Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Ми се чини ние луѓето сме проколнати да бидеме вечно незадоволни.

Да бидеме гонети од сопствените желби и идеали.Очекувања и сакања.

Проклетство можеби со кое мораме да живееме.

Вчера незнам зошто сфатив дека колку повеќе имаме толку повеќе сакаме.Толку понезадоволни сме.

Јас сум самата таква иако

не сум материјалистка по природа.Ме гони успехот,ме гони идеата на љубовта,ме гонат соништата и копнежите.Ме гонат идеалите кои ги создавам повторно и повторно.

Не ме прави среќна она материјалното.Можеби за саат време.Ама толку.

Среќна сум кога сум со луѓе со кои можам да зборувам.Да зборувам за се она што ми се врти низ глава,за сите мои сфаќања и несфаќања,среќна ме прават луѓе со кои може да си правам филмчиња и да се смеам до несвест.Среќна ме прави добра храна,добра музика.Времето поминато читајќи добра книга.Среќна сум кога ќе уловам момент во фотографија.

Среќна ме прават непроценливите моменти со малиот.Уживам да се изгубам во неговите сјајни очи со боја на есента.Понекогаш се прашувам што се крие во нив а пробувам да го замислам неговиот свет.Да го гледам светот со очите на детето.

Едноставно е.Без комплицирани мисли,целта..среќа,смеа,креативност,играње,бонбони,цртани,друштво,сладолед на кило.

Вчера се возев со точак два саати.Ми беше потребно време за самата себе.Залутав низ шумата следејќи го патот кој некогаш бил пруга.Се чувствував слободно и таа слобода ми создаваше страв.Напуштањето на комфорната за мене зона ме правеше несигурна.

И така е во секое друго поле во животов.Непознатото ме прави несигурна.А несигурноста ме прави претпазлива,ми создава страв.Не можам да одредам од каде доаѓа сето тоа,но секогаш се трудам да го совладам стравот.Предизвик ми е,па додека почуствувам во себе дека ја губам,навлегувам подлабоко во чувството се додека не се изгубам сосем,па така изгубена се пронаоѓам повторно и повторно.Додека не исчезне тоа чувство ширејќи ја комфорната зона.Којзнае може ќе успеам да ја проширам до крајот на светот.До не-границите на универзумот.Хи,хи,хи.

Се трудам да бидам задоволна,да бидам благодарна за она што го имам,а не да чезнеам за она што го немам.

И така би било проклетството претворено во благослов(кога би било така едноставно).

Доста беше размислување(во последно време се кочам себе кога приметувам дека се губам во мислите залудно инвестирано време..понекогаш,не секогаш).

Врне ситен дожд.

Одам да се спремам па сакав да одам на second hand пазар,можеби ќе најдам некоја интересна книга за ниска цена и некој старински ретро ранец.

[QUOTE="Lena, post: 323154, member: 1970"] Ми се чини ние луѓето сме проколнати да бидеме вечно незадоволни. Да бидеме гонети од сопствените желби и идеали.Очекувања и сакања. Проклетство можеби со кое мораме да живееме. Вчера незнам зошто сфатив дека колку повеќе имаме толку повеќе сакаме.Толку понезадоволни сме. Јас сум самата таква иако не сум материјалистка по природа.Ме гони успехот,ме гони идеата на љубовта,ме гонат соништата и копнежите.Ме гонат идеалите кои ги создавам повторно и повторно. Не ме прави среќна она материјалното.Можеби за саат време.Ама толку. Среќна сум кога сум со луѓе со кои можам да зборувам.Да зборувам за се она што ми се врти низ глава,за сите мои сфаќања и несфаќања,среќна ме прават луѓе со кои може да си правам филмчиња и да се смеам до несвест.Среќна ме прави добра храна,добра музика.Времето поминато читајќи добра книга.Среќна сум кога ќе уловам момент во фотографија. Среќна ме прават непроценливите моменти со малиот.Уживам да се изгубам во неговите сјајни очи со боја на есента.Понекогаш се прашувам што се крие во нив а пробувам да го замислам неговиот свет.Да го гледам светот со очите на детето. Едноставно е.Без комплицирани мисли,целта..среќа,смеа,креативност,играње,бонбони,цртани,друштво,сладолед на кило. Вчера се возев со точак два саати.Ми беше потребно време за самата себе.Залутав низ шумата следејќи го патот кој некогаш бил пруга.Се чувствував слободно и таа слобода ми создаваше страв.Напуштањето на комфорната за мене зона ме правеше несигурна. И така е во секое друго поле во животов.Непознатото ме прави несигурна.А несигурноста ме прави претпазлива,ми создава страв.Не можам да одредам од каде доаѓа сето тоа,но секогаш се трудам да го совладам стравот.Предизвик ми е,па додека почуствувам во себе дека ја губам,навлегувам подлабоко во чувството се додека не се изгубам сосем,па така изгубена се пронаоѓам повторно и повторно.Додека не исчезне тоа чувство ширејќи ја комфорната зона.Којзнае може ќе успеам да ја проширам до крајот на светот.До не-границите на универзумот.Хи,хи,хи. Се трудам да бидам задоволна,да бидам благодарна за она што го имам,а не да чезнеам за она што го немам. И така би било проклетството претворено во благослов(кога би било така едноставно). Доста беше размислување(во последно време се кочам себе кога приметувам дека се губам во мислите залудно инвестирано време..понекогаш,не секогаш). Врне ситен дожд. Одам да се спремам па сакав да одам на second hand пазар,можеби ќе најдам некоја интересна книга за ниска цена и некој старински ретро ранец. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom