Една доста интересна и дискутабилна дисциплина.
Парапсихологијата се занимава со спроведување научни медоти за разоткривање и објаснување на појави и феномени кои се чинат необјасниви, или не се воочливи со петте сетила.
Оваа дисциплина е фокусирана на појави како:
● Телепатија - способност да се примаат и пренесуваат информации без употреба на некое од петте сетила
● Прогонство - средби со натприродни појави (духови, сеништа, итн.)
● Претчувства - предвидување настани кои сѐ уште не се случиле
● Психокинеза - способност да се управуваат предмети со моќта на мозокот (не како Иван исцелител)
● Реинкарнација - преродба на душата во друго тело после смртта на поединец; како и смртни искуства т.е. „враќање од мртвите“
● Јасновидност - појава која парадоксално е позната како „знаење за непознатото“, т.е. способност егзактно да се знае за одредени места, личности и/или ситуации од страна на личност која никогаш не ги видела истите
Еден од најпознатите тестови за телепатија е тестот со Зенерови карти, каде што личноста која навидум има телепатски способности, треба да погоди која карта од шпилот е извлечена или замислена.
Секако, како што оние кои се занимаваат со оваа дисциплина се скептици за паранормалното, постојат и оние кои се скептични кон парапсихологијата, и кои тврдат дека парапсихолозите само залудно се обидуваат да наметнат научно мислење за нештата во кои не сакаат да веруваат.
Сепак, останува мистеријата за релевантноста на оваа дисциплина, како и за постоењето на натприродни појави и феномени.
Според ваше мислење, дали сите натприродни појави може да се припишат на одредени закони на природата, или можеби навистина постојат феномени од непозната, необјаснива природа? Можеби пак сите тие привидувања се само манипулација на мозокот поради неспособноста да регистрира појави кои се надвор од неговата веќе изградена т.н. шема?
Ако имате искуства или познавања од оваа област, како и случки поврзани со неа, повелете.