Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Утре е понеделник.

Повторно истата шема која со месеци ја играм сосем дисциплинарано.

Во 6:30 звони саатот па во 6:45 и конечно во 7:00 станувам.Се спремам и го напуштам домот.Ќе го пропуштам делот кога син ми треба да се облече и спреми за во школо затоа што е..скокоткање на нервите.

Ги сакам утрата кога го носам син ми во школо,во пекарата на ќошот му купувам "американа" и постојано го напоменувам да побрза затоа што ќе закасниме.

Убаво е да го гледам како опуштено се влечка по пат како времето ништо да не му значи и наоѓа секакви нешта кои му го задржуваат вниманието..стап,камен,место/ограда каде што може да се качи,игрици на излозите..потоа наоѓа нови начини како да оди наопаку,измислува приказни и поставувава милион прашања...А секогаш имаме 30 мин.испланирани за патот до школо(мене сама ми требаат само 5).

Сакам да гледам како се губи во школскиот двор измеѓу децата кои со нетрпение чекаат да дојде..Го извикуваат неговото име и...го снемува.

Ја гледам неговата мала силуета и се чувствувам..не можам да го опишам тоа чувство на задоволство.Среќна сум што сум мајка.Ме исполнува.

Потоа одам во пекарата која ми е на патот накај работа,купувам капучино,кроасани и сендвич и пешачам до работа.Време кое го користам да се подготвам внатрешно за новиот ден..Има еден мост кој го поминувам секое утро.Мостот преку автопатот.

Секое утро го гледам сонцето од мостот и градот пред себе.Некаде во далечината има црква.Измеѓу облаците и сонцето ѕирка крстот..

Можност да се заблагодарам на Бога за се што имам.Можност за молитва.И тоа секое утро.

Во биро доаѓам во 8:20 ги поздравувам жените кои рано наутро пред да почне работатаси ги кажуваат проблемите.

Добро утро мои мили,како сте ми денес..??

Ме сакаат.Задоволни на обрнатото внимание ме поздравуваат и продолжуваат со моабетоте.

Ги вклучувам компјутерите,се грижам за секаква папирологоја и во 9:00 е се раздвижено и живо.

Времето ми поминува брзо.

Се грижам за развивање на агентите,за нивните рапорти,нон-стоп некои состаноци...

Ја сакам новата работа.И не приметувам кога ми минува времето.Единствено знам кога е 10:45.Тогаш доаѓа тој.

Само тогаш го подигам погледот,гледам на саатот и се враќам восебе.Во тие моменти постои тој само.И јас.Можеби се тоа само секунди кои го сечат времето.Секунди на кои им се радувам.И тогаш се чувствувам целосно.Некогаш ми се насмевнува дигајќи ги веѓите..Некогаш има тмурен строг поглед..И го поздравивам неуморно кажувајќи му го името(најрадо би го шепотела тоа име,ама... : )) )

Добро утро г-дине П...Сеуте го викам г-дин,не знам зошто.Некако не можам да му го изговорам името.Чинам тогаш ќе ја изгубам дистанцата која ја створив.

Ме гледа и збунето ми одговара со насмевка..Добро утро.Секогаш јас прва.

Никогаш не ми го изговорил името.Само еднаш кога рече дека му се допаѓа..

Во тие моменти времето ми застанува.Исто како на син ми не ми значи ништо.Само мигови се тоа.Безвременски..Во тие моменти го добивам оној мој занесен поглед,оној поглед кој талка наоколу да го пронајде него..

(Една колешка ми рече еднаш дека на моменти изгледам така занесено..кога би знаела само зошто : ))

Повторно се концентрирам на работата пробувајќи да не му обрнувам многу внимание.Само некој случаен поглед кој ми го забрзува темпото на срцето.Случајна близина.Случајна средба во кафетеријата или покрај добро познатиот кафе-автомат со ефтино кафе,случајни вибрации низ телово предизвикани од неговото присуство..

Истото темпо на работа до 15:45 ишарано со многу смеа,стрес и концентрација.Заминувам брзајќи до школото на малиот..

Купување,ручек,тренинг..

Доцна навечер околу 8-9 здивнувам.

Го поминувам денот низ меморијата..И тие секунди во кој тој е присутен,се единственото нешто кое ми останува во меморијата.Гласно,јасно,чисто..

Заспивам уморно радувајќи му се на следното утро.

Секој ден навидум ист,а така различен.Секое утро насмевка.Секое утро нов ден.

[QUOTE="Lena, post: 318771, member: 1970"] Утре е понеделник. Повторно истата шема која со месеци ја играм сосем дисциплинарано. Во 6:30 звони саатот па во 6:45 и конечно во 7:00 станувам.Се спремам и го напуштам домот.Ќе го пропуштам делот кога син ми треба да се облече и спреми за во школо затоа што е..скокоткање на нервите. Ги сакам утрата кога го носам син ми во школо,во пекарата на ќошот му купувам "американа" и постојано го напоменувам да побрза затоа што ќе закасниме. Убаво е да го гледам како опуштено се влечка по пат како времето ништо да не му значи и наоѓа секакви нешта кои му го задржуваат вниманието..стап,камен,место/ограда каде што може да се качи,игрици на излозите..потоа наоѓа нови начини како да оди наопаку,измислува приказни и поставувава милион прашања...А секогаш имаме 30 мин.испланирани за патот до школо(мене сама ми требаат само 5). Сакам да гледам како се губи во школскиот двор измеѓу децата кои со нетрпение чекаат да дојде..Го извикуваат неговото име и...го снемува. Ја гледам неговата мала силуета и се чувствувам..не можам да го опишам тоа чувство на задоволство.Среќна сум што сум мајка.Ме исполнува. Потоа одам во пекарата која ми е на патот накај работа,купувам капучино,кроасани и сендвич и пешачам до работа.Време кое го користам да се подготвам внатрешно за новиот ден..Има еден мост кој го поминувам секое утро.Мостот преку автопатот. Секое утро го гледам сонцето од мостот и градот пред себе.Некаде во далечината има црква.Измеѓу облаците и сонцето ѕирка крстот.. Можност да се заблагодарам на Бога за се што имам.Можност за молитва.И тоа секое утро. Во биро доаѓам во 8:20 ги поздравувам жените кои рано наутро пред да почне работатаси ги кажуваат проблемите. Добро утро мои мили,како сте ми денес..?? Ме сакаат.Задоволни на обрнатото внимание ме поздравуваат и продолжуваат со моабетоте. Ги вклучувам компјутерите,се грижам за секаква папирологоја и во 9:00 е се раздвижено и живо. Времето ми поминува брзо. Се грижам за развивање на агентите,за нивните рапорти,нон-стоп некои состаноци... Ја сакам новата работа.И не приметувам кога ми минува времето.Единствено знам кога е 10:45.Тогаш доаѓа тој. Само тогаш го подигам погледот,гледам на саатот и се враќам восебе.Во тие моменти постои тој само.И јас.Можеби се тоа само секунди кои го сечат времето.Секунди на кои им се радувам.И тогаш се чувствувам целосно.Некогаш ми се насмевнува дигајќи ги веѓите..Некогаш има тмурен строг поглед..И го поздравивам неуморно кажувајќи му го името(најрадо би го шепотела тоа име,ама... : )) ) Добро утро г-дине П...Сеуте го викам г-дин,не знам зошто.Некако не можам да му го изговорам името.Чинам тогаш ќе ја изгубам дистанцата која ја створив. Ме гледа и збунето ми одговара со насмевка..Добро утро.Секогаш јас прва. Никогаш не ми го изговорил името.Само еднаш кога рече дека му се допаѓа.. Во тие моменти времето ми застанува.Исто како на син ми не ми значи ништо.Само мигови се тоа.Безвременски..Во тие моменти го добивам оној мој занесен поглед,оној поглед кој талка наоколу да го пронајде него.. (Една колешка ми рече еднаш дека на моменти изгледам така занесено..кога би знаела само зошто : )) Повторно се концентрирам на работата пробувајќи да не му обрнувам многу внимание.Само некој случаен поглед кој ми го забрзува темпото на срцето.Случајна близина.Случајна средба во кафетеријата или покрај добро познатиот кафе-автомат со ефтино кафе,случајни вибрации низ телово предизвикани од неговото присуство.. Истото темпо на работа до 15:45 ишарано со многу смеа,стрес и концентрација.Заминувам брзајќи до школото на малиот.. Купување,ручек,тренинг.. Доцна навечер околу 8-9 здивнувам. Го поминувам денот низ меморијата..И тие секунди во кој тој е присутен,се единственото нешто кое ми останува во меморијата.Гласно,јасно,чисто.. Заспивам уморно радувајќи му се на следното утро. Секој ден навидум ист,а така различен.Секое утро насмевка.Секое утро нов ден. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom