Македонски Градови

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
418
711
1,103
Ајде на оваа тема да ги опишеме убавините на нашите градови или градовите во македонија кои сме ги посетиле, местата кои треба да се посетат, историјата, забавниот живот и сл....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and The Tramp

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
Сум била во повеќето градови во Македонија ... Битола си е Битола дека живеам тука зато за мене си е најубава // Широк сокак кој без разлика на годишното време е секогаш полн... тука е и Пелистер ..убавата молика... која ја имаме само ние , ноќниот живот во Битола е секогаш активен .. клубовите како Позитив, и добро познатиот Расчекор се полни, од студенски забави до секој дневни излегувања, денската шема е сигурно по кафичите низ корзо, паркот па потоа тумбе кафе од каде погледот е прекрасен цела Бт. ти е пред очи убаво е .. Исто имаме и богата историја , музеите како што е и еден во чест на Кемал Ататурк го докажуваат тоа , потоа античка Херахлеа мозаиците и новорпонајдените предмети докажуваат од кога датира овај град .. Монастири името кое турците и го дадоа на битола во чест на тоа што имало многу цркви во градот .. ... но сепак кога би морала да бирам да ја напуштам за др град ... Би го одбрала Охрид или Струмица ... онака ми се најблиски во срцето .. се чувствувам како дома ... Скопје е убаво но имаат многу брз живот .. зато отпаѓа .. Прилеп исто така е град кој ми се допаѓа .. Кавадарци исто ми се допаѓа... Сите ги имаат една посебна убавина и се убави на свој начин .. ама Битола си е Битола една ни е !
 

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
не е баш секогаш вака ама има денови (ете како вчера) .. посебно ми се бендиса ова лето белата ноќ или ноќ во бело кога цела Бт ми се чини беше излезена .. и сите (скоро) во бело .. на затворање на битолско лето.. кога настапуваше Кирил Џајковски ... Посебно во пролет лето е многу убо .. треба да ми дојдите на гости !!:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
не е баш секогаш вака ама има денови (ете како вчера) .. посебно ми се бендиса ова лето белата ноќ или ноќ во бело кога цела Бт ми се чини беше излезена .. и сите (скоро) во бело .. на затворање на битолско лето.. кога настапуваше Кирил Џајковски ... Посебно во пролет лето е многу убо .. треба да ми дојдите на гости !!:)
Битола сум секоја недела и просто ја обожавам, особено на пролет, негде мај месец......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee, mAcIkA and ema09

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
на -30 во битола се пиеше кафе надвор на широк сокак... еј да ве видам во другите градови да го напрајте то....
хаха со Битола не си можиме..Конзули сте ви ..Битолска Кабадаја не е за џабе :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee, ema09 and Jackal

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
418
711
1,103
Битола на широк сокак просто ќејф да ти е да пиеш кафе... Женски со штикли и минични без разлика дали е -20 или + 50 степени... Фино кафенце, не толку скапо и убав поглед по битолчанки.... Мерациии...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee