Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Знаеш, на луѓето им е тешко да поверуваат дека е можно дури и на дрдорлива особа како мене понекогаш да не и се прави муабет. Не за друго, напорно ми е. Сакам да постои начин некому целосно да се отворам, да се искажам, без тоа да биде проследено со милион прашања, критики, или пак, најлошо, бедни обиди за утеха. Не ми треба помош, не ми треба совет, ми треба само некој што ќе ме слуша, иако 90% од работите што ќе ги кажам меѓусебно се контрадикторни, а останатите 10% веројатно немаат никаква смисла. Појма немам зошто.

Како што се ближи крајот на годината, како и секогаш малку прерано, почнувам да ги средувам впечатоците од истата. За разлика од 2014, која беше прилично мирна и монотона година, оваа беше полна со угорнини и удолници, кревања и паѓања, краеви и нови почетоци... и пак краеви. Иако во ниеден момент не ми се чинеше така, ретроспективно гледано годинава се покажа како не толку лоша за мене. Со почетокот на 2015 исфрлив од мојот живот се што беше старо и труло. И предмети, и луѓе, и спомени. Уште ме боли за некои од нив, ама редно беше да почнам да мислам на себе, да гледам кон иднината наместо да се држам грчевито за пеплосаните остатоци од минатото. Моментално сум во период кога не знам ни што сакам, ни што правам, ни што планирам за во иднина. Буквално живеам од денес за утре, што е сосема нетипично за мене. Ама ако. Можеби и ми требаше таков период за да се олабавам малку, да не се замарам за се и сешто и да престанам да се понашам како целиот живот да ми е испланиран.

Имам уште 140 денари во новчаник. Ебани 140 денари, а плата нема да земам бар уште две недели. Нема ни за цигари. Не сум некој страствен пушач, ама секад кога ќе останам без пари, прво на што помислувам се цигари. Појма немам зошто.

Почнав пак со диета. Појма немам зошто. Веќе ја достигнав посакуваната тежина, не сакам уште да слабеам. Ама едноставно, убаво се осеќам кога сум на диета. Бар имам некаква цел во животот. Се надевам нема многу да намалам. Нејќам да станам коски и кожа.

Два месеци очајно сакам да го видам. Сега, кога ми се укажува прилика, на секој можен начин ја избегнувам. Појма немам зошто. Веројатно затоа што ако конечно се видиме, веќе нема да остане простор за надеж. Ќе знаеме точно на што сме. А на мазохист како мене му е потребна таа драма во животот. Мислам дека веќе и чувствата ми избледеа. Не исчезнаа, ама сепак, интензитетот значително им се намали. Премногу труд вложив во ова. Во нас. Веќе немам желба да се трудам.

Ситуацијата на моите е полоша од било кога. Ама сепак, сите се надеваме дека ќе биде подобро. Полошо и онака не може. Малку криво ми е кога ќе видам дека најдобрите луѓе ги снаоѓа најлоша судбина. Ме демотивира. Ама нема што да се прави, само да се стиснат заби и да се истурка и ова. Никогаш не сум била претерано блиска со никој од семејството, но во последно време страшно ми фали прегратка од мајка ми. Сакам да и легнам во скут и додека ме гали по косата да плачам како мало дете, додека не исфрлам се што се насобрало последниве десетина години.

А и покрај се, не си дозволувам да паднам. Верувам во подобро утре, во посветло утре. Можеби 2016 ќе биде пресвртна во мојот свет. Имам такво претчувство. А појма немам зошто.

[QUOTE="Doreah, post: 331701, member: 3068"] Знаеш, на луѓето им е тешко да поверуваат дека е можно дури и на дрдорлива особа како мене понекогаш да не и се прави муабет. Не за друго, напорно ми е. Сакам да постои начин некому целосно да се отворам, да се искажам, без тоа да биде проследено со милион прашања, критики, или пак, најлошо, бедни обиди за утеха. Не ми треба помош, не ми треба совет, ми треба само некој што ќе ме слуша, иако 90% од работите што ќе ги кажам меѓусебно се контрадикторни, а останатите 10% веројатно немаат никаква смисла. Појма немам зошто. Како што се ближи крајот на годината, како и секогаш малку прерано, почнувам да ги средувам впечатоците од истата. За разлика од 2014, која беше прилично мирна и монотона година, оваа беше полна со угорнини и удолници, кревања и паѓања, краеви и нови почетоци... и пак краеви. Иако во ниеден момент не ми се чинеше така, ретроспективно гледано годинава се покажа како не толку лоша за мене. Со почетокот на 2015 исфрлив од мојот живот се што беше старо и труло. И предмети, и луѓе, и спомени. Уште ме боли за некои од нив, ама редно беше да почнам да мислам на себе, да гледам кон иднината наместо да се држам грчевито за пеплосаните остатоци од минатото. Моментално сум во период кога не знам ни што сакам, ни што правам, ни што планирам за во иднина. Буквално живеам од денес за утре, што е сосема нетипично за мене. Ама ако. Можеби и ми требаше таков период за да се олабавам малку, да не се замарам за се и сешто и да престанам да се понашам како целиот живот да ми е испланиран. Имам уште 140 денари во новчаник. Ебани 140 денари, а плата нема да земам бар уште две недели. Нема ни за цигари. Не сум некој страствен пушач, ама секад кога ќе останам без пари, прво на што помислувам се цигари. Појма немам зошто. Почнав пак со диета. Појма немам зошто. Веќе ја достигнав посакуваната тежина, не сакам уште да слабеам. Ама едноставно, убаво се осеќам кога сум на диета. Бар имам некаква цел во животот. Се надевам нема многу да намалам. Нејќам да станам коски и кожа. Два месеци очајно сакам да го видам. Сега, кога ми се укажува прилика, на секој можен начин ја избегнувам. Појма немам зошто. Веројатно затоа што ако конечно се видиме, веќе нема да остане простор за надеж. Ќе знаеме точно на што сме. А на мазохист како мене му е потребна таа драма во животот. Мислам дека веќе и чувствата ми избледеа. Не исчезнаа, ама сепак, интензитетот значително им се намали. Премногу труд вложив во ова. Во нас. Веќе немам желба да се трудам. Ситуацијата на моите е полоша од било кога. Ама сепак, сите се надеваме дека ќе биде подобро. Полошо и онака не може. Малку криво ми е кога ќе видам дека најдобрите луѓе ги снаоѓа најлоша судбина. Ме демотивира. Ама нема што да се прави, само да се стиснат заби и да се истурка и ова. Никогаш не сум била претерано блиска со никој од семејството, но во последно време страшно ми фали прегратка од мајка ми. Сакам да и легнам во скут и додека ме гали по косата да плачам како мало дете, додека не исфрлам се што се насобрало последниве десетина години. А и покрај се, не си дозволувам да паднам. Верувам во подобро утре, во посветло утре. Можеби 2016 ќе биде пресвртна во мојот свет. Имам такво претчувство. А појма немам зошто. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom