Björn Maier од Минхен е дизајнерот на годинешниот постер за Октоберфест на кој што е прикажано дете-симбол на градот како жонглира со симболите на пивскиот фестивал.
Официјалниот постер за Октоберфест, од 1952 година се одбира на традиционален натпревар помеѓу кандидати од уметничките и дизајнерски училишта кои што се поканети да учествуваат на него. Секој учесник за тоа добива по 500 евра, а победничките три дизајни добиваат и додатни награди.
Првопласираниот постер, односно неговиот дизајнер доби плус 2.750 евра и промоција низ целиот свет со тоа што неговиот дизајн ќе го има на сите брошури, останати печатени материјали, маици, кригли и сличен промотивен материјал. Оваа година втората награда не беше доделена, но затоа имаше двајца добитници на трета награда: Mattea Stahl и Daniela Kohl кои добија плус 750 евра.
Октоберфест 2012 ќе се одржи од 22-ри Септември до 7-ми Октомври на стандардната локација во Минхен.

Влезот на Октоберфест е бесплатен, но за да може да влезете во некој од шаторите ви треба резервација на маса која најчесто се прави неколку месеци однапред. Сместувањето во Минхен е прилично скапо, но затоа како поевтина опција за престој го имате Wiesn Camp кој се наоѓа на 10 минути од фестивалот. Доколку планирате да го посетите Октоберфест задолжително инсталирајте си некоја од многуте мобилни апликации направени за овај настан. Доколку користите iPhone наши препораки се:
1. Oktoberfest.de – апликацијата на официјалната веб страна која нуди голем број информации за фестивалот и за шаторите, но и се апдејтува цело време со нови слики од веб камерите кои се поставени на целиот простор.
2. Wiesn 2011 – Oktoberfest 2011 – исто така корисна апликација од која најмногу ни се допадна, алкохол калкулаторот
3. Bier-Inspektor – сликајте ја криглата со пиво и оваа апликација ќе ви прикаже за колку пари ве прелажале, односно за колку пари недостасува пиво во криглата.
За корисниците на Android еве уште неколку предлози:
1. Oktoberfest App – освен стандардните информации, нам ни се допадна можноста со оваа апликација да научите да зборувате на бавариски и да ги пеете традиционалните песни од овај фестивал.
2. Oktoberfest Guide Free - бесплатен водич за Октоберфест
3. Oktoberfest Special 2011 – прилично доста информации за Октоберфест на 4 јазици и можност да си правите фото колажи од фестивалот.
Најголемиот фестивал на пивото во Европа.
Дали сте го посетиле, или планирате да го посетите оваа година?
Пивото лани беше литар за 8.50 евра. Оваа година ќе видиме колку ќе биде и како ќе биде.