Млечна диета

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ако сакате за кратко време да изгубите килограми, а да не потрошите многу денови остварувајќи ја таа цел, можете да ја користите токму оваа диета.
Ефектот на оваа диета е околу 2кг за три дена.

Млекото е важен и корисен производ за човекот, пред се во него се наоѓаат витамините А, Б, Ц, Е, калциум како и многу минерали и протеини.
Оваа млечна диета освен што ги намалува килограмите, го намалува и холестеролот во крвта, ги зајакнува коските, нервниот систем , ги нормализира цревните функции. Дури има смирувачко дејство на кожата, и помага при намалувањето на акните.

Ова е пример како би требало да изгледа вашето мени:

Појадок: 1 чаша јогурт, 1 банана, чај со мед или кафе со млеко без шеќер.
Ручек: 100 гр овесна каша во вода или млеко, 200 гр. сирење и шол млеко.
Вечера: 1 варено јајце, таратур, 1 шол кисело млеко.

Совети и упатства:

- Додека ја држите оваа диета не треба да се занимавате со физички активности, да не спортувате што и не е многу со оглед дека се држи само 3 дена.

- Додека ја држите, туширајте се почесто за да го намалите стресот поради гладот, плус со оглед на тоа дека ќе се интивизира чистењето на организмот преку кожата да го спречите непријатниот мирис.

- Диетата може да ја повторите 7-10 дена после три дневниот циклус.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Искуства? Си ја држела некогаш ова диета, каков резултат си постигнала? Задоволна? Извор од кој е диетата? Нутриционист/Доктор?
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Еве го мистер Фитнес Плочка :giggle Се јави...

Трајче, ја немам држено диетата. Всушност си кажува убаво дека е за три дена, значи не се форсира стандардно месец, два три...
Ова е на некој начин експрес диета за намлување на еден два килограми...