Мадона

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мадона е синоним за контроверзи. Уште од започнувањето на кариерата, па сè до денешен ден успешно манипулира со медиумите нудејќи им контроверзи кои постојано ги полнат весниците. Мадона и медиумите уште на почетокот на нејзината кариера како да склучија брак од интерес, кој со децении се покажува како успешен.
Ако почне човек да реди што сè направи поп кралицата за да го одржи вниманието кон себе ќе нема ред на набројувањето, од мастурбација на сцена, религиско сквернавење, користење свастика, па до стриптиз, Мадона речиси ги надмина сите граници на пристојното. A медиумите постојано информираат за нејзините најнови испади кои редовно се на сцена. Тоа ја става некаде на врвот на медиумски манипуланти.