Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Колумни
Матурска треска
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Најчесто женската популација се решава да се упатат кај некој препорачан шнајдер и едноставно шнајдерот нивната идеа за совршениот фустан да ја претвори во реалност. Но повторно проблем, тие воопшто немаат идеа, единствено што знаат е дека нивниот фустан треба да биде совршен и посебен и никој друг во просторијата не смее да има таков, па ни сличен. Повторно дискусии и полемики за формата и бојата на фустанот, па дали да биде краток, дали да биде долг, па да не изгледа дебело во него, па да не не и ги истакнува градите, хаос. И се очекува шнајдерот да и навлезе во главата, да и ги прочита мислите и да ја „ископа“ идеата за нејзиниот совршен фустан. Тешко на нив, јас не би имал нерви за таквите, но искуството си го праи своето, не е една таква што му дошла во дуќан. И така полека, полека, после неколку консултации ќе се создаде идеа за фустан, кој е приближен до очекувањата на госпоѓицата матурантка, но е далеку од нејзината замисла за совршенство. На кројачот му останува само да ја претвори идеата во фустан. Поминува одреден временски период, персоната се повикува за да го проба фустанот, да даде забелешки, доколку ги има и да се направат мали поправки, доколку е потребно. Матурантката го погледнува фустанот и нејзиниот лик драстично се менува, па ова не е ни приближно тоа што го бараше! На нејзиниот бес и хистерија им нема крај, кројачот, мајката на девојката и нејзината најдобра другарка ја убедуваат дека фустанот изгледа исто како на сликата, но залудно, таа се гледа во огледало и е видно разочарана од резултатот и повторно не и паѓа на памет дека проблемот е до неа, дека на нејзиното тело не и прилега таквиот фустан. Се прават милион преправки, но на крајот фустанот, каков-таков, е спремен за носење. Останатиот дел од припремите е полесен. Се што треба да направите е да најдете штикли и акцесорис што ќе одговара на фустанот и тоа е тоа.

Облеката е спремна, закажан е фризерај, фарберај, шминкерај, депилации и слично, паричникот на твоите е празен, нервите се на работ на кинење, но битно ти си среќна. За машките е по едноставно. Тие едноставно си го знаат стилот, купуваат облека од бутикот каде што секогаш купуваат, косата ја средуваат исто како и секој викенд. Тие се повеќе загрижени како да се снабдат и да „шверцнат“ алкохол во хотелот, па не иде само со сокче да се помине вечерта. Тие организираат трубачи за пред прославата, организираат афтерпарти, оние што имаат одбрано партнерка, се погрижуваат нивната партнерка да стигне до хотелот, им го олеснуваат одењето на штикли, се погрижуваат нивната партнерка да не се „испружи“ на плочките и да се избрука пред сите и слично. Мора да признаеме и тие играат голема улога во креирањето на совршената ноќ на девојките.

Стигнавме и до таа ноќ, ноќта која сите ќе ја паметат, освен оние кои уште од дома се „натрескале“ со роднините и пријателите, па немаат поима кај се и што се дешава. Целата генерација е собрана пред хотелот, тука се трубачите, тука е алкохолот, родителите, камерманите, матурантите, професорите и фештата почнува. Музика трешти, пари летаат на сите страни, „паѓаат“ ора и чочеци, па настануваат изливи на емоции и солзи кога ќе се засвири некоја песна од типот „Растајемо се ми“ и така со саати. Е за тоа време, никој не се замара дали се испотил, дали им се растурила фризурата, дали им се размачкале шминките и слично, но кога ќе дојде времето да се влезе во хотелот, каде уште од врата те дочекуваат камери и апарати, стануваш свесен за сево ова и повторно, паника и хистерија! Вадат од тоа ташничките огледала, шминки и чуда, просто неможам да се изначудам како се им собрало у тоа малото ташниче. Се потсредуваат колку-толку и заедно со партнерот под рака влегуваат во хотелот, по црвениот тепих на кој ти се јавува чувство дека си холивудска ѕвезда која влегува во кино салата да ја проследи премиерата на својот нов филм. Со самото влегување сфаќаш дека ич не си требал да влезеш! Па преубаво ти беше надвор со трубачите. Тука, те чека бенд со спремен репертоар, надвор, сам си бираш музички желби. Пеачов повеќе се занимава со желби и честитки, од типот „Поздрав од најдобрата класна на светот, од нејзиниот прекрасен клас IV-2“, одколку што пее. И целата вечер е така исценирана, што немаш време за слободни активности. Определено ти е времето за играње, за вечера, за сликање и слично. Пушачите поголемиот дел од времето се надвор, на цигара и потпивнуваат од вискито (матура е, секој може да си дозволи виски) скриено во грмушките.

Има и случаеви кога на некоја девојка и се случува она за што со вечери се молеше да не се случи, шмизлата од IV-4 има ист фустан како нејзиниот. Можеби единствената сличност е во бојата, но паранојата си го праи своето, фустаните се исти и точка. И тука паѓа во депресија, сите бродови и тонат и оваа ноќ за неа е тотален ужас. Па нели требаше да биде уникатен, мора некој да и има кажано, па оваа за инает направила „ист“.

Афтер парти!

Дискотека резервирана, за секој клас-сепаре, е тоа што триесетина души нема шанси да се сместат на едно сепаре не е проблем. Најважно е дека цела генерација е тука, кога си дел од поголема генерација интересен е моментот кога се вртиш околу себе и гледаш фаци кои врска немаш дека учеле четири години во истото школо, а има и фаци кои се толку изобличени од шминката и фризурата што неможеш да ги препознаеш.

Дискотекава ПРЕПОЛНА, сите набиени еден до друг, абе нема место да мрднеш, играњето се сведува на цупкање во место и мавтање со раце у вис, комодитет никаков, сите со болка на лицето од испогазените прсти на нозете, „убавини“. Како, така поминува и тоа, се упатуваш дома, некој веднаш, некој по ден, два. Легнуваш да спиеш, се будиш сабајлето и почнуваш разумно да размислуваш. Сфаќаш дека се било џабе, сфаќаш дека си поминал и боље, сфаќаш дека новчаникот ти е празен и дека парите „летнале“ на глупости и што е најважно стануваш свесен за тоа што допрва те чека, е тука те „лупнува“ бедот.

За година, две ќе си речеш „ех да го имав овој памет ич немаше да се замарам и онака фустанот го облеков два пат, штиклите летнаа во контињер пошо се искршија од „внимателното“ одење, а за останатите ствари немаш поим што им се десило.“

[QUOTE="Kokakolicar Eden Nizaeden, post: 87976, member: 1105"] Најчесто женската популација се решава да се упатат кај некој препорачан шнајдер и едноставно шнајдерот нивната идеа за совршениот фустан да ја претвори во реалност. Но повторно проблем, тие воопшто немаат идеа, единствено што знаат е дека нивниот фустан треба да биде совршен и посебен и никој друг во просторијата не смее да има таков, па ни сличен. Повторно дискусии и полемики за формата и бојата на фустанот, па дали да биде краток, дали да биде долг, па да не изгледа дебело во него, па да не не и ги истакнува градите, хаос. И се очекува шнајдерот да и навлезе во главата, да и ги прочита мислите и да ја „ископа“ идеата за нејзиниот совршен фустан. Тешко на нив, јас не би имал нерви за таквите, но искуството си го праи своето, не е една таква што му дошла во дуќан. И така полека, полека, после неколку консултации ќе се создаде идеа за фустан, кој е приближен до очекувањата на госпоѓицата матурантка, но е далеку од нејзината замисла за совршенство. На кројачот му останува само да ја претвори идеата во фустан. Поминува одреден временски период, персоната се повикува за да го проба фустанот, да даде забелешки, доколку ги има и да се направат мали поправки, доколку е потребно. Матурантката го погледнува фустанот и нејзиниот лик драстично се менува, па ова не е ни приближно тоа што го бараше! На нејзиниот бес и хистерија им нема крај, кројачот, мајката на девојката и нејзината најдобра другарка ја убедуваат дека фустанот изгледа исто како на сликата, но залудно, таа се гледа во огледало и е видно разочарана од резултатот и повторно не и паѓа на памет дека проблемот е до неа, дека на нејзиното тело не и прилега таквиот фустан. Се прават милион преправки, но на крајот фустанот, каков-таков, е спремен за носење. Останатиот дел од припремите е полесен. Се што треба да направите е да најдете штикли и акцесорис што ќе одговара на фустанот и тоа е тоа. Облеката е спремна, закажан е фризерај, фарберај, шминкерај, депилации и слично, паричникот на твоите е празен, нервите се на работ на кинење, но битно ти си среќна. За машките е по едноставно. Тие едноставно си го знаат стилот, купуваат облека од бутикот каде што секогаш купуваат, косата ја средуваат исто како и секој викенд. Тие се повеќе загрижени како да се снабдат и да „шверцнат“ алкохол во хотелот, па не иде само со сокче да се помине вечерта. Тие организираат трубачи за пред прославата, организираат афтерпарти, оние што имаат одбрано партнерка, се погрижуваат нивната партнерка да стигне до хотелот, им го олеснуваат одењето на штикли, се погрижуваат нивната партнерка да не се „испружи“ на плочките и да се избрука пред сите и слично. Мора да признаеме и тие играат голема улога во креирањето на совршената ноќ на девојките. Стигнавме и до таа ноќ, ноќта која сите ќе ја паметат, освен оние кои уште од дома се „натрескале“ со роднините и пријателите, па немаат поима кај се и што се дешава. Целата генерација е собрана пред хотелот, тука се трубачите, тука е алкохолот, родителите, камерманите, матурантите, професорите и фештата почнува. Музика трешти, пари летаат на сите страни, „паѓаат“ ора и чочеци, па настануваат изливи на емоции и солзи кога ќе се засвири некоја песна од типот „Растајемо се ми“ и така со саати. Е за тоа време, никој не се замара дали се испотил, дали им се растурила фризурата, дали им се размачкале шминките и слично, но кога ќе дојде времето да се влезе во хотелот, каде уште од врата те дочекуваат камери и апарати, стануваш свесен за сево ова и повторно, паника и хистерија! Вадат од тоа ташничките огледала, шминки и чуда, просто неможам да се изначудам како се им собрало у тоа малото ташниче. Се потсредуваат колку-толку и заедно со партнерот под рака влегуваат во хотелот, по црвениот тепих на кој ти се јавува чувство дека си холивудска ѕвезда која влегува во кино салата да ја проследи премиерата на својот нов филм. Со самото влегување сфаќаш дека ич не си требал да влезеш! Па преубаво ти беше надвор со трубачите. Тука, те чека бенд со спремен репертоар, надвор, сам си бираш музички желби. Пеачов повеќе се занимава со желби и честитки, од типот „Поздрав од најдобрата класна на светот, од нејзиниот прекрасен клас IV-2“, одколку што пее. И целата вечер е така исценирана, што немаш време за слободни активности. Определено ти е времето за играње, за вечера, за сликање и слично. Пушачите поголемиот дел од времето се надвор, на цигара и потпивнуваат од вискито (матура е, секој може да си дозволи виски) скриено во грмушките. Има и случаеви кога на некоја девојка и се случува она за што со вечери се молеше да не се случи, шмизлата од IV-4 има ист фустан како нејзиниот. Можеби единствената сличност е во бојата, но паранојата си го праи своето, фустаните се исти и точка. И тука паѓа во депресија, сите бродови и тонат и оваа ноќ за неа е тотален ужас. Па нели требаше да биде уникатен, мора некој да и има кажано, па оваа за инает направила „ист“. Афтер парти! Дискотека резервирана, за секој клас-сепаре, е тоа што триесетина души нема шанси да се сместат на едно сепаре не е проблем. Најважно е дека цела генерација е тука, кога си дел од поголема генерација интересен е моментот кога се вртиш околу себе и гледаш фаци кои врска немаш дека учеле четири години во истото школо, а има и фаци кои се толку изобличени од шминката и фризурата што неможеш да ги препознаеш. Дискотекава ПРЕПОЛНА, сите набиени еден до друг, абе нема место да мрднеш, играњето се сведува на цупкање во место и мавтање со раце у вис, комодитет никаков, сите со болка на лицето од испогазените прсти на нозете, „убавини“. Како, така поминува и тоа, се упатуваш дома, некој веднаш, некој по ден, два. Легнуваш да спиеш, се будиш сабајлето и почнуваш разумно да размислуваш. Сфаќаш дека се било џабе, сфаќаш дека си поминал и боље, сфаќаш дека новчаникот ти е празен и дека парите „летнале“ на глупости и што е најважно стануваш свесен за тоа што допрва те чека, е тука те „лупнува“ бедот. За година, две ќе си речеш „ех да го имав овој памет ич немаше да се замарам и онака фустанот го облеков два пат, штиклите летнаа во контињер пошо се искршија од „внимателното“ одење, а за останатите ствари немаш поим што им се десило.“ [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Колумни
Матурска треска
На врв
Bottom