Но тоа никогаш не се случува. Никогаш не се појавил вистински талент на вакви шоуа, некој што понатаму оставил траен печат врз светската музика. Тоа што одат текстописци на вакви натпреварувања не менува ништо, секој може да седне и да напише песна, но поентата е текстот да има убавина. Мислам, прочитај lyrics од видеово што ми го постира -
http://www.metrolyrics.com/young-lyrics-tulisa.html, ко 13 годишна тинејџерка да го пишувала. Ниту Џејмс Артур нема вистински талент. Што има тој, има добар глас, знае малку да свири гитара и допадлив е кај публиката. Обичен капиталистички производ со други зборови. Јас ти гарантирам дека бест кејс сценарио за 10 години максимум никој нема да се сеќава ни на името на типацов, иста судбина делат илјадници 'талентирани' натпреварувачи. Кај се изгуби Сузан Бојл? Мислиш дека на некој воопшто ќе се сети на неа по 5 години? Кели Кларксон, Леона Луис, ќе ги слуша ли огромна маса на луѓе по 20-30 години? Реалниот одговор на сите овие прашања е - не.
Without deviation from the norm, progress is not possible. Секој што оди на вакви натпреварувања ја прифаќа нормата и во случај да победи и добие договор со продукциска куќа, резултатот е секогаш ист, создава генерична музика, музика која избледува како и ланската мода.