Мишо Ковач

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Роден е на 16 Јули 1941 во Трибуљ, Хрватска. Тој е хрватски пеач на забавна музика.

Тој требало да стане тапанар , но откако испеал една песна по име I can not stop loving you талентот бил откриен. На фестивалот ,,Ваш шлагер сезоне`` 1969 победува со песната ,,Више се вратити нечеш``.1971 победува на сплитскиот фестивал со песната Проплакаче зора. А потоа се нижат многу албуми со многу хитови се до смртта на неговиот син 2007, кој што несреќно загина во тогашната војна.
Пејач е со далеку најмногу продадени плочи и (и останати медиуми) на забавна музика во поранешна Југославија, а за Хрватска да не станува ни збор.
Заедно со Раде Шербеџија во филмот "Poslijepodne jednog fazana" ги вкусил и филмските води. Музичката кариера и понатаму се развива, пет пати е прогласуван за пејач на годината, а во 1989 година е прогласен за личност на годината во поранешна Југославија.
Од сопругата Љубица се разведува после четири години брак, па во 1973 се венчава со сплиќанката Анита Батурина, Мис на Југославија, со која во 1975 година го добива синот Еди, а две години покасно и ќерката Ивана. На турнеите по Канада и Австралија во 80тите одбива да пее под Павелиќевата слика со што стекнува репутација на “комуњар“ помеѓу екстремната емиграција која тоа никогаш не му го прости. Пред првите повеќепартиски избори во Хрваткса во големото интервју издадено во Неделна Далмација под наслов "Dalmacija u mom oku" изјавува: "Ако овие дојдат на власт, за мене овде веќе нема место", мислејќи на ХДЗ.
Во 1992, дојде до голема трагедија. Неговиот син, Еди, кој се придружил на специјалната војска на Хрватска наречена "Шкорпиони" во текот на граѓанската војна, е убиен во Загреб под сомнителни околности. Мишо таа вест никогаш во потполност не ја преболе. Полицијата објави соопштение во кое се тврди дека станува збор за замоубиство. Но, Мишо Ковач и ден денес тврди дека станува збор за убиство.
По смртта на Еди, јавно објавува дека повеќе нема да настапува. После тоа пристапува кон сликање за весниците во црна облека.
Западнат во депресија на 14 февруари 1999, во станот во Загреб на улицата Максимирска 69, Мишо Ковач пукаше во себе со непријавениот пиштол "Берета", но тој неуспешен обид за самоубиство му донесе до знаење дека животот мора да продолжи понатаму. Во тие 90ти години, освен синот Еди, ја загуби мајка му и помладиот брат Ратко. Пред неговиот обид за самоубиство, бракот со Анита се распаѓа, па пробува да оствари љубовна врска со 30 години помладата Силвија Марковиќ. По уште еден љубовен бродолом, негова сопруга постанува Лидија Пинтариќ.
По опоравувањето од пукањето во себеси, во Сплит одржува проштален концерт пред околу 50000 луѓе. Тоа го повтори и во домот на спортови во Загреб, а после тоа следеше цела серија на проштални концерти. Сепак, тоа не беше крај на Мишовата кариера. Следеа и нови албуми.
Во 1999 година, Мишо го сними албумот "Budi čovjek dobre volje", како што самиот кажува за кој е заслужна неговата ќерка Ивана. Самиот смета дека тоа му е најдобар албум во неговата кариера.



  • Mišo Kovač (1972)
  • Portret (1973)
  • Mi smo se voljeli (1974)
  • Oj ti dušo duše moje (1974)
  • Ovo je naša noć (1977)
  • Uvijek ima nešto dalje (1979)
  • Čovjek bez adrese (1980)
  • Jači od vjetra (1981)
  • Dalmacija u mom oku (1982)
  • Osjećam te (1983)
  • Zajedno smo (1984)
  • Potraži me u pjesmi (1984)
  • Ostala si uvijek ista (1985)
  • Ti si pjesma moje duše (1986)
  • Malo mi je jedan život s tobom (1987)
  • La paloma - koncert (1988)
  • Sačuvali smo od zaborava (1988)
  • Samo nas nebo rastavit može (1988)
  • Suza nebeska (1989)
  • Za kim zvono plače (1990)
  • Grobovi mi nikad oprostiti neće (1991)
  • Pjesma za Edija (1993)
  • Stari portret (1993)
  • Mate Mišo Kovač (1994)
  • Mojoj vjernoj publici (1995)
  • Al je ljubav bolest teška (1996)
  • Osjećam se jači (1997)
  • Budi čovjek dobre volje (1999)
  • Pjevaj, legendo (1999)
  • Rane godine 1964-69 (1999)
  • Dalmatino (2001)
  • Zabavni megamix (2002)
  • Mir u srce (2004)
  • Mišo u Šibeniku (2005)
  • Ja sam kovač svoje sreće (2006)
  • The platinum collection (2006)
  • Ne trazi istinu (2010)
Овој човек бил омилен мегу сите пеачи во поранешна Југославија. Па морам да кажам дека откако дознав за него и јас ја засакав неговата музика.
Моја омилена песна
А вие ? Ја сакате ли хрватската музика?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and Arkantos