Предмалку имаше забуна околу темата Посесивност дали се работи
за опсесија или опсесивност. Па да објасни ме што поточно значи опсесијата.
Опсесијата преставува чувство кога сте опседнати со некои негативни,чувства,мисли,
па и кон луѓе кои сакате да бидат како вас. Исто така има и повеќе видови на опсесии.А една од тие е и фаталната опсесија.
Не сте истата личност, и тоа веќе некое подолго време. Не ви се зборува, се дружите само сами со себе, и однадвор и одвнатре сте изобличени. Имате чувство дека никој не ве разбира. Веројатно храната е последното нешто на кое помислувате, а и да почувствувате глад ви се првртува помислата од тоа да ставите нешто в уста. Депресијата ви е најдобар пријател, и полека но сигурно, ја губите реалноста од под нозете од само една причина. Опседнати сте. Потребен ви е егзорцизам под итно, инаку ќе се збогувате со ликот кој го познавате во огледалото.
Човечката фантазија е опасно легло на чудни мисли. Доколку се негува премногу, вродува со многу лош плод. Изгубена перцепција. Веројатно еднаш во животот ни се случило на сите нас да бидеме опседнати со некого. Многу често плодот на нашата опсесија е личност која едвај ја познаваме, но од некоја причина го запалила зеленото светло во нас дека таа е таа, и не би прифатиле никој друг покрај нас за ништо на светот. Верувам повеќето го имате гледано "Фатална привлечност" со Глен Клоуз и Мајкл Даглас. Филмот има малку поинаков наслов од оној на колумнава, но приказната ги има речиси истите симптоми без разлика на употребениот збор после "фатална". Се што е фатално, обично е финално. Кога човек се приближува до фатализмот навлегува во сфера каде сè гледа како крајност.
Дури и да се обиде опседнатиот да рационализира во случаи на опсесија, ретко кога ќе може да логицира при толку измешана свест. Затоа опсесијата е толку отровна, и не е најпосакувана работа за емоционално ранливите, зашто може да ги доведе до психоза. А чудно, во тој свет на себеопседнување човек е сосема сам, личноста по која се копнее нема поим колкаво страдање предизвикува, а впрочем на крајот на краиштата зошто сето тоа би ја тангирало. Кога разговарате со личност која се опседнала, разговорот ви изгледа толку смешен и трагичен истовремено, што се доведувате до степен да се запрашате, дали е возможно човек да е толку лабилен и толку нерационален за да се доведе себеси до таков пекол.
Се имам изнагледано секакви случаи, од луѓе кои се опседнале себеси да вратат некоја личност назад после раскинување, до луѓе кои се опседнале со личност која едвај ја познаваат. Знае да биде вистински застрашувачко да се набљудува таква личност, каде не зборуваме за мало љубовно страдање, туку за комплетен занес. Изгледа како да разговарате со туѓинец, а не со здраворазумната личност која ја познавате. Таа не гледа ништо друго освен личноста која ја замислила. И искрено, не наидов никогаш на случај кога некој успеал да ги извлече тие луѓе од нивниот пекол. Секогаш, ама баш секогаш и покрај солењето памет на секој од страна самите се освестувале и продолжувале понатаму. Периодот после тоа обично се засрамени од своето однесување и фатализмот кој ги обзел, и кој успеал да ги трансформира во сосем трети личности.
Кога се работи за опседнати фаталисти јас имам еден став за кој се држам и кој упорно се потврдува. Залудно ќе им велиш дека прават нешто погрешно, ќе боли некое време, до моментот кога ќе стане неиздржливо и ќе се натераат самите себе да преболат. Имав прилика на една моја драга личност во ваков сличен случај да и речам дека, едно утро ќе стане и ќе и се смачи од самата себе и од болката. Тогаш престанува сè и стапува преболувањето на сцена. Најтемно е пред изгрејсонце. Па така и ова.
Секако тука постои и опасност, човечкиот ум е опасна играчка, особено ако е замаглен. Не ретко опседнатите буквално ги гонат луѓето кои се предмет на нивна опсесија, загорчувајќи им го животот со чудесни уцени кои секако за залог го имаат нивниот живот. Не сакам ни да помислам на случаи кои завршиле трагично само заради една фатална опсесија.
Има разлика меѓу љубовта и опсесијата. Впрочем огромна разлика, која на тие луѓе не може да им се објасни додека минуваат низ тоа. Опсесијата е исполнета со мрак, очај и страдање, не постои никаков зрак светлина за утеха кој вели дека ќе биде подобро. Јас не го амнестирам ниеден фаталист, самиот си ја проектира болката во ваквите случаи, но не ретко позадинската маска е мазохизмот на кој сите ние сме љубители, кој помалку кој повеќе. Страдањето нè прави неверојатно живи или да се изразам со фаталистички жаргон, сè додека постои нешто вредно да се умре за него, вреди да се живее.
Постои лек за фаталната опсесија, се вика себељубие. На крајот од краиштата земајќи предвид дека човекот е егоманијак, веднаш ќе се извлече од страданието по некого ако стане свесен колку се сака себеси. Во никој случај не смееме да го набљудуваме сопствениот живот како целосно зависен од нечиј друг. Малку е смешно знаејќи ја човековата природа да се помисли дека човекот е способен да стави некој друг пред себе, особено во вакви случаи. Не гушкајте се со очајот, не отворајте му ја вратата на страдањето кога со насмевка ви чука на врата. Сите тие ви се непријатели од највисок ранг. Во никој случај не дозволувајте пред било која емоција да го ставите зборот "фатално".