Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач
.
Порака
<blockquote data-quote="Achernar" data-source="post: 373943" data-attributes="member: 3190"><p>Таа зора пред да заминам, те прегрнав гледајќи го градот како фенери тивко во бледата темнина. Те прегрнав сонлива, а левата дланка ја мушнав меѓу твоите гради. Ти ја мирисав косата долго и ти го чувствував секое отчукување на срцето, тогаш само помислив колку сум жив во тебе, едвај, се насмеав, а на радио одеше погребен марш, најверојатно требаше љубовна песна, но кому му е гајле и така бевме опиени со т'га, највкусна ти била, мене сеедна.</p><p>Утрово случајно во кола повторно истата соната, не знам зошто ме потсети на тебе и ништо не ми беше јасно, а дополнително ме фати некоја смеа, да можев барем да ја поделам со тебе, кога ќе ми текне на сите глупости поминати заедно. Така си продолжив во мислите со монолог пред тебе и се потсетив на една твоја мисла дека секој си е автор на својот живот. Се подзамислив малку и влегов во маркет, поминав покрај рафтовите со вино и погоди, не купив т'га, не ми беше сеедно, знаеш, уствари не знаеш, ти посакав убавина чекорот да ти го прати, но таа глупава носталгија научив да ја бришам во мојата книга, трудејќи се да запишувам нови зборови и засега добро ми оди, а за старите добри времиња, нека останат таму каде што се. Дур се вртиш и гледаш зад себе исполнет живот, на прав пат си, а ти беше само дел од него, толку е едноставно.</p><p>Тука требаше се да заврши, но ми текна на уште една твоја мисла, ј***ш карактер који није лабилан. Така фино си се вратив кај рафтовите ко млада невеста и земав две флаши, со чувство дека ми ги читаш мислите од негде. Среќа маска носам и не се приметувам дека се смеам сам со себе, или со тебе на некој магичен начин, кој знае.</p></blockquote><p></p>
[QUOTE="Achernar, post: 373943, member: 3190"] Таа зора пред да заминам, те прегрнав гледајќи го градот како фенери тивко во бледата темнина. Те прегрнав сонлива, а левата дланка ја мушнав меѓу твоите гради. Ти ја мирисав косата долго и ти го чувствував секое отчукување на срцето, тогаш само помислив колку сум жив во тебе, едвај, се насмеав, а на радио одеше погребен марш, најверојатно требаше љубовна песна, но кому му е гајле и така бевме опиени со т'га, највкусна ти била, мене сеедна. Утрово случајно во кола повторно истата соната, не знам зошто ме потсети на тебе и ништо не ми беше јасно, а дополнително ме фати некоја смеа, да можев барем да ја поделам со тебе, кога ќе ми текне на сите глупости поминати заедно. Така си продолжив во мислите со монолог пред тебе и се потсетив на една твоја мисла дека секој си е автор на својот живот. Се подзамислив малку и влегов во маркет, поминав покрај рафтовите со вино и погоди, не купив т'га, не ми беше сеедно, знаеш, уствари не знаеш, ти посакав убавина чекорот да ти го прати, но таа глупава носталгија научив да ја бришам во мојата книга, трудејќи се да запишувам нови зборови и засега добро ми оди, а за старите добри времиња, нека останат таму каде што се. Дур се вртиш и гледаш зад себе исполнет живот, на прав пат си, а ти беше само дел од него, толку е едноставно. Тука требаше се да заврши, но ми текна на уште една твоја мисла, ј***ш карактер који није лабилан. Така фино си се вратив кај рафтовите ко млада невеста и земав две флаши, со чувство дека ми ги читаш мислите од негде. Среќа маска носам и не се приметувам дека се смеам сам со себе, или со тебе на некој магичен начин, кој знае. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom