Образование и интелигенција

feelinghigh

Нов член
15 мај 2014
2
0
1
Значи вака, според мене образованието не е мерило на интелегенцијата, какво е вашето мислење ?
 

feelinghigh

Нов член
15 мај 2014
2
0
1
Образложи зошто мислиш така, а не поинаку?
Затоа што многу од научниците во минатото, конкретно да го земем Ајнштајн бил избркан од школо а бил надпросечно интелегентен. Потоа дефинитивно во класот постојат деца што се многу интелегентни и паметни, но сепак со оценките и не се многу сјајни. Интелегенцијата ја добиваме со раѓањето и понатаму можеш да се надоградуваш, но да ја стекнеш со образование, никако.
 

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Луѓе со подпросечна интелегенција купија (во оваа економска криза ?!) дипломи со кои веројатно нема да профитираат и станаа академски граѓани. Од таа преспектива го разбирам револтот на вредните ученици кои се потценети.

Интелегентен човек би проценил дека треба да достигне одреден статус во општеството, активно би се посветил на образованието и значаен дел од животот би поминал во надоградување на себеси односно во учење. Едно без друго не одат. Интелегенцијата повеќето ја поврзуваат со способноста за лесна апсорбција на информации, снаодливност, решавање логички задачи можеби. Се паѓа во вода ако не се искористи правилно.

Колку и да е надарен, никогаш нема да стане неписмен писател.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, UpaDown and Onkel

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Сведителствата,дипломите,не се мерила или показател на интелегенцијата,нарочито во денешно време каде што се купува секакви документи,каде оценките во училиштата не се реално добиени,но ОБРАЗОВАНИЕТО е многу битен фактор за да таа интелегенција се надогради,расте,инаку ке закржлави .Мора човек да учи цел живот,а ако си интелигентно створење и се усмериш тамо каде што најмногу те бива резултатите ке ги гледаат сите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Е, прво што ми паѓа на памет кога ќе го слушнам ова - дека образованието нема врска со интелигенцијата, е дека тоа е фраза која многу често ја користат послабите ученици. Демек, јас не учам, ама интелигентен сум, а оценките воопшто не се мерило. Да, не се мерило, се сложувам. Меѓутоа, тоа не значи ни дека ако не учиш - автоматски си интелигентен. Ако некој повторил година, но успеал, затоа што бил интелигентен - не значи дека сите ќе го сторат истото. Има разлика меѓу поединец и поединец.
На крај краева, нели интелигенцијата се покажува кога човек знае како да се прилагоди, да се пробие, да го искористи тоа што го има, и, сепак, да се покаже преку образованието, да се надоградува, особено во таа сфера за која има интерес. Или, кога ќе отиде еден ден да бара работа, ќе им каже: Едвај завршив средно, ама јас сум многу интелигентен. И тие, нели, ќе му поверуваат и веднаш ќе го вработат. Или пак, сите тие таквите стануваат успешни претприемачи и бизнисмени, сам свој газда - затоа што сите се интелигентни :)
 

UpaDown

Нов член
30 мај 2014
20
3
3
Образложи зошто мислиш така, а не поинаку?
Може тазе член да одговори?
Пошто треба да се прави јасна разлика меѓу образование и себеобразование.
Образованието е наметната активност од општеството, изготвено од државна институција (министерство за образование), и има за цел да не подготви да работиме у иста таква државна институција.
Е сега, фактот дека таквите институции се далеку назад зад се шо се дешава на светот (пример факултетите праат глупи истражувања, додека пак приватни фирми работат на проекти како гугл глес и квантни компјутери), доволно укажува колку е глупо тоа за кое не подготвуваат у образовните институции.
Себеобразование е друг муабет.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пред некое време прочитав интересен твит - „Луѓето ги делам на интелигентни и интелегентни.“ И тоа е првата, може за некого и не-баш-битна, но сепак работа што укажува дека двата поима и не се баш поврзани.
Интелигенцијата т.е. еден удел во истата, го поврзувам со начитаност, а начитан, добро информиран човек, не смее (а верувам и не сака) да си дозволи да прави основни печатни грешки и да нафрла нецелосно склопени мисли. Big no, no. Од друга страна, па и не мора толку при срце некој да го сфати ова, сепак иде од грамар и правопис наци.
Од многу аспекти треба да се разгледа една индивидуа пред да се заклучи дали/дека е интелигентна. Образованието, во најголем број случаи, не е никаков фактор кој говори за паметот, напротив...за жал.
Јас познавам луѓе со математичка интелигенција чија логичка (иронично, биказ математичко-логичка ја ставаат заедно) и социјална се рамнат со таа на амеба, но кога ќе размислам подобро, веројатно таа т.н. интелигенција е базирана на бубање формули. Ама затоа да ги запишеш на факултет, без прашање ќе набубаат и положат пред оној што се обидува да дознае повеќе за да извлече логика и корист од приложеното. Понатака ќе го заборават тоа, што од недоволно користење, што поради тоа што ќе сфатат дека не знаат како и каде да се служат со тоа „знаење“, а другиов може и да не заврши. Но и не мора да значи, секогаш постојат и оние кои својата најјака точка ја усмериле, развиле и унапредиле во правилна насока...ама тие не се веќе во државава. :D
Не се убави и случаите со основно и средно, но не се толку страшни ко факултетлии, магистри и доктори на наука за чиј број лично и одговорно тврдам дека е очаен кога се работи за неписменост и немање желба да се мрдне од мртва точка на игнорантност, туку се чека готован работа.
- mi treba magisterska za bilo sto sto ima gotovo
- Како за било што? Не знам што сте учеле, најди нешто што ти е од интерес, што го владееш, па да склопиме заедно.
- abe neznam nemam vreme. ako nema gotovo ke ti dadam kniga vidi tamu sto pisuva nesto interesno i izberi
Интелигенција? 404 :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip