Нови регистарски таблички

Дали би ги замениле старите регистарски таблички, иако моментално не пости законска обврска за тоа?

  • Да

    Гласови: 6 40.0%
  • Да, ке си порачам со натпис по моја желба (Од 1200 Евра)

    Гласови: 1 6.7%
  • Не

    Гласови: 8 53.3%

  • Вкупно гласале
    15

Maks

Староседелец
Старите таблички кои се издаваа скоро 20 години, полека ке заминуваат во историјата, а според бројот на комбинации новите ќе се издаваат во наредните 30 години.
За разлика од старите новите имаат четири бројки кои заедно со 20-те букви кои се користат, овозможуваат околу 4 милиони комбинации кои се многукратно повеќе од сегашните.

Цената на новите таблички е како и досега 1.200 денари, но граѓаните не се обврзани да ги сменат старите. Постоечките таблички ќе важат и во иднина и не постои законска обврска тие да бидат сменети, освен доколку граѓанинот не сака да ги замени.
Новите таблички ке се издаваат доколку возилото за прв пат се регистрира на територијата на Р. Македонија, при промена на регистарско подрачје или при замена на изгубена таблица.

Со новите таблички се воведуваат и седум нови регистрациони подрачја.
Тоа значи дека нови регистерски таблички за возилата се воведуваат на име на седум градови: Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга.Нововедените региони ќе имаат задолжителни нови регистерски таблички.Новите таблички нема да бидат трајни како досегашните.
Тие ќе се менуваат на секои 7 години.

Ново е што се воведуваат регистарски таблици означени на поинаков начин по барање на сопственикот. Тие ќе може да содржат најмлаку три, а најмногу девет црни букви и броеви, при што натписот не смее да биде провокативен, неетички или спротвен на правниот поредок на Р. Македонија. Ќе се прицврстуваат на предниот дел на возилото додека на задниот дел ке си имаат нормална (обична) таблица
Цената за овие таблички е 1.200 евра.
7C66E66D277C674D95961291ED109259.jpg

Јас не ги менам додека нема закон за тоа.:)
Него ме интересира едно шо ке биде ако некој си порача и стави табличка со некој друг натпис од 1200е. и истата ја изгубе или му ја украдат... Што после?:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Мислам дека постепено ќе се заменуваат, дека и самите кажаа разбираат дека народот нема пари затоа нема да биде здтолжително бар за сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
естетска оценка..... 0. не чинат
зашто?
  • сите градови немаат сопствен алфа код
  • стикерот остана ист
  • нема кирилица
  • некои градови ги задржаа старите ЈУ кодови
Поубави беа претходните
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Не би ги сменила старите... ова се глупости стварно..па за тие другите од 1 000 и нешто евра..абе без пари да ми даваат не ставам. -,-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
би ги сменил, таков човек сум по природа ... сакам промени, брзо ми здосадува се едно исто ! :eek:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Би ги сменил ако ставам натпис со своја желба, мада некако сеа за сеа многу селска работа ми делува тоа :)

Инаку страв ми е тоа „МК“-то дека ќе прави проблем во Грција, па да причекаме летово да видиме што ќе биде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Тоа од 1200 евра сигурно ќе го стави некој што сака да биде „главен шизик„ во град за да го видат сите, а други што имат многу пари бизнисмени тоа не ги интересира иако тие пари се ништо за нив, сепак не сакат да ги знаат. Јас колку што добро се сеќавам такви таблички со име имам видено пред 7-8 години имаше Тоше Проески на неговиот Рав4 :(
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Тоа од 1200 евра сигурно ќе го стави некој што сака да биде „главен шизик„ во град за да го видат сите, а други што имат многу пари бизнисмени тоа не ги интересира иако тие пари се ништо за нив, сепак не сакат да ги знаат. Јас колку што добро се сеќавам такви таблички со име имам видено пред 7-8 години имаше Тоше Проески на неговиот Рав4 :(
Па незнам, јас мислам околината повеќе би го карактеризирала како „главен сељак“ отколку шизик :)
Порано искрен да бидам и мене фетиш ми беше да имам таблица со три исти, или 00x, ама како поминува времето се повеќе сум за рандом бројчиња. Што има да ме знае секој кај сум што сум ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks and Trajche

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Па незнам, јас мислам околината повеќе би го карактеризирала како „главен сељак“ отколку шизик :)
Порано искрен да бидам и мене фетиш ми беше да имам таблица со три исти, или 00x, ама како поминува времето се повеќе сум за рандом бројчиња. Што има да ме знае секој кај сум што сум ;)

Сакав да кажам он така ќе се замислува, а околина ќе го гледа како што ти рече :D а уште по сељачки е од напред името, а од позади бројот, пак до некаде ќе фака место да е и од двете страни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks