Јас можам да кажам за Институтот по Информатика..
Сега моментално е топ!
Кординаторот се бори за правата на студентите.. Ако имаме проблем можеме комотно да му се јавиме на човекот и во рок од 2-3 дена да ни го реши проблемот.
корупција нема.
Сите се однесуваат коректно, сите професори зад себе имаат голем број на изработени проект, што значи дека знаат што предаваат.. Не се излезени од факултет и турени одма да предаваат како некои професори што беа предходно кои отидоа на ФИНКИ да предаваат.
За било каков проблем можеш да им се обратиш и да ти помогнат да го решиш( дали приватен, дали во врска со факултетот) едноставно односот им е колега спрема колега а не ти си студент никој и ништо а он е професор.
доколку се покажеш како подобар, кординаторот може да те бутне да работиш на проекти со него за убава плата и слично.
За полагање на предметите треба само да бидеш присутен на часовите и тоа што се предава тоа и се бара на колоквиуми и испити ништо помалку ништо повеќе..
Едини проблем кој мене ми преставуваше беше големата редица на студентски, зашто е едно шалтерски систем, сите институти на еден шалтер...
ова го кажувам бидејќи ги имам фатено двата кадри ( професорите што отидоа на ФИНКИ и новите)
се е различно од порано.. Дури голем број што отидоа на ФИНКИ се враќаат назад на ПМФ и тоа највеќе како што ми кажувале првен ради професорите што барале некои невозможни работи што никогаш не ги предавале, а второ бидејќи на финки имало прв , втор, трет, четврт пат упишан предмет со тоа што секој нареден пат цената на кредитот се зголемува, а на пмф има само прв и втор пат упишан предмет мак. плакање за кредит 410 денари, а колега што дојде од финки ми се пожали дека плќал по 1000 и нешто денари за еден кредит..
друго незнам што да кажам
У глобала ПМФ Институтот по Информатика е закон!