Нуркање

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Опрема за нуркање - што му е потребно на еден нуркач
Основна опрема за (нуркање на здив)

Маска
Цевка за дишење
Појас со тежина
Пераи
Одело
Ракавици и чорапи
Маска

Со цел да се овозможи поголема видливост под вода, се носи маска. Со самото носење на маската се добива воздушен простор помеѓу очите и водата а со тоа набљудуваните објекти можат правилно да се фокусираат.

Маската се состои од:

Леќи кои се направени од високо издржливо калено стакло.
Мек дел за лице кој е направен од силикон или гума кој овозможува добро да ја блокира водата од влегување и добро да го обиколи носот.
Ластик кој овозможува прицврстување на маската за лицето.
За правилно да се избере маска треба да се прилепи (на суво) маската на лицето, без да се стави ластикот, да се вовлече благо воздух преку носот. Ако се прилепи маската убаво на лицето таа е правата за вас.

Цевка за дишење(Snorkel)

Овозможува слободно дишење на поворшина додека главата е во вода. Составена е од два дела. Цевка која е направена од потврда пластика и дел за уста кој е направен од силикон или гума.
За да се препознае полесно нуркач во вода, се советува горниот дел на цевката да биде во друга боја (црвена, жолта)

Појас со тежина

За да се постигне неутрална пловност нуркачот е потребно да носи појас на кој може да се додава или да се одзема тежина. Исто така појасот треба да има тока која лесно може да се отвори при итна ситуација.

Пераи

Пераите се корисен дел од нуркачката опрема кои овозможуваат на нуркачот лесно и ефикасно да се движи под вода. Ги има во различни големини, должини и модели.
Изработени се од гума или друг синтетички материјал, со отворено стопало или затворено. Се избираат во зависност на типот на нуркање. За нуркање на здив се користат подолги и по тесни додека за нуркање со апарати се користат од средна должина и поширока перка.

Одело

Оделата се заштитна облека кои што помагаат да се намали термалното изложување на телото. Ова мора поради големата абсопција на топлина на водата (25 пати поголема од таа на воздухот). Мокрите одела се направени од силиконскиот материјал неопрен со различна дебелина (од 1.5 до 8мм).
На пазарот ги има или едноделни со или без капа или пак дводелни со или без патент.
Кога се одбира одело најважно е да не се формираат воздушни џебови меѓу телото и оделото бидејќи тие ке ја намалат термичката заштита на оделото.

Ракавици и чорапи

Ракавиците и чорапите се носат заедно со оделото бидејки зглобовите се многу осетливи на ладни температури. Ракавиците од неопрен овозможуваат добра заштита и има различни типови и модели.
Чорапите зависат од типот на пераите кои се користат. Од најосновни неопренски 2-5мм па се до тие кои имаат вградена патика со тврда газна подлога и се користат за отворени пераи.

Дали до сега сте нуркале и доколку сте споделете искуства.
Во море, езеро(во Охрид или друго) или пак океан, дали би се нафатиле на овој предизвик?

 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Епа Охрид ти е најблиску, но што ќе видиш во Охридско езеро незнам. :zelen

Хехех токму така, што ќе видиш. Јас зборам за нуркање како на клипот погоре, еве да речеме, на Хаваи. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and parvati

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Неам страв да си идам сама во длабоко и да си пливам, али да нуркам Никако! Толку иам уплав од нуркање шо од 3-то одд неам глава стаено под вода:nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeker

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
И ја нејќу да гњуру, устфари сакам малце ама нејќу : )
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Хехех токму така, што ќе видиш. Јас зборам за нуркање како на клипот погоре, еве да речеме, на Хаваи. :D

Јас ако ти се верува, 50 метри од брегот во Палеокастрица (Крф) фатив морска ѕвезда. И тоа од 20ти пат. :rofl Се убив од нуркање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
И јас сакам да пробам, ама некаде на некое море или океан :) да има што да видам :) ама сама не сакам, страв ми е, може ќе ми излезе некоја голема риба има паника да ме фати, ќе нема да знаам што да правам :D