Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Секојдневен живот
Патување
Места кои вредат да се посетат во Македонија
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Водопадите на Бабакарина Река кај Кратово

Бабакарина Река е 4 км долга лева притока на Кратовска Река, која се влева во самиот град Кратово (на 610 м). Оваа мала рекичка извира под палеовулканската купа Буковец јужно од Кратово, на 1200 м надморска височина и до вливот се спушта низ стрмен терен составен од вулкански карпи со различна цврстина. Затоа, долж својот тек, рекичката изградила повеќе водопади. Од нив најинтересни се 5-те водопади кои се наоѓаат на самиот излез од Кратово кон с. Близанци, 1 км јужно од центарот на градот. Бидејќи во непосредна близина на водопадите минува асфалтниот пат за с. Близанци, тие се лесно воочливи од десната страна на патот, на оддалеченост од околу 200 м. Сепак, заради стрмниот терен и необезбедена патека, пристапноста до самите водопади е потешка. Инаку, водопадите се наоѓаат на надморска височина од 670 м до 640 м, што значи дека сите 5 заедно се високи околу 30 м. Најголеми се „долните“ два водопади со по 11 м и 7 м, а останатите се високи помеѓу 3 и 6 м. На дното од секој водопад, под ерозивното дејство од ударите на водата се формирале мали базенчиња (џиновски лонци) или вирови. Според постанокот, водопадите имаат ерозивен карактер и се формирале на место каде се сменуваат цврстите лавични карпи со помеките туфови. Водопадите на Бабакарина Река се најинтересни во пролетниот период кога располагаат со поголемо количество вода, иако функционираат речиси во текот на целата година. Близината до градот и до патот, впечатливиот изглед со зеленилото и каскадниот пад во вид на слап ги прави водопадите на Бабакарина Река посебно атрактивни. Со поставување на соодветни информативни табли, патеки и фото-видиковец, нивната посетеност значително ќе се зголеми, што ќе биде во прилог на развојот на туризмот во кратовскиот крај.

Да напоменеме уште дека и на други делови од Кратовска Река и нејзините притоки има бројни водопади (особено кон с. Горно Кратово) високи по неколку метри. Заедно со прекрасниот палеовулкански релјеф на овој простор, кањонестите долини, растителниот и животинскиот свет, богатото културно наследство, архитектурата, традиционалните специјалитети и сето останато што го нуди, овој простор може да привлече бројни вљубеници во природата.

[QUOTE="Marick14, post: 79886, member: 257"] [SIZE=5][B]Водопадите на Бабакарина Река кај Кратово[/B][/SIZE] Бабакарина Река е 4 км долга лева притока на Кратовска Река, која се влева во самиот град Кратово (на 610 м). Оваа мала рекичка извира под палеовулканската купа Буковец јужно од Кратово, на 1200 м надморска височина и до вливот се спушта низ стрмен терен составен од вулкански карпи со различна цврстина. Затоа, долж својот тек, рекичката изградила повеќе водопади. Од нив најинтересни се 5-те водопади кои се наоѓаат на самиот излез од Кратово кон с. Близанци, 1 км јужно од центарот на градот. Бидејќи во непосредна близина на водопадите минува асфалтниот пат за с. Близанци, тие се лесно воочливи од десната страна на патот, на оддалеченост од околу 200 м. Сепак, заради стрмниот терен и необезбедена патека, пристапноста до самите водопади е потешка. Инаку, водопадите се наоѓаат на надморска височина од 670 м до 640 м, што значи дека сите 5 заедно се високи околу 30 м. Најголеми се „долните“ два водопади со по 11 м и 7 м, а останатите се високи помеѓу 3 и 6 м. На дното од секој водопад, под ерозивното дејство од ударите на водата се формирале мали базенчиња (џиновски лонци) или вирови. Според постанокот, водопадите имаат ерозивен карактер и се формирале на место каде се сменуваат цврстите лавични карпи со помеките туфови. Водопадите на Бабакарина Река се најинтересни во пролетниот период кога располагаат со поголемо количество вода, иако функционираат речиси во текот на целата година. Близината до градот и до патот, [IMG]https://encrypted-tbn2.google.com/images?q=tbn:ANd9GcQuhL2MzwJvmPgi-Dtj3VldZV4rQsEyj3_tcTjfBOltfHFqT4wM[/IMG]впечатливиот изглед со зеленилото и каскадниот пад во вид на слап ги прави водопадите на Бабакарина Река посебно атрактивни. Со поставување на соодветни информативни табли, патеки и фото-видиковец, нивната посетеност значително ќе се зголеми, што ќе биде во прилог на развојот на туризмот во кратовскиот крај. Да напоменеме уште дека и на други делови од Кратовска Река и нејзините притоки има бројни водопади (особено кон с. Горно Кратово) високи по неколку метри. Заедно со прекрасниот палеовулкански релјеф на овој простор, кањонестите долини, растителниот и животинскиот свет, богатото културно наследство, архитектурата, традиционалните специјалитети и сето останато што го нуди, овој простор може да привлече бројни вљубеници во природата. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Секојдневен живот
Патување
Места кои вредат да се посетат во Македонија
На врв
Bottom