Некои од нив се направени многу пред да бидеме родени, но гардеробата на главните ликови се толку добри и безвременски што ќе посакате и денес да ги облечете
1. Сабрина - филм од 1954 година. По две години поминати во Париз, Сабрина - Одри Хепберн е срамежливата ќерка на шоферот која се враќа дома како софистицирана жена со стил. Таа одеднаш го привлекува вниманието на Хемфри Богарт и Вилијам Холден. Ова е прв филм во кој соработуваа Одри Хепберн и Живанши. Сите фустани се направени од овој бренд.
2. Сепак многумина сметаат дека филмот од 1961 година, Појадок кај Тифани, е филм со најдобар стил на сите времиња. Одри Хепберн која глуми ескорт девојка покажува интерес кон Пол, младиот писател кој се вселува во нејзината зграда. Фустаните на Живанши, шеширите, големите очила, бисерниот накит и ракавиците направија модна икона од Одри Хепберн.
3. Господ ја создаде жената - филм кој во 1956 година беше снимен во Сент Тропе. Сексипилната актерка Брижит Бардо е вљубена во едниот брат, но се мажи со другиот. Ова е филмот кој ја промовираше Бардо во филмскиот свет. Нејзините бикини, полните усни и заплетената коса направија таа да стане инстант икона со стил.
4. Доктор Живаго - руски филм од 1965 година е филм за еден руски лекар и поет кој го глуми Омар Шариф. Тој се вљубува во Џули Кристи, жената на еден политички активист за време на Болшевичката Револуција. Сликите на Џули Кристи, како со стил го преживува Сибир и Сталин, влијаеше на модата во доцните 60-ти. Капутите до колена, кошулите со манжетни и крзното кое се појавува во скоро секоја сцена стана доста популарно. Овој филм е хорор за ПЕТА.
5. Аферата Томас Краун - е филм од 1968 година со Стив Меквин и Феј Данавеј. Нејзините нокти, долгите трепки, здолништата, перфектно скроените костими и накитот. Секоја сцена може да биде страница од некој совршен едиторијал.
6. Американски Жиголо - Во овој филм е претставен Американскиот шик во своето најдобро светло. Токму ова е филм кој го лансираше Армани во универзумот на стилот. Ричард Гир стана првиот актер кој експлицитно се појави гол пред екраните.
7. Лице со лузна - омилен филм на раперите, но и на луѓето од светот на модата поради Елвира која ја глуми Мишел Фајфер. Нејзините светкави фустани, големите очила и русата коса станаа инспирација за многубројните креатори.
8. Палп Фикшн - филм од 1994 година беше извор на едноставност. Ума Турман се прикажува во најдброто светло кога танцува на подиумот. Капри панталони, бела кошула и црна коса.. не е сон, туку јаве..
9. Расположени за љубов - е филм од 2000 година, чие дејствие се случува во Хонг Конг во 60-тите.
Двајцата главни протагонисти се зближуваат откако дознаваат дека нивните партнери имаат љубовна врска. Боите на фустаните на Маги Ченг, високите потпетици од 50-тите, дискретната сексипилност, стаана карактеристики на интернационалната жена.
10. Сексот и градот - Невозможните крации, бои и модели, станаа посакувани од многу девојки низ целиот свет благодарение на Кери Бретшоу.
11. Ѓаволот носи Прада - во 2006 година. Во овој филм Мери Стрип е уредничка на престижен моден магазин, и се појавува во брендови како Прада, Шанел, Хермес, Калвин Клајн, а нејзината асистентка се претвора во софистицирана дама.