Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Здраво дневнику мој најубав

Многу денови поминаа без да ти ги раскажувам, а беа вредни за раскажување, но денешниов ке надомести

Се разбудив, се почувствував одлично... одморена и среќна, полна со енергија набрзина се спремав за да излезам. Ги средив децата на брзина, ги оставив на чување, со љубовта моја и со најверната четвороножна пријателка Бела, тргнавме во нови авантури на највисоката планина во околинава. Невозможно е да ти опишам што се видовме по пат, но се беше прекрасно. Ден после дожд, земјата - влажна и миризлива, шумата - густа, едвај проодна но полна со разни мали шумски богатства, со пречиста изворска вода, капини, шипинки, глогови, дренки, лешници, печурки, кантарион и што се не...

Прекрано е таму горе, посебно кога ке се искачиш на врв на чистинка и кога со поглед можеш да ги опфатиш малите ридчиња на кои мирно, спокојно си пасат кози, крави и коњи придружувани од некој кроток старец. Можеш да им ги слушнеш ѕвоната што ги носат на врат и тоа ти влева чувсто на некоја сигурност, дека си пак тука некаде каде што нема голема опасност и дека нема да се изгубиш низ стрмната шума.

Кога тргнавме, најверојатно од големата желба да се изгубиме во прекрасната природа, заборавивме да си понесеме храна, вода и фотоапарат. За првите две не ми е криво, бидејки освен планинските, чисти поточиња најдовме и една мала чешмичка, а за чудо храна не ни беше потреба, цел ден не почувствувавме глад воопшто.

Цело време пешачевме и не почувствувавме умор, не ни се седеше на едно место. Како деца мали радосно се стрчувавме секогаш кога ке видевме печурка или некоја леска сеуште необерена од селаните, а такви ги немаше многу. Ги наполнивме кесите со мали црвени плодови од глог, капини, шипинки, лешници, црни трубички и по некој врган. Ги наполнивме белите дробови со чист воздух. Ги наполнивме очите со зеленило. Ги наполнивме душите со убавина, мир, спокој и среќа...

Кога спонтано одлучивме дека ке го фатиме патот за назад, почна да роси. Беше преубаво искуство, поубав ситен дожд не сум почувствувала. За среќа не заврна јако, но и да заврнеше немаше да ни смени ништо, можеби и ке бевме уште по возбудени од целото доживување. Одејки по патот назад, од височините го гледавме градот и неколкуте околни села. Си помислив на сите луѓе кои во моментов се принудени да живеат живот на робот поради личната егзистенција. Истовремено бев среќна што сум далеку, далеку од еден таков живот.

Како што се доближувавме во селото, така возбудата стивнуваше, но сепак чувството на среќа беше тука и сеуште е.

Почувствувавме глад истата секунда кога влеговме дома и јадевме многу обилно со голем апетит и со таква сласт што едноставно не можеш а да не си помислиш дека едноставно си му благодарен на бог за својот живот и за можноста да ги почувствуваш сите задоволства кои ги чувствуваш во тој момент.

Потоа обврските ме превземаа во свои раце и денот почна да одминува. Иако после ваква прошетка не ми се седи пред компјутер, морам поради работата и поради некои луѓе кои ми се драги а во моментов не ми се близу. Но доброто е што и таму ме начекаа убави нешта и ми го исполнија срцето со радост. Една нова соработка сосема ми го смени секојдневието и ми ја промени перцепцијата кон некои нешта. Почнувам да растам, но во добра смисла, во уметнчка и професионална, а природата околу мене ми го чисти умот и ми ја полни душата и сега можам сосема искрено да творам, со цела преданост без страв дали некому ке му се допадне и дали ке се продаде...

Остатоkот од денот е наменет за мали, но големи задоволства, за убава вечера, добар филм, разговори и гушкања, свирење гитара...за мали прошетки ред спиење, читање книга, медитација можеби... или за скокоткање со малите, играње црн петко, читање некоја приказна или некој цртан филм...

Дневниче мое најсакано... веруваш ли дека скоро секој ден ми е ваков? Дека нема повеке притисоци и нешта што морам да ги правам иако несакам? Веруваш ли дека секој ден се будам со полно срце?

Има и мали падови, има и разочарувања, страв и несигурност, но сето тоа е толку мало во споредба со радоста и слободата која ја чувствувам.

Овде никој не ме присилува да пораснам. Тка можам да си играм колку што сакам и да се радувам до бескрај.

[QUOTE="malo, post: 355067, member: 1867"] Здраво дневнику мој најубав Многу денови поминаа без да ти ги раскажувам, а беа вредни за раскажување, но денешниов ке надомести :) Се разбудив, се почувствував одлично... одморена и среќна, полна со енергија набрзина се спремав за да излезам. Ги средив децата на брзина, ги оставив на чување, со љубовта моја и со најверната четвороножна пријателка Бела, тргнавме во нови авантури на највисоката планина во околинава. Невозможно е да ти опишам што се видовме по пат, но се беше прекрасно. Ден после дожд, земјата - влажна и миризлива, шумата - густа, едвај проодна но полна со разни мали шумски богатства, со пречиста изворска вода, капини, шипинки, глогови, дренки, лешници, печурки, кантарион и што се не... Прекрано е таму горе, посебно кога ке се искачиш на врв на чистинка и кога со поглед можеш да ги опфатиш малите ридчиња на кои мирно, спокојно си пасат кози, крави и коњи придружувани од некој кроток старец. Можеш да им ги слушнеш ѕвоната што ги носат на врат и тоа ти влева чувсто на некоја сигурност, дека си пак тука некаде каде што нема голема опасност и дека нема да се изгубиш низ стрмната шума. Кога тргнавме, најверојатно од големата желба да се изгубиме во прекрасната природа, заборавивме да си понесеме храна, вода и фотоапарат. За првите две не ми е криво, бидејки освен планинските, чисти поточиња најдовме и една мала чешмичка, а за чудо храна не ни беше потреба, цел ден не почувствувавме глад воопшто. Цело време пешачевме и не почувствувавме умор, не ни се седеше на едно место. Како деца мали радосно се стрчувавме секогаш кога ке видевме печурка или некоја леска сеуште необерена од селаните, а такви ги немаше многу. Ги наполнивме кесите со мали црвени плодови од глог, капини, шипинки, лешници, црни трубички и по некој врган. Ги наполнивме белите дробови со чист воздух. Ги наполнивме очите со зеленило. Ги наполнивме душите со убавина, мир, спокој и среќа... Кога спонтано одлучивме дека ке го фатиме патот за назад, почна да роси. Беше преубаво искуство, поубав ситен дожд не сум почувствувала. За среќа не заврна јако, но и да заврнеше немаше да ни смени ништо, можеби и ке бевме уште по возбудени од целото доживување. Одејки по патот назад, од височините го гледавме градот и неколкуте околни села. Си помислив на сите луѓе кои во моментов се принудени да живеат живот на робот поради личната егзистенција. Истовремено бев среќна што сум далеку, далеку од еден таков живот. Како што се доближувавме во селото, така возбудата стивнуваше, но сепак чувството на среќа беше тука и сеуште е. Почувствувавме глад истата секунда кога влеговме дома и јадевме многу обилно со голем апетит и со таква сласт што едноставно не можеш а да не си помислиш дека едноставно си му благодарен на бог за својот живот и за можноста да ги почувствуваш сите задоволства кои ги чувствуваш во тој момент. Потоа обврските ме превземаа во свои раце и денот почна да одминува. Иако после ваква прошетка не ми се седи пред компјутер, морам поради работата и поради некои луѓе кои ми се драги а во моментов не ми се близу. Но доброто е што и таму ме начекаа убави нешта и ми го исполнија срцето со радост. Една нова соработка сосема ми го смени секојдневието и ми ја промени перцепцијата кон некои нешта. Почнувам да растам, но во добра смисла, во уметнчка и професионална, а природата околу мене ми го чисти умот и ми ја полни душата и сега можам сосема искрено да творам, со цела преданост без страв дали некому ке му се допадне и дали ке се продаде... Остатоkот од денот е наменет за мали, но големи задоволства, за убава вечера, добар филм, разговори и гушкања, свирење гитара...за мали прошетки ред спиење, читање книга, медитација можеби... или за скокоткање со малите, играње црн петко, читање некоја приказна или некој цртан филм... Дневниче мое најсакано... веруваш ли дека скоро секој ден ми е ваков? Дека нема повеке притисоци и нешта што морам да ги правам иако несакам? Веруваш ли дека секој ден се будам со полно срце? Има и мали падови, има и разочарувања, страв и несигурност, но сето тоа е толку мало во споредба со радоста и слободата која ја чувствувам. Овде никој не ме присилува да пораснам. Тка можам да си играм колку што сакам и да се радувам до бескрај. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom