Во последно време после низата разочарувања, одбранбен механизам ми стана недовербата.
Т.е вербата дека сите луѓе се исти, добри се додека им е нив добро, а потоа како им одговара. И со оваа мисла не се врзувам како порано и слепо да верувам на секого, туку очекувам некој да ме изненади позитивно, пошто од старт имам негативно мислење. А и да испадне како што сум очекувала не ми менува ништо и не ме боли како порано, пошто овој пат е очекувано.
Ништо не ме болело повеќе од злобата на луѓето, па затоа и се роди ваквиот начин на одбрана. Чуден, но многу подобар од разочарувања, солзи, депресии, караници, објаснувања, карања и нервирања.
Порано ми беше криво па земав се нервирав и објаснував и сигурно станував напорна и досадна. Слепо верував дека ете сега овој е добар човек и пријател. И не можев со месеци да се опоравам од разочарувањето. Премногу се зближував и слепо верував.
А сега е веќе друго. Каков таков, си најдов начин да се заштитам себеси од болка што тешко можам да ја издржам.