Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Ќе успеам ли некогаш да го довршам факултетот? Ќе успеам ли? Тамам ќе пркнам и нешто глупаво ме снаоѓа. Преполагање предмети кои веќе сум ги положил, караници со асистенти, учење досадни тестови кои во живот не би ми потребале, нервози еден тон... и сето тоа за едно обично книжуле кое демек утре ќе зборува за некаков успех. Одмилен ми е веќе и факултетот, што оти има по некој паметен професор кога изобилуваат искомплексирани фаци кои си умислиле дека факултетски професор на универзитет кој е на 200+ место во светот е некаква титула и животен достиг. Ај професор, ами асистент? Животен достиг: буткање студенти на испит, да се знае кој е кој, а бонус е чекање казнена сесија за да чепнеш некоја илјадарка плус.

Смачени ми се и веќе испитите затоа што немаат поента... некакви си задачи кои што можеш да ги положиш само ако си се скршил решавајќи такви задачи та веќе ги знаеш на памет. Треба да се лишам од социјален живот и она што мене ми е интересно да го правам само за да можам да положам испит кај некој кој се умислил дека е Бог та треба метании да му чиниш кога ќе го сретнеш за да не го навредиш. И џабе се обидувам да покажам колку е важна логиката и тоа колку си разбрал од некоја материја кога она што се бара е да постанеш автомат и да повраќаш што повеќе решенија на проблеми кои во реалност не постојат. И на крај ќе ти дојде некој да ти каже дека завршил и ќе ти се фали дека успеал се` да испрепише дур ти се обидуваш да ги урнеш принципите кои не даваат резултати. Истиот тој си уживал дур ти си се мачел, истиот тој потрошил помалку време и пари од тебе, истиот тој секој викенд се пијанчел дур ти си се обидувал да мислиш со своја глава и да не се покоруваш на принципите против кои се бориш.

Преку глава ми е од тоа да се нервирам дека им правам трошок на моите поради некои безгрешници и поради тоа што тие си умислиле дека диплома е „нешто“. Давам уште една шанса па ако бидне биднало, ако не којзнае. Интернетот е најголемата база на знаење ако знаеш како да го искористиш тоа што ти нуди и плус не те замара и не ти изиграва Госпо, а ти дава можеби и поквалитетно знаење.

Јас не можам ни да заспијам, цел месец ме држеше несоницава и еве во четири дена имам вкупно 10тина часа спиење. И не дека не знам од што ми е несоницата туку не гледам како да ја победам без апчиња. Имам некој план па ќе видиме дали ќе успее... нема вклучено медикаменти во планот.

И така.

[QUOTE="existence, post: 326464, member: 621"] Ќе успеам ли некогаш да го довршам факултетот? Ќе успеам ли? Тамам ќе пркнам и нешто глупаво ме снаоѓа. Преполагање предмети кои веќе сум ги положил, караници со асистенти, учење досадни тестови кои во живот не би ми потребале, нервози еден тон... и сето тоа за едно обично книжуле кое демек утре ќе зборува за некаков успех. Одмилен ми е веќе и факултетот, што оти има по некој паметен професор кога изобилуваат искомплексирани фаци кои си умислиле дека факултетски професор на универзитет кој е на 200+ место во светот е некаква титула и животен достиг. Ај професор, ами асистент? Животен достиг: буткање студенти на испит, да се знае кој е кој, а бонус е чекање казнена сесија за да чепнеш некоја илјадарка плус. Смачени ми се и веќе испитите затоа што немаат поента... некакви си задачи кои што можеш да ги положиш само ако си се скршил решавајќи такви задачи та веќе ги знаеш на памет. Треба да се лишам од социјален живот и она што мене ми е интересно да го правам само за да можам да положам испит кај некој кој се умислил дека е Бог та треба метании да му чиниш кога ќе го сретнеш за да не го навредиш. И џабе се обидувам да покажам колку е важна логиката и тоа колку си разбрал од некоја материја кога она што се бара е да постанеш автомат и да повраќаш што повеќе решенија на проблеми кои во реалност не постојат. И на крај ќе ти дојде некој да ти каже дека завршил и ќе ти се фали дека успеал се` да испрепише дур ти се обидуваш да ги урнеш принципите кои не даваат резултати. Истиот тој си уживал дур ти си се мачел, истиот тој потрошил помалку време и пари од тебе, истиот тој секој викенд се пијанчел дур ти си се обидувал да мислиш со своја глава и да не се покоруваш на принципите против кои се бориш. Преку глава ми е од тоа да се нервирам дека им правам трошок на моите поради некои безгрешници и поради тоа што тие си умислиле дека диплома е „нешто“. Давам уште една шанса па ако бидне биднало, ако не којзнае. Интернетот е најголемата база на знаење ако знаеш како да го искористиш тоа што ти нуди и плус не те замара и не ти изиграва Госпо, а ти дава можеби и поквалитетно знаење. Јас не можам ни да заспијам, цел месец ме држеше несоницава и еве во четири дена имам вкупно 10тина часа спиење. И не дека не знам од што ми е несоницата туку не гледам како да ја победам без апчиња. Имам некој план па ќе видиме дали ќе успее... нема вклучено медикаменти во планот. И така. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom