Топ 10 нудистички плажи каде можете да уживате како од мајка родени
Додека едни избегнуваат нудистички плажи, други едвај чекаат да фрлат се од себе и без граници да уживаат во морските лудории. Многумина веќе почнаа да кројат планови за летово, па доколку сакате да се сончате без костим за капење погледнете ги топ 10-те нудистички плажи по избор на интернет-порталот татоталлѕтоп10.цом. Најблиску до нас од сите предложени е фантастичната Валата во Хрватска, па ако патот ве води натаму летово, поминете на кратко
Во денешно време за многумина не е лесно да се биде соединет со природата. Нудизмот е се уште контроверзна тема. Некои гледаат како на егзибиционизам, други пак мислат дека им дава лош пример на децата. На пример, во повеќето држави во САД, жената ќе плати казна ако на плажа излезе топлес. Мислењата за нудистичките плажи и нудизмот се поделени, но доколку припаѓате на онаа категорија луѓе кои сакаат да се разголат и неограничено да уживаат во "голата слобода" во текот на летувањето, тогаш погледнете кои плажи во светот се идеални за тоа
1. Leucate, Франција
2. Playa Es Pregons Gran , Шпанија (Балеарски Острови)
3. Vera Playa, Шпанија
4. Banana Beach, Грција
5. Valatta, Хрватска
6.Playa de Maspalomas, Шпанија
7.Euronat, Франција
8.Plakias Beach, Грција
9.Les Grottes Plage, Франција
10.Blac's Beach, Калифорнија
Leucate , Франција
Локација: на Медитеранскиот брег, северно од градот Перпигнан (Перпинјан). Прекрасната плажа има 1 километар златен песок, водата во лето е топла, а морето плитко, така што е создадена за семејства со мали деца.
Playa Es Pregons Gran, Шпанија (Балеарски Острови)
Локација: јужен брег на Мајорка. Овој мал нудистички залив има совршена полумесечина од жолт песок, а морето е толку проѕирно што потсетува на Карибите. На плажите нема кафулиња и пабови, така што ќе треба да си понесете храна и нешто за пиење.
Vera Playa, Шпанија
Локација: Коста Алмериа. Плажата е шпанска престолнина на нудистичките плажи. Многу е популарна во текот на летото, а нудистите имаат на располагање многу забавни активности. Барови, лежалки, педалини, и да, ако навистина сакате да го испробате натуристичкото клише, уживајте во одбојаката на песок. Алмериа ја има најтоплата и најсувата клима во земјата, така што сезоната за одење на плажа трае преку цела година.
Banana Beach, Грција
Локација: Скијатос, во близина на местото Кукунариес, на југозападниот брег. Името на плажата е збирно место на три прекрасни песочни плажи кои се преку целото лето окупирани од нудистите.
Valatta, Хрватска
Локација: Истра, во близина на Ровињ. Плажата има три километри песочна плажа и карпести предели, вклучувајќи и полиња со маслинарници и лозја.
Playa de Maspalomas, Шпанија
Локација: на југот од островот Гран Канариа. Илјадниците хектари прекриени со песок изгледаат баш како во Сахара и ја сочинуваат прекрасната плажа меѓу Маспаломас и популарниот ресорт Плаја дел Инглес. Долга е 3 километри, а длабочината на заливот е 1 километар. Можете да изнајмите чадори за сонце и лежалки.
Euronat Франција
Локација: Атлантски брег, северозападно од Бордо. Југозападниот брег на Франција е една голема нудистичка плажа, која се простира на 150 километри од Бијарица до градот Гиронда. Илјадници среќни семејства одат таму, а плажата е отворена и за нудистичките кампери и дневните излетници.
Plakias Beach, Грцја
Локација: Плакиас, Југозападен Крит. Атрактивен пејзаж во кој доминираат вертикалните карпи и златниот песок. Морето е мирно, а водата плитка - идеално за нудистички семејства со деца.
Les Grottes Plage, Франција
Локација: Иле ду Левант, Медитеран. Дијамантската плажа се наоѓа на магичниот остров Левант. Природен залив со бел песок и тиркизно море, идеално место за пливање и нуркање. Иле ду Левант е родното место на нудизмот во Франција веќе 70 години. Денес е мало населено место со малку постојани жители и многу туристи.
Halulover Beach, Мајами
Локација: Флорида. Плажата со милионите посетители се вбројува во една од најпопуларните плажи каде се дозволува бањање без облека на себе. Пред да стане популарна туристичка мета, Халуловер било несигурно место. Но, штом власта ги израмнила сметките со дилерите, станува нудистичка атракција.
Blac's Beach
Локација: Калифорнија. Црната плажа во Сан Диего е најголемата плажа во САД и е најпопуларна за нудистите и натуристите. Голотијата се толерира во делот од плажата кој е под заштита на државниот парк.