Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

(дур пишам сакам да ми брмчи ова дур не завршам)

[MEDIA=youtube]o8XDcBGhlT0[/MEDIA]

Thinking and overthinking, разликата е голема. Јас го однесов поимот overthinking на ново ниво, барем така ми вика другар ми, а верувај воопшто не е пријатно да слушнеш дека си го сторил тоа свесно и без моќ за контрола врз истото. Знаеш дека те уништува како личност, знаеш дека не ти дава никаква можност за напредок, знаеш дека постануваш странец т.е. почнуваш да се отуѓуваш дури и од најблиските и сето тоа го гледаш во прво лице исто како некоја видеоигра само што плус го осеќаш тоа на своја кожа. После долго време, откако си „преразмислил“ (не знам како е точниот превод, не ме чуди и да немаме збор) за твоето преразмислување за обични ситници и за големи работи кои никогаш не си тргнал да ги оствариш затоа што до сега си анализирал и мислиш дека не си спремен да превземеш ризик, почнуваш да посакуваш некако да го промениш тоа. И си викаш „Ај ќе пробам со мали работи и мали ризици.“ и пробуваш. Е арно ама кога си таков дури и кога не сакаш анализираш и ризикуваш знаејќи дека ризикот не ти се исплати и го имаш она чувство на празнина во себе затоа што знаеш дека уствари пробуваш да се излажеш себе ама не ти оди. И пак пробуваш и пак истото чувство и пак пробуваш и пак и пак и пак... На крај се откажуваш од можноста дека можеш да го искорениш од себе тоа и си викаш „Шо го eбaм, таков сум и не можам поинаку.“ и почнуваш да приметуваш нус појави од тој неуспешен обид за промена. Од човек кој заприметувал ситници и кој се потпирал на својата меморија речиси цел живот постануваш хендикепиран затоа што ти бегаат детали и почнуваш да не можеш да се сконцентрираш доволно добро за да запамтиш некои работи кои ти се случуваат. Меморијата ти станува толку селективна што почнуваш да обрнуваш внимание и да памтиш детали само околу настани кои што претходно ти биле цел на „анализа“ и поради кои си губел време размислувајќи. И врв на се` доаѓа кога доаѓаш дома и грабнуваш инструмент, гасиш светла и било какви вознемирувачки уреди кои завршуваат на -фон и пробуваш да си го отсвириш болот кој те гриза ама не можеш да го довршиш тоа што си го почнал затоа што пак самиот се кочиш со размислување околу тоа што го свириш и зошто си го отсвирил баш така кога си можел поинаку. Откачуваш каишот, гасиш појачало, гризаш металната трзалица зашто си гневен на својот мозок и наредни месец дена освен вежбање скали ништо друго не чепкаш. И така на крај завршуваш со чувство како да си во некој многу длабок бунар среде врнежлива ноќ, колку повеќе размислуваш за некоја работа толку повеќе почнува да врне и бунарот е се` подлабок и подлабок и таму сфаќаш дека никој не може да ти помогне сем самиот да најдеш начин да го отфрлиш тоа од себе.

Мислев ќе ми олесне ако напишам, ама лажат маме им нивно... сеа ми е уште потешко оти размислувам дали да го испратам постот. Ај нека е.

[QUOTE="existence, post: 313668, member: 621"] (дур пишам сакам да ми брмчи ова дур не завршам) [MEDIA=youtube]o8XDcBGhlT0[/MEDIA] Thinking and overthinking, разликата е голема. Јас го однесов поимот overthinking на ново ниво, барем така ми вика другар ми, а верувај воопшто не е пријатно да слушнеш дека си го сторил тоа свесно и без моќ за контрола врз истото. Знаеш дека те уништува како личност, знаеш дека не ти дава никаква можност за напредок, знаеш дека постануваш странец т.е. почнуваш да се отуѓуваш дури и од најблиските и сето тоа го гледаш во прво лице исто како некоја видеоигра само што плус го осеќаш тоа на своја кожа. После долго време, откако си „преразмислил“ (не знам како е точниот превод, не ме чуди и да немаме збор) за твоето преразмислување за обични ситници и за големи работи кои никогаш не си тргнал да ги оствариш затоа што до сега си анализирал и мислиш дека не си спремен да превземеш ризик, почнуваш да посакуваш некако да го промениш тоа. И си викаш „Ај ќе пробам со мали работи и мали ризици.“ и пробуваш. Е арно ама кога си таков дури и кога не сакаш анализираш и ризикуваш знаејќи дека ризикот не ти се исплати и го имаш она чувство на празнина во себе затоа што знаеш дека уствари пробуваш да се излажеш себе ама не ти оди. И пак пробуваш и пак истото чувство и пак пробуваш и пак и пак и пак... На крај се откажуваш од можноста дека можеш да го искорениш од себе тоа и си викаш „Шо го eбaм, таков сум и не можам поинаку.“ и почнуваш да приметуваш нус појави од тој неуспешен обид за промена. Од човек кој заприметувал ситници и кој се потпирал на својата меморија речиси цел живот постануваш хендикепиран затоа што ти бегаат детали и почнуваш да не можеш да се сконцентрираш доволно добро за да запамтиш некои работи кои ти се случуваат. Меморијата ти станува толку селективна што почнуваш да обрнуваш внимание и да памтиш детали само околу настани кои што претходно ти биле цел на „анализа“ и поради кои си губел време размислувајќи. И врв на се` доаѓа кога доаѓаш дома и грабнуваш инструмент, гасиш светла и било какви вознемирувачки уреди кои завршуваат на -фон и пробуваш да си го отсвириш болот кој те гриза ама не можеш да го довршиш тоа што си го почнал затоа што пак самиот се кочиш со размислување околу тоа што го свириш и зошто си го отсвирил баш така кога си можел поинаку. Откачуваш каишот, гасиш појачало, гризаш металната трзалица зашто си гневен на својот мозок и наредни месец дена освен вежбање скали ништо друго не чепкаш. И така на крај завршуваш со чувство како да си во некој многу длабок бунар среде врнежлива ноќ, колку повеќе размислуваш за некоја работа толку повеќе почнува да врне и бунарот е се` подлабок и подлабок и таму сфаќаш дека никој не може да ти помогне сем самиот да најдеш начин да го отфрлиш тоа од себе. Мислев ќе ми олесне ако напишам, ама лажат маме им нивно... сеа ми е уште потешко оти размислувам дали да го испратам постот. Ај нека е. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom