да го реализираат. Најчесто патуваат низ Македонија и до поголемите градови на Балканот, како Солун, Софија, Тирана, Загреб, Сплит и Белград.

Повеќе се нуди превоз

- Ние само им овозможуваме поврзување на сите заинтересирани страни - патници и оние што нудат превоз. Местото на патување, трошоците и другите детали ги договараат самите возачи и патниците најчесто преку телефон, имејл и слично. „Патувај заедно“ нема никаков профит од патувањата.
Едноставно, само им помагаме на граѓаните, полесно и поевтино да патуваат до саканата дестинација - истакнува Костадин Стојаноски, кој е дел од „Патувај заедно“.

Од овој сајт имаат корист многу патници, така што секојдневно е посетуван од голем број заинтересирани граѓани што сакаат да најдат превоз.

- Бројот на организиран превоз секој ден, секоја недела е различен и зависи од самите патници/возачи. Има возачи што редовно патуваат до определена дестинација и ставаат оглас за редовен превоз. Исто така, има и голем број студенти што секојдневно патуваат и затоа ние им нудиме опција да внесат оглас за редовно патување - додава Стојаноски.

Посетителите на сајтот најчесто бараат превоз до Скопје, Велес, Прилеп, Охрид, но и до поголемите градови на Балканот, како Солун, Софија, Тирана, Загреб, Сплит и Белград.

- Повеќе се нуди превоз отколку што се бара, затоа што заинтересираните граѓани за превоз можат само да го посетат сајтот, да ги видат понудите и да контактираат со возачот, па да си го организираат патувањето. Доколку нема оглас за саканата дестинација, тогаш и тие ставаат оглас дека бараат превоз.
Секојдневно добиваме честитки од голем број граѓани што го искористиле тоа што го нуди „Патувај заедно“ како платформа - вели Стојаноски.

Патници тешко се наоѓаат

Сепак, патниците и возачите што досега го користеле овој сајт немаат многу позитивно искуство, затоа што, според нив, кај нас сѐ уште не е доволно разработен. Тие велат дека е потребна поголема реклама за да се привлече поголемо внимание во јавноста, а со тоа и повеќе посетители.

- Неколкупати го користам и многу тешко наоѓам патници. Неколкупати не ми се јави никој, а последен пат најдов еден патник. Кај нас сѐ уште не се користи многу овој сајт, инаку е одлична идеја, сите имаме корист од него, се надевам дека во иднина подобро ќе функционира - изјави Славко, кој неколкупати го користел сајтот.

И досегашното искуство на Ѕвонко покажало дека сајтот не е доволно разработен. Тој, исто така, вели дека овој сајт е од голема корист и за патниците и за оние што нудат превоз. Само е потребно пошироката јавност да се запознае со сајтот.

- Овој проект е мошне популарен во западноевропските земји, особено во Германија, каде што голем број луѓе се организираат на овој начин за да ги поделат трошоците, а со тоа дејствуваат и еколошки кон околината, бидејќи се емитува многу помалку количество јаглероден диоксид и се намалува сообраќајниот метеж. Овој проект се базира на успешно искуство на вакви сајтови во земји, како Германија, Австрија, Англија, Холандија итн. Така дојдовме на идејата да отвориме ваков сајт и кај нас - изјавија од „Патувај заедно“.

„Патувај заедно“ постои од 2009 година. Почна како независен проект на невладината организација „Европска алијанса на Република Македонија“.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71812950174&id=14&prilog=0&setIzdanie=22633
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_countess