Патот до слободата

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
А шо има врска постот на Лена со тврдењата дека смртта била пат кон слободата?
Каква слобода би имал леш во дрвен сандак со еден тон земја и мермерна плоча над него, ако нели смртта носи слобода!?
Да,во право си,се извинувам Вие и не познавате поинаква смрт од телесно умирање,предизвикана со две метри јаже или жилет.:eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Да,во право си,се извинувам Вие и не познавате поинаква смрт од телесно умирање,предизвикана со две метри јаже или жилет.:eek
Исусе, ти ли си? Пак ли воскресение?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
А која е разликата меѓу задоволство и среќа?

Поседување не спомнав, ниту сметам дека се поврзани едното со другото.

Човекот не е создаден да биде сам и изолиран. Една од основните и најобични и најнормални потреби на секој од нас е припаѓањето. Чувството дека припаѓаш некому или некаде ти дава сигурност, точно. Не сфаќам зошто го посочуваш и издвојуваш тоа, како да е нешто помало или помалку вредно.

Човек е слободен кога припаѓа некому зашто тогаш престанува да се гледа и чувствува себеси како изолирана единка која никаде не се вклопува и која би морала да следи некакви, од друг наметнати, правила и закони за да се вклопи. И тогаш може да ги отфрли сите маски и оклопи од себе и да биде она што е, зашто знае кое е неговото место под Сонцето и дека никој не можеда го истурка од таму.
Да бидеш слободен не значи да немаш одговорност, да не се соочуваш со проблеми, да не ти наметнуваат и да не наметнуваш услови. Просто значи да живееш во согласност со себе и сопствената личност и да не се плашиш да го покажеш своето обично лице. Не е секогаш финтата „ Тие ми се смееја дека сум различен, а јас им се смеев дека се сите исти.“ Понекогаш финтата е „ Тие ми се смееја, а јас го мразев тоа“ .
Слобода е да не се плашиш да си признаеш и себеси и пред сите дека „Црната овца е сепак само овца“.

Не си одговорен за постапките на другите, но си итекако одговорен за чувствата кои ги предизвикуваш кај другите, а тие чувства па предизвикуваат реакции и постапки, така што понекогаш доаѓаш во ситуација дека сепак СИ одговорен за нечии постапки. Не е баш така црно-бело и едноставно за да се оградиш од одговорност. Пример за постапките на твоите деца, зарем не си одговорна? Од тебе зависи како ќе го воспиташ и научиш, можеби не во целост, ама основата ти му ја поставуваш. Ако не е така, тогаш зошто бараш одговорност од родителот на детето шо се изживувало со мачето?

Безусловно човек само децата си ги сака, дека можеш да сакаш било кој друг безусловно тоа е само убава поетична реченица. Ќе го сакаш некого ако не те цени, не те почитува, те множи со нула? Може да е најдобра личност на свет, ама ете, тебе не те есапи. Ќе го сакаш ден, два, месец, година, пет... до кога? Безусловно?
Безусловно давање, истото од погоре.
Кому дозволуваш да те сака? Ако не чувствуваш ништо кон него, како ќе му дозволиш да те сака? Чии дарови прифаќаш?

Човек е човек, го има во безброј изданија, ама е сепак само човек. Без оглед каква е вистината и кој нѐ создал и како нѐ создал итн итн, без оглед дали сме живееле претходно и дали ќе се вратиме повторно, сега сме тука, тие кои што сме и такви какви сме. Без оглед како сме го добиле баш овој живот и овој лик и ова тело и оваа судбина вакви какви се, наше е да се соочиме со сѐ така како што е. Можеби не сме способни да ги решиме сите проблеми и да ги надминеме сите тешкотии, но не е тоа поентата. Не мора сите проблеми да се надминат, ниту мора да се најдат сите одговори. Битно е да не се бега од нив, дури и кога единственото што може човек да го направи е да признае дека не може. Нема некоја голема филозофија, ниту е некоја голема мудрост, ниту па е нешто комлицирано.

Знам, не знам, можам, не можам, не сум доволно храбра, се плашам, сакам, не сакам, грешам, се нервирам, се лутам, се смеам, плачам, пеам...... Патот до слободата.
Разликата помеѓу задоволствата и среќата е огромна. Затоволствата се телесни, кратко траат и најчесто носат негативни последици. Патот до среќата е потежок и додолг и бара постојано одржување, но може да трае вечно и никогаш не носи негативни последици, ниту на оној кој успеал да ја достигне ниту на оние околу него, па дури ни на неговите непријатели.
Припаѓањето некому не е поразлично од взаемното поседување, односно взаемната зависност. Зависноста никогаш не е позитивна.
Ти велиш ``Човек е слободен кога припаѓа некому зашто тогаш престанува да се гледа и чувствува себеси како изолирана единка која никаде не се вклопува и која би морала да следи некакви, од друг наметнати, правила и закони за да се вклопи. И тогаш може да ги отфрли сите маски и оклопи од себе и да биде она што е, зашто знае кое е неговото место под Сонцето и дека никој не можеда го истурка од таму.``
Но јас ке кажам дека тоа е само мал привид на слободата. Тоа што ти го опишуваш како слобода не е ништо помалку од садо-мазохистичка врска (зборам во емотивна смисла). Кога припаѓаш некому и си тоа што си покрај него, тоа значи дека кога би била без истата таа личност не би можела да бидеш она што си? Слободна ли си додека се плашиш од загубата на личноста која те прави да се чувствуваш слободно?
Вистинската слобода се чувствува секаде, а не само во некое скришно катче (своето место под сонцето). Вистинската слобода никој не може да ти ја земе, бидејки е внатре во тебе, дел е од тебе.
Велиш
``Да бидеш слободен не значи да немаш одговорност, да не се соочуваш со проблеми, да не ти наметнуваат и да не наметнуваш услови. Просто значи да живееш во согласност со себе и сопствената личност и да не се плашиш да го покажеш своето обично лице. Не е секогаш финтата „ Тие ми се смееја дека сум различен, а јас им се смеев дека се сите исти.“ Понекогаш финтата е „ Тие ми се смееја, а јас го мразев тоа“ .
Слобода е да не се плашиш да си признаеш и себеси и пред сите дека „Црната овца е сепак само овца“.``
Да, токму тоа, не треба да се плашиш да си го покажеш лицето. Незнам зошто го кажуваш ова, а малку погоре сама си противречиш кога кажуваш дека човек се чувствува слободен кога ке си го најде местото под сонцето припаѓајки некому. Човек си го наоѓа местото под сонцето кога ке разбере дека не може да му припаѓа никому.
Не реков дека за да бидеш слободен не треба да имаш одговорност итн. Туку реков дека за да бидеш слободен не треба да чувствуваш одговорност за туѓите постапки. За да ти биде појасно - човек треба да си ги извршува своите обврски,родителот има обврска да го воспита детето, но доколку и покрај тоа детето не се однесува според вредностите на кои родителот го учел, тогаш родителот не треба да чувствува одговорност.
Исто би било и ако земеме друг пример. Родителот е алкохоличар, коцкар, насилник... не го воспитува детето во позитивен правец... Но и покрај тоа детето се развива во позитивен правец... Родителот ли ке биде одговорен за напредокот на детето?

Секого можеш да сакаш безусловно. Ако сакаш некого безусловно тоа не значи дека треба се да му дадеш или да дозволиш се да ти земе. Кога некого сакаш безусловно тоа значи дека го почитуваш како живо суштество и на него гледаш како на рамен со тебе. Тоа можеш да го постигнеш единствено кога ке разбереш дека сите луѓе се на некој начин исти.
Ако некој те повредува, напушти го, но тоа не ти дава право и да му вратиш со иста мера. Во тој случај би биле исти. единствено што ке ве разликува е мотивот.
Ако некого сакаш безусловно, тогаш не е услов ни да бидеш покрај него...
А она за примањето... Ако е безусловно, тогаш нема да ти баараат возврат нели. Зошто тогаш го поставуваш прашањето -кому дозволуваш да те сака доколку ти не го сакаш?
На тоа прашање ке одговорам - секому. Нема да ти биде чудно кога ке можеш да направиш разлика од сакање и сакање. Безусловната љубов не е безусловна ако е телесна... објаснив погоре.
За она последното си во право. Одговорите не мора да бидат пронајдени, проблемите не мораат да бидат решени... човекот всушност најмногу им робува нив. Човекот е слободен кога ке го прифати светот каков што е и кога ке си го земе животот во свои раце. Кога ке се сака себеси, без разлика на тоа дали е црна овца или не...
Вечерва не сум во можност повеке да објаснувам, се надевам деновиве ке имам време да напишам повеќе на темава.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Мало,мало си сеуште,но ти се дивам на трпението за пишување реферати.Среќата и задоволството се два поими кои секогаш одат заедно,еден со друг,тие се антонимни,синонимични или просто кажано неделиви. Задоволство без физичко осознавање не постои а нема среќа без задоволство. Среќата е духовна состојба и секој различно ја доживува.таа е само став на фактичките случувања.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Мало,мало си сеуште,но ти се дивам на трпението за пишување реферати.Среќата и задоволството се два поими кои секогаш одат заедно,еден со друг,тие се антонимни,синонимични или просто кажано неделиви. Задоволство без физичко осознавање не постои а нема среќа без задоволство. Среќата е духовна состојба и секој различно ја доживува.таа е само став на фактичките случувања.
Не мора да значи. На пример... јадењето слатки ти причинува задоволсво. Тоа задоволство за момент те прелажува дека си среќна. Убавото чувство трае додека трае самиот чин на јадењето, не и понатаму. А последицата од тоа задоволство е зголемувањето на телесната тежина која воопшто не те прави среќна, туку напротив.
Патот до среќата не е секогаш убав и лесен. Еден од најголемите услови е да се избегнуваат задоволствата. Среќата бара постојано одржување, бара посветеност и труд. Низ целиот тој пат барајки ја сопствената среќа, се откажувате од многу нешта кои на нас луѓето ни се чинат убави затоа што се лесни, но затоа пак еден ден разбирате дека среќата не се достигнува, среката се живее. Незнам како да се изразам а да не ја промашам поентата.
Она што сакам да го кажам одприлика дека среќата не е само моментот кога ја достигнувате целта, туку целиот тој пат по кој сте оделе за да ја достигнете целта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не мора да значи. На пример... јадењето слатки ти причинува задоволсво. Тоа задоволство за момент те прелажува дека си среќна. Убавото чувство трае додека трае самиот чин на јадењето, не и понатаму. А последицата од тоа задоволство е зголемувањето на телесната тежина која воопшто не те прави среќна, туку напротив.
Патот до среќата не е секогаш убав и лесен. Еден од најголемите услови е да се избегнуваат задоволствата. Среќата бара постојано одржување, бараа посветеност и труд. Низ целиот тој пат барајки ја сопствената среќа, се откажувате од многу нешта кои на нас луѓето ни се чинат убави затоа што се лесни, но затоа пак еден ден разбирате дека среќата не се достигнува, среката се живее. Незнам како да се изразам а да не ја промашам поентата.
Она што сакам да го кажам одприлика дека среќата не е само моментот кога ја достигнувате целта, туку целиот тој пат по кој сте оделе за да ја достигнете целта.
Среќата е состојба на мозокот,на душата, и кога ќе ја доживееме брзо ни се "лизнува од раце" за да се вратиме во претходната состојба во која трагаме по неа.За мене тоа што претставува среќа може за некој да претставува банална работа или глупост,ако јас сум среќна што моето дете завршило средно училиште тоа за некој родител не е доволно за среќа,него упорно сака детето да му стане доктор на науки и неможе да се помири што детето несака повеќе да учи.....Ме мрзи да пишувам,но сакам да ти кажам дека среќата е различна кај секој човек исто како и задоволствата,некој ужива во сладолед,некој сака чоколадо,а има луѓе што несакаат ни едно ни друго....се задоволуваат со други работи.Потполно среќен човек не постои затоа што не може да се задоволат сите потреби за задоволство.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да би ја осетиле слободата,треба да ги најдеме тс препознаеме границите.
Да ги прифатиме такви какви се.
Како иначе би знаеле што е слобода?
Како би знаеле дека сме слободни ако не го осетиме кафезот(во било која смисла)во кој се наоѓаме?
Како би ја осетиле сопствената внатрешна слобода и мир ако не сме поминале низ пеколот?
Како можеме да ја осетиме топлината на срцето ако не сме го искусиле студенилото на затвореното срце?
Како ќе ја почуствуваме вистинската безусловна љубов,ако не сме ја искусиле зависта и чувството на поседување кон една личност?
Сето тоа е поврзано едно со друго и тој патот до слободата(личната слобода) е долг и мачен.
Среќата е варијабилна.
Кога би биле внатрешно слободни,
среќата ќе си дојде сама од себе.
Не онаа минлива среќа,
туку онаа константна која извира од внатрешноста,независно од место и време,онаа која ќе ни овозможи задоволство во секој поглед на животот,без да мораме да целиме кон нешто.
Нормално дека целите ефикасно влиајат кон сопствениот развиток на други полиња,но тоа е нешто сосем друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Слобода е да живееш како сакаш,каде сакаш,да нема препреки,закани,услови,правила,норми...и од сето ова произлегува дека немаме целосна слобода во некои работи,во некои движења,размислувања.....
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Слобода е да живееш како сакаш,каде сакаш,да нема препреки,закани,услови,правила,норми...и од сето ова произлегува дека немаме целосна слобода во некои работи,во некои движења,размислувања.....
Затоа што дозволуваме други да ни го планираат животот. Не е невозможно да се ослободиме. Во животот постојат избори. Не мора секогаш да го одбереш она што се смета за правилно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider