Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Во светот на богатите се е така едноставно,средено и без проблеми.Навидум.Го запишав малиот на фудбал,денес го имаше првиот тренинг,а таму одат само оние деца чии родители се добро ситуирани.

Сосем друга слика на луѓе него онаа мене позната.

Не е да се чувствував маловредна или слично.Воопшто не,секаде каде и да се наоѓам се чувствувам добредојдена,така да немам такви проблеми,меѓутоа има нешто....

Луѓето се поинакви него оние со кои работам и тоа ми се разјасни денеска.

Богати и сиромашни..

Адвокати и разбојници.Кој контраст на круговите во кои се движам.Се трудам да воспоставам баланс измеѓу и сепак и таму и таму да останам иста.

Вчера го запознав А.Не е нова љубов или слично туку некој кој ете така ми влезе во срцево.Седнав до него и случајно ми падна во очи книгичката која лежеше на биро.

Ја земав,пролистав и прашав:

Драма?

Не поезија.

Аха..

Ми раскажа дека црта графити и пишува поезија,слободна душа е.Дете на улицата.

Ми рече дека е бездомник,ми рече дека се бори да успее во животот.Девојка му богаташка му го земала правото да ја гледа ќерка му.10 месеци стара.

Доаѓа од Берлин и нема никој овде.Сам е.Фамилијата му е во Берлин.Седев до него и ја слушав неговата приказна.

Направив фајронт и цело попладне ковав планови како да му помогнам да си го среди животот.Не ми излезе од глава до доцна во ноќта.

Денес почнав да работам со интензивни тренинзи со него и постојано го држам на пик.

Ме праша:Толку ли сум лош да мораш да работиш постојано со мене?

Не,му одговорив.Сакам да постанеш профи агент,така ќе имаш повеќе пари,ќе можеш да си овозможиш пристоен дом и на тој начин ќе имаш право да ја гледаш малата.

Ми кажа и дека учествувал често на поетри слем вечери со негови поеми и дека не може да го прави тоа овде(во овој град) затоа што има социјална фобија.Рече му треба некој во публика кој ќе го смирува.Познато лице.

И ќе одам со него на поетри слем.Ќе бидам тоа познато лице за него.

Сакам да му помогнам да се искачи нагоре.Не знам зошто битен ми е.

Моето место не е во светот на богатите.Таму е измеѓу бездомниците.Таму измеѓу децата на улицата.

[QUOTE="Lena, post: 327204, member: 1970"] Во светот на богатите се е така едноставно,средено и без проблеми.Навидум.Го запишав малиот на фудбал,денес го имаше првиот тренинг,а таму одат само оние деца чии родители се добро ситуирани. Сосем друга слика на луѓе него онаа мене позната. Не е да се чувствував маловредна или слично.Воопшто не,секаде каде и да се наоѓам се чувствувам добредојдена,така да немам такви проблеми,меѓутоа има нешто.... Луѓето се поинакви него оние со кои работам и тоа ми се разјасни денеска. Богати и сиромашни.. Адвокати и разбојници.Кој контраст на круговите во кои се движам.Се трудам да воспоставам баланс измеѓу и сепак и таму и таму да останам иста. Вчера го запознав А.Не е нова љубов или слично туку некој кој ете така ми влезе во срцево.Седнав до него и случајно ми падна во очи книгичката која лежеше на биро. Ја земав,пролистав и прашав: Драма? Не поезија. Аха.. Ми раскажа дека црта графити и пишува поезија,слободна душа е.Дете на улицата. Ми рече дека е бездомник,ми рече дека се бори да успее во животот.Девојка му богаташка му го земала правото да ја гледа ќерка му.10 месеци стара. Доаѓа од Берлин и нема никој овде.Сам е.Фамилијата му е во Берлин.Седев до него и ја слушав неговата приказна. Направив фајронт и цело попладне ковав планови како да му помогнам да си го среди животот.Не ми излезе од глава до доцна во ноќта. Денес почнав да работам со интензивни тренинзи со него и постојано го држам на пик. Ме праша:Толку ли сум лош да мораш да работиш постојано со мене? Не,му одговорив.Сакам да постанеш профи агент,така ќе имаш повеќе пари,ќе можеш да си овозможиш пристоен дом и на тој начин ќе имаш право да ја гледаш малата. Ми кажа и дека учествувал често на поетри слем вечери со негови поеми и дека не може да го прави тоа овде(во овој град) затоа што има социјална фобија.Рече му треба некој во публика кој ќе го смирува.Познато лице. И ќе одам со него на поетри слем.Ќе бидам тоа познато лице за него. Сакам да му помогнам да се искачи нагоре.Не знам зошто битен ми е. Моето место не е во светот на богатите.Таму е измеѓу бездомниците.Таму измеѓу децата на улицата. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom