Паразити кај домашните миленици

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Скоро повеќето животни особено месојадните кои се во дивина имаат или пренесуваат разни надворешни и внатрешни паразити.Во темава нема да отворам муабет за тоа кој-како-функционира туку накратко во врска за превенција и лечење на истото.
Домашните миленици мачки или кучиња често знаат да добијат одредени паразити доколку не се води правилна грижа.Оние мачки кои се чувани во домашни услови скоро да не заболуваат од паразити затоа што немаат контакт со други животни кои се носители на паразитите.Доколку животното има поголема слобода, мачката излегува надвор има контакт со други мачки,или кога го шетаме кучето или игра со други кучиња има шанса да закачи одреден паразит доколку е во контакт со животно заразено со него. Проблемот не се јавува само кај животното,туку и кај луѓето можат да паразитираат истите што и не е баш пријатна глетка и треба да се превземе итна превенција.

БОЛВИ
Ова е најчест проблем кај животните - болвите. Сите го знаеме ефектот, црвенило по кожата и непрекинато чешање.
Доколку миленикот закачил болви,тие ќе направат колонија низ крзното а притоа ќе исфрлат јајца насекаде низ крзното.При чешањето животното ги расфрла истите јајца низ домот кои ако се инкубираат повторно го продолжуваат животниот стадиум било кај животно било кај човек.Кај животните најчесто ги има затоа што крзното им е како заштита.Кај луѓето се кријат во облеката,и остранувањето се решава со перење на облеката во која се кријат.Најчесто не остануваат долг период кај човекот,туку само се “хранат“ од него додека кај животните буквално живеат во нивното крзно.
Заштита е веднаш штом ги приметите, да го искапите миленикот.Кога се во вода се неподвижни и не можат да бегаат и лесно се забележуваат освен ако животното има предолги влакна.Се капи со шампон против болви/крлежи зависи што закачило животното а после капење се расчешлува крзното и со пинцета се отстрануваат.Најдобро е да ги фрлате во вода со цел да немаат можност да избегаат.Постапката се повторува неколку пати.
Откако крзното на кучето е суво, се попрскува со прашак,кој досега ми има спасено милион ситуации NEO PITROID.Ги уништува буквално сите инсекти и е потполно безопасен за миленици луѓе и птици. Го користам долги години и покажал одлични резултати.По можност миленикот не се чува дома затоа што кога е напрскан со прашокот болвите бегаат од него заради превенција да не останат во вашиот стан чувајте го кучето во карантин или на посебно место. Со овој третман брзо може да се оттарасате од болвите.

Глисти

Втор проблем ако не и најголем кај милениците се внатрешните паразити,ги има разни видови и форми,али главно земено познато е наоколу како глисти.Внатрешен паразит,кој паразитира во цревата на животното и се храни нутритивните елементи кои стигнуваат во цревата.Можно е да помини без симптоми инфекцијата со овој паразит но сепак ќе се забележат одредени мали компликации - животното слабее или пак воопшто не напредува , и станува премногу лакомо за јадење и постојано бара храна иако е најадено. Најчесто се забележува преку изметот,каде може да има одредени милиметарски делчиња од паразитот како бели точки па се до цел паразит исфрлен надвор. Штом се забележи истото мора да се превземат мерки за заштита,затоа што циклусот може да продолжи кај животното а и човекот не е имун од истото и може да се зарази.
Најпрво животното се остава во карантин, и потребно е редовно да се чисти од изметот кој ќе го исфрла додека трае прочистувањето. Му се дава апче за прочистување од внатрешни паразити,ги има разни фирми но јас користам секогаш Biheldon. 24 часа после давањето на апчето почнува нагло исфрлање на измет можна е појава и на дијареа доколку сте претерале со дозата и би требало да ги исфрли паразитите. Проблемот настанува доколку паразитот има исфрлено јајца преку изметот, а животното (особено мачките) после нужда се чисти со уста повторно ги внесува јајцата и се инкубираат во стомакот и се создава нов циклус.Затоа е потребно да се остави во карантин или евентуално ако го чувате надвор, нека остани одреден период надвор.

Како се заразуваат?
Мачките најчесто се заразуваат преку контакт со други мачки кои се носители на паразитот.После вршење на нужда мачката се лижи а ако има паразитот исфрлено јајца во изметот мачката повторно со јазикот ги внесува јајцата и ги разнесува низ крзното.При контакт со други мачки а често пати се случува лижење или касање меѓу мачките се инфицира другата мачка.
Друг начин на пренесување е кога мачката лови и се храни со уловениот плен.Најчести преносители се ГЛУВЦИТЕ и дивите птици доколку ги фаќа, а тении пренесуваат инсектите доколку ги лови и јади (Пеперутки,бумбари муви скакулци и слично).
Ако на животното му се дава да јади живо месо. Многу често кучињата особено оние кои живеат по селата се изложени на овие паразити.Кога ќе се заколи некое животно обично го прегледуваат џигерот или одреден дел и доколку се забележи дека има паразит го исфрлаат,кучињата го јадат и паразитот повторно е внесен во друго животно. Доколку јадат жива храна,без разлика дали е месо или пак риба, големи се шансите да бидат заразени со истото.Јајцата на паразитот се разнесуваат и низ крвотокот (зависно кој паразит) и остануваат во мускулното ткиво на животното.Затоа голема грешка е да се дава живо месо на животното.
Кај човекот се пренесуваат доколку после контакт со животното не се мие раце и јаде, или пак животното се чува дома лежи на исто место каде што лежи човекот,можно е да биде изложен и инфициран човекот со овој паразит.Зарази заштита треба да се прочистуваат просек на 2-3 месеци животните и да се внимава каде движат и што јадат.Доколку немаме контрола над животното или го чуваме слободно тогаш пристапот кон домот треба да биде ограничен и контактот со животното.


Совет:
-Секогаш кога земате мачка/куче од улица најпрво чувајте го карантински еден период додека не биде подготвено за дома.Избегнувајте контакт и веднаш прочистете го.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Јас на моето маче забележав по некоја болва кога го земав пред една недела. Му ставив Неопетроид и го избањав со шампон против болви и сега гајле нема.
Чекам да порасне уште малку за да му ставам ампула. Еден месец ќе бидам раат ама сега малечко е уште за неа. Исто видов еден рецепт за заштита од болви, кој верувам воопшто не е штетен, и лесно се прави, па ако некој има проблем со нив можеби ќе му помогне.
Потребни состојки:
-Кора од лимон
-Рузмарин (може и сув и свежо гранче)
Ја ставате кората од лимон во тенџере со зовриена вода, и го додавате рузмаринот. Оставете го така цел ноќ а утредента исцадете ја течноста и сипете го во прскач за вода. Прскајте го миленикот со оваа течност два пати неделно. Крзното ќе му стане сјајно и исто така нема да има болви.

Инаку имам прашање.
Дали апчето за глисти има врска со тежината и возраста, како и ампулата, односно дали има одредено период кога точно може да се даде првото апче за заштита од глисти?
 
Последна промена:

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Инаку имам прашање.
Дали апчето за глисти има врска со тежината и возраста, како и ампулата, односно дали има одредено период кога точно може да се даде првото апче за заштита од глисти?

Апчето е ПРОТИВ глисти:) Дозата мора да ја пазиш према тежината на мачорот,доколку му дадеш поголема доза ќе фати дијареа а можи и да го поврати апчето.Во буквална смисла функционира како солна киселина истурена во лабаво. Ако е мало од 2 до 5 месеци ќе мораш четвртина.Искрено и оваа доза е јака,али ја поднесуваат посебно ако е ухрането и со подобар имунитет,можна е појава на дијареа али ќе пројде брзо.Откако му е дадено апче се внимава на фецесот и се проверува дали има бели точки или поголеми парчиња, доколку е чист нема ништо мачето било во ред,а доколку забележиш такви работи,по една недела можеш и втора четвртина да му дадеш од апчето да се доисчисти и потребно е да биди ставено во карантин (било посебна соба,чување надвор).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Јас на моето маче забележав по некоја болва кога го земав пред една недела. Му ставив Неопетроид и го избањав со шампон против болви и сега гајле нема.
Чекам да порасне уште малку за да му ставам ампула. Еден месец ќе бидам раат ама сега малечко е уште за неа. Исто видов еден рецепт за заштита од болви, кој верувам воопшто не е штетен, и лесно се прави, па ако некој има проблем со нив можеби ќе му помогне.
Потребни состојки:
-Кора од лимон
-Рузмарин (може и сув и свежо гранче)
Ја ставате кората од лимон во тенџере со зовриена вода, и го додавате рузмаринот. Оставете го така цел ноќ а утредента исцадете ја течноста и сипете го во прскач за вода. Прскајте го миленикот со оваа течност два пати неделно. Крзното ќе му стане сјајно и исто така нема да има болви.

Инаку имам прашање.
Дали апчето за глисти има врска со тежината и возраста, како и ампулата, односно дали има одредено период кога точно може да се даде првото апче за заштита од глисти?
Да, има врска. Зависи од кои апчиња даваш, колку што се сеќавам има и за 5 има и за 10кг, па ќе му распределиш према килажа. Првото апче е на некои 30тина дена. За ампулите кај мачки мислам дека нема тежина, но најубаво е да се консултираш со матичниот ветеринар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis