Најдобрите шопинг градови во Европа

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Будимпешта

Најпознатите трговски центри во овој град се
"Arkad", "Duna plaza", "Vestend City Center" и"Mamut". Можеби најдобар од сите овие е"Arkad" кој што се наоѓа во близина на железничката станица "Keleti". Кога има попусти овде, можете да поминете многу евтино.

Барселона

Се наоѓа на листата на најдобри шопинг дестинации во светот и станува туристичка атракција да се купува во овој град. Во Барселона постои дури и автобус "Barcelona shopping line", кој ги превезува патниците до сите шопинг центри во градот.

Париз

Париз е градот кој што е создаден за шопинг од соништата. Главниот град на Франција е најголемиот центар на модата во Европа. Имињата како Dior, Louis Vuitton i Prada, ги украсуваат излозите, а освен познатите брендови во Париз можете да најдете и уметнички и уникатни предмети.

Виена

Австрија го има најголемиот трговски центар во Европа "Shoping City Sud", каде што свои продавници имаат најпознатите модни куќи. Освен со овој трговски центар, Виена може да се пофали и со прекрасната улица Mariahilferstrasе, на која се наоѓаат многу интернационални продавници. Особено е интересна за љубителите на накитот и скапата облека.

Венеција

Во трговскиот центар “Palmanova”, во близина на Венеција ќе ги најдете најпознатите светски брендови, а цените се 30 до 70 проценти пониски отколку во продавниците. Италија има иште многу трговски центри, меѓу кои најпознати се "The Mal"во близина на Фиренца, “D&G” во местото Ленијано, во близина на Милано.

Ница

Бисерот на француската ривиера и еден од најпознатите градови во Франција. „Ница ла бела“ (или прекрасната Ница – на стариот локален дијалект) не е само игралиште за богати и убави, туку и совршена дестинација за шопинг. Одличното време во текот на целата година значи дека нема да згрешите кога и да отидете, а градот ќе ви овозможи најубав дочек досега со многу шопинг-дестинации и атракции како „Ла Баи Д’анж“ и „Ла Променад Д’англе“.

Прага

Таа стана значително позната дестинација во Европа во последниве неколку години, благодарение на замоците, како од бајките и евтините хотели. Позната и како шопинг-локација каде што ќе најдете мешавина од глобални марки, како „Маркс енд Спенсерс“, до полуксузни брендови, видно експонирани на главната улица. Главните шопинг-места на Прага се плоштадот „Венцислас“, низ На Прикопе и до градскиот плоштад, места што лесно се наоѓаат на мапата или со прашување на граѓаните.

Лондон

Сè уште е еден од најпопуларните шопинг-дестинации и покрај сиот овој економски метеж. Од бутиците на „Бонд стрит“, еуфоријата на „Оксфорд стрит“, па сè до познатите трговски центри во Хардс и креативните улични пазари на Шредич и Гринич, Лондон нуди по нешто за секој купувач и за секој џеб.

И најдобриот според мене град......Милано. За него нема што да зборам. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ма сите би ги посетила, само волшебна картичка ми фали. :D
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Најблиску...Бугарија. Доста добри трговски има за шопинг. Бев скоро во Молот и ќе одам пак скоро. Огромен избор има на гардероба. Рај. Солун и Космос 0 се за Софија.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
И Салзбург е добар за шопинг. Има една улица само за шопинг. Има свашта. Рај за женски. :D