Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Е, пак јас. Доза песимизам.

Кога мислиш дека е доста паѓање, Mr. Reality е тука да ти удри шамариште кое ќе те освести и ќе ти ги стави сите твои неуспеси пред тебе да можеш да ги гледаш подобро. Почнаа цревава да ми се превртуваат, адреналин доволно да рестартира срце и заби кои што само чкрипат.

Којзнае колку пати кога се враќам накај дома си замислувам како автобусот се превртува во доловите, не знам дали ќе сум среќен во таков момент затоа што би значело „Mr. Reality, f u.“ затоа што нема да морам да се соочам со ниту еден неуспех или би бил лут што ќе има толку многу работи кои никогаш нема да имам можност да ги постигнам. Дали постои чувство кое е микс од среќа и лутина? Лута среќа?

Само човек како мене може да изгуби 3 години размислувајќи за една ситуација која што има само две можности. Е да, ама последиците кои што ги носат тие две можности се многу и ете колку ми требаше мене за да почувствувам немоќ за да ги пресметам сите ситуации кои би произлегле од тие две можности. Ментална стагнација, преокупираност со само едно нешто и страв од соочување со ситуацијата затоа што немам решение за секоја ситуација која сум ја предвидел е тоа што ми се случуваше. Психата ми е дотолчена до степен да дома се карам затоа што ми пречи било каков звук кога сакам тишина и решението - памук во уши, затворање во темна соба и туткање во еден ќош дури да ми помине нервозата.

Седејќи во тишина и мрак размислувајќи за зборовите на Артур Шопенхауер кој сметал дека секој човек треба животот да го заврши со самоубиство сфаќаш колку бил во право, но истовремено само момент помислувајќи на Енри Поанкаре ти доаѓа пред тебе борбата на слободната волја и предетерминираноста на универзумот. Што ако самоубиството е предетерминиран акт кој што е неминовен да се случи? Дали тогаш целиот гнев и целото тажење од околината е од толкава важност знаејќи дека тоа е целото само предетерминиран настан кој е неминовно да се случи? И пак забегување со универзумот сѐ до моментот кога не ти текнува дека си на ладно и дека сакаш да се стоплиш.

Да се биде затворен до крај или не? Тоа е моето прашање. Три години се трудев пред некого да бидам целосно затворен со цел да не дозволам влијание врз двете можности и само да си ја отежнам пресметката... три залудни години обидувајќи се да си дадам одговор и да го задоволам внатрешниот глас кој што одекнува.

Да или не?

Зошто?

[QUOTE="existence, post: 331681, member: 621"] Е, пак јас. Доза песимизам. Кога мислиш дека е доста паѓање, Mr. Reality е тука да ти удри шамариште кое ќе те освести и ќе ти ги стави сите твои неуспеси пред тебе да можеш да ги гледаш подобро. Почнаа цревава да ми се превртуваат, адреналин доволно да рестартира срце и заби кои што само чкрипат. Којзнае колку пати кога се враќам накај дома си замислувам како автобусот се превртува во доловите, не знам дали ќе сум среќен во таков момент затоа што би значело „Mr. Reality, f u.“ затоа што нема да морам да се соочам со ниту еден неуспех или би бил лут што ќе има толку многу работи кои никогаш нема да имам можност да ги постигнам. Дали постои чувство кое е микс од среќа и лутина? Лута среќа? Само човек како мене може да изгуби 3 години размислувајќи за една ситуација која што има само две можности. Е да, ама последиците кои што ги носат тие две можности се многу и ете колку ми требаше мене за да почувствувам немоќ за да ги пресметам сите ситуации кои би произлегле од тие две можности. Ментална стагнација, преокупираност со само едно нешто и страв од соочување со ситуацијата затоа што немам решение за секоја ситуација која сум ја предвидел е тоа што ми се случуваше. Психата ми е дотолчена до степен да дома се карам затоа што ми пречи било каков звук кога сакам тишина и решението - памук во уши, затворање во темна соба и туткање во еден ќош дури да ми помине нервозата. Седејќи во тишина и мрак размислувајќи за зборовите на Артур Шопенхауер кој сметал дека секој човек треба животот да го заврши со самоубиство сфаќаш колку бил во право, но истовремено само момент помислувајќи на Енри Поанкаре ти доаѓа пред тебе борбата на слободната волја и предетерминираноста на универзумот. Што ако самоубиството е предетерминиран акт кој што е неминовен да се случи? Дали тогаш целиот гнев и целото тажење од околината е од толкава важност знаејќи дека тоа е целото само предетерминиран настан кој е неминовно да се случи? И пак забегување со универзумот сѐ до моментот кога не ти текнува дека си на ладно и дека сакаш да се стоплиш. Да се биде затворен до крај или не? Тоа е моето прашање. Три години се трудев пред некого да бидам целосно затворен со цел да не дозволам влијание врз двете можности и само да си ја отежнам пресметката... три залудни години обидувајќи се да си дадам одговор и да го задоволам внатрешниот глас кој што одекнува. Да или не? Зошто? [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom