Најдобрите шопинг центри во светот

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Шопинг… И веќе кажано е сé !!! Не мора да спаѓате во групата на луѓе кои го гледаат како пасија, за да знаете дека претставува огромно задоволство…
Особено, доколку се наоѓате во некој прекрасен трговски центар…
За да биде задоволството уште поголемо, Ви претставуваме трговски центри со уникатна архитектура…
Вистински празник за очите и за оние кои сакаат промени и за вистинските шопингхоличари !!!
1. Khan Shatyr, Astana, Казахстан
Овој неодолив трговски центар кој се наоѓа во срцето на градот, особено го привлекува вниманието ноќе, кога блеска во повеќе бои. Има големина на нешто повеќе од 10 фудбалски стадиони, комплексот содржи и река, како и ресорт, за оние на кои обичниот шопинг не им е доволен.
2.Il Vulcano Buono, Нола, Италија
Инспирацијата, односно формата на мини вулкан која што го прави овој трговски центар посебен е очигледно во близината на планината Везув. Во внатрешноста има хипермаркет, галерија и кино. Изграден е во концентрични кругови кои формираат конусна форма, која е отворена на средината.
3. Iluma, Сингапур
Овој комплекс е повеќе од обично задоволство, наречено шопинг. Замислата да излезете од дома и да се најдете во преубав шопинг комплекс, ова место ја остварува на прв поглед. Неговата кристална фасада која си игра со светлината и рамните делови покриени со билборди, создаваат неверојатен дизајн..:Овој трговски центар, буквално блеска…
4.The Bullring, Бирмингем, Велика Британија
Овој комплекс отстапува од другите конвенционални градби кои го опкружуваат. Неговиот изглед на прстен и алуминиумските дискови во сина боја, кои најмногу доаѓаат до израз навечер, создаваат надреална визија.
5. Canal City, Fukuoka, Јапонија
Не е ново дека Јапонците имаат извонредно „ сетило “ за стил и архитектура до перфекција. Дизајнерите на овој трговски центар, се пред се, промотери на мирот и релаксацијата. Објектот е изграден околу канал кој тече во внатрешноста. Шетањето во овој трговски центар е релаксирачко искуство, кое потсетува на тивка прошетка во внатрешноста на преубавата јапонска градина.
Ставете го и вие вашиот омипен шопинг центар во светот
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Мене сите ми се омилени што во нив влегувам со неколку нули после позитивниот број на картичката.;)
Инаку, радо би шопингувала на 5та авенија и Lafayette... А би сакала да го посетам и тој во Дубаи на површина од 2,4 милиони метри квадратни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Trouble and Natenceto

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
photo_verybig_497028.jpg

Не е ништо посебен ама мене убаво ми е да си пазарам тука :)
Најтрагично е што за еден ден неможам да го прошетам цел :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
У Берн.... од двете страни има безброј продавници....да се чудиш у која попрво да влезеш...посебно ако си ограничен со време...значи тука правев маратонски шопинг :D здравје летово пак :D
Bern_marktgasse.JPG
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Охоо места за шопинг се најдоа сега уште некој да плати и идемо :D
Да имам шанса сите би ги посетила..
И City Park tirana е добро место за шопинг. Ќе си се закачиш во LC Waikiki, Bershka... и уживанција :)
citypark-wide.jpg