Затоа се вели „три пати мери, еднаш сечи“...
Не сакам да солам памет на никој, најмалку не за вакви работи, бидејќи со емоции не се игра, а првичната заљубеност и од најголемиот реалисти прави идиот и слепец. Највидливите маани за останатиот свет за тебе можат да бидат доблести.
Посебно ако таквата „љубов“ дојде по некое големо мртвило, или пак, уште полошо, како во твојот случај по големо разочарување.
- ова не е онака теоретски кажано, си го кажав според сопствено искуство.
Но, морам да признам дека имаат право некои погоре што велат дека не требало да го носиш дома. Бидејќи имаш дете, мора да знаеш дека тоа дете за неколку години ќе влезе во пубертет... ако тој те гледа секој ден со различен ќе изгубиш авторитет врз него, или уште пострашно, можеби и нема да сака да биде со тебе(не ме сфаќај погрешно, ама еве овој е погрешен, за некоја година ќе се јави друг, што е најнормално за возрасниот свет, не и за малото дете).
Втора работа, тоа што некои ти викале, можеби дете е решение за таква ситуација.
Не, на болната љубомора која потекнува од недоволна доверба во партнерот не едно, 10 деца да се изродат џабе е, само што ќе осуди уште едно дете на голгота.