Летото само што не пристигнало, сигурно ви поминува низ глава сликата како се сончате и уживате на некој далечен остров.
Вашата желба може да стане реалност, убедете ги вашите најблиски и изнајмете го островот во форма на срце – само за вас.
Сопственикот на прекрасениот остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Самиот Остров е сместен во реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.
Лесно ќе стигнете до него со бротче или со хеликоптер, а Бренсон го има купено во 2003 година со цел неговите вработени од Австралија да го употребуваат како еколошки центар за ритрит. Денеска секој може да помине неверојатен одмор на овој остров распослан на 25 ара, на кој истовремено луксузно можат да се сместат 22 гости. Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари, но за ова цена вие ќе добиете уживање во огромниот базен, вилата направена од бамбус, раскошната градина, тениските игралишта, барот, сауната и прекрасните плажи.
Во вилата од бамбус има 3 огромни апартмани, а на островот има и уште 3 дополнителни помали вили. Градината и ентериерот насекаде низ островот изобилува со прекрасни скулптури, специјално дизајниран индонезиски мебел, џакузи од вулкански карпи и украсно осветлување.

