Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач
.
Порака
<blockquote data-quote="Achernar" data-source="post: 360376" data-attributes="member: 3190"><p>Се сеќаваш ли колку бев пијан кога прв пат се запознавме, утредента мислев дека имаш големи гради, за да ми се разбистриш во главата кога се видовме вториот пат и си помислив, еј ама се издишале. Колку родендени прославивме заедно, пет, а и тие после нас ги бројам затоа што твојот е четири дена после мојот, како цела вечност да те познавам. Се сеќаваш ли кога бевме во Ефес, во куќата на Богородица, кога ме фати за уши и ме внесе внатре, знаеше дека не сум по тие нешта, ги паметиш ли пораките кои ги закачивме врз ѕидот, ти посака со мене животот да го поминеш, јас пак мир во светот, гледаш ни едното ни другото не се оствари, но успеав машките од твоето друштво да ги опијанам и да ги натерам голи да влезат во морето и тоа сосе ајнцер и пијачки, абе кој за што го бива. Се сеќаваш ли дека намерно ми ставаше ќечап во пицата, а знаеше дека не го јадам, сега ми е тоа толку симпатично, ама друго време е. Едно знам нема никогаш да го заборавиш, кога се скаравме знаеш за што и кога дојдов со канцелариско столче и седнав пред твојата зграда, па мораше да ме прибереш и ми простиш да не фаќаат сеир комшиите. Како сношти да беше кога бев на стража, премногу беше студено, а ти дојде, ме прегрна и ме бакна преку ниската ограда, не фатија камерите, ама ми беше гајле. Памтиш ли пред Лаки кога фрлавме паричка, кој да ја остави личната карта на рецепција. Се сеќаваш ли кога те изневерив првиот пат, колку ми беше лута, а јас бев драматичен дури и два шамара си мавнав, за да те убедам да останеш со мене. Толку нешта рандом си припомнив денес, ама ќе сочувам само за мене и знаеш убаво ми е на душава. Колку ноќи поминавме заедно, а каде си сега ти, каде сум сега јас, ебати љубовната приказна, погоди кој ја заеба. Ти благодарам што ме гушна денеска два пати, имаш преубави деца и не мораше да ми кажеш дека можеа да бидат мои.</p></blockquote><p></p>
[QUOTE="Achernar, post: 360376, member: 3190"] Се сеќаваш ли колку бев пијан кога прв пат се запознавме, утредента мислев дека имаш големи гради, за да ми се разбистриш во главата кога се видовме вториот пат и си помислив, еј ама се издишале. Колку родендени прославивме заедно, пет, а и тие после нас ги бројам затоа што твојот е четири дена после мојот, како цела вечност да те познавам. Се сеќаваш ли кога бевме во Ефес, во куќата на Богородица, кога ме фати за уши и ме внесе внатре, знаеше дека не сум по тие нешта, ги паметиш ли пораките кои ги закачивме врз ѕидот, ти посака со мене животот да го поминеш, јас пак мир во светот, гледаш ни едното ни другото не се оствари, но успеав машките од твоето друштво да ги опијанам и да ги натерам голи да влезат во морето и тоа сосе ајнцер и пијачки, абе кој за што го бива. Се сеќаваш ли дека намерно ми ставаше ќечап во пицата, а знаеше дека не го јадам, сега ми е тоа толку симпатично, ама друго време е. Едно знам нема никогаш да го заборавиш, кога се скаравме знаеш за што и кога дојдов со канцелариско столче и седнав пред твојата зграда, па мораше да ме прибереш и ми простиш да не фаќаат сеир комшиите. Како сношти да беше кога бев на стража, премногу беше студено, а ти дојде, ме прегрна и ме бакна преку ниската ограда, не фатија камерите, ама ми беше гајле. Памтиш ли пред Лаки кога фрлавме паричка, кој да ја остави личната карта на рецепција. Се сеќаваш ли кога те изневерив првиот пат, колку ми беше лута, а јас бев драматичен дури и два шамара си мавнав, за да те убедам да останеш со мене. Толку нешта рандом си припомнив денес, ама ќе сочувам само за мене и знаеш убаво ми е на душава. Колку ноќи поминавме заедно, а каде си сега ти, каде сум сега јас, ебати љубовната приказна, погоди кој ја заеба. Ти благодарам што ме гушна денеска два пати, имаш преубави деца и не мораше да ми кажеш дека можеа да бидат мои. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom