Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Лудило или само збунетост?

Сеуште не ми е јасно низ што се морав да минам во само еден месец. И уште не ми е јасно како преживеав! Не можам самата на себе да си објаснам.

Еве, симнувам капа по не знам кој пат и признавам дека и јас носам маска. Да не ја носев и да не бев резервирана, досега сигурно ќе попуштев.

Не сум силна како што изгледам. Знам дека е тешко да гледаат дека стоечки издржав такви удари без да трепнам и ним не им е јасно како успеав. Не знаат ниту дека со денови имам кошмари кои со часови ме држат будна. За среќа тука е маската, па наутро покривам се.

Ме изненадија многу постапки на луѓето од околината. Најискрено, мислам дека самата сум била премногу заслепена за да ја забележам нивната вистинска страна.

И воздухот ме напушта. Некако тешко ми е да дишам. Како и нема да биде, кога се што вдишувам се само празни зборови, ветувања и разочарувања?

Додека го пишувам ова, ми се чини смешно. Како ли станав толку патетична?

Што се случи?

Животот се случи.

Се мораше да се испомеша баш кога веќе дознав која сум. Дека крушата под круша паѓа. Како ли можеа да помислат дека ќе поверувам на таквите сценарија, кои патем се толку комично очигледни?

Само не знам дали неодамнешните откритија толку ме збунија поради тоа што само го потврдија мојот заклучок кога се надевав на нешто поинакво. Или пак има сосем некоја трета, засега непозната, причина?

Целава оваа сложувалка ме вади од колосек и ме натера да паднам на колена. Ете, се случи и тоа. Паднав на колена. Пак. Среќни? Незаситни крвопијци.

Фрустрацијата поради тоа што сите го криеле она што требало да го знам одамна само го зголемуваат бесот кој се собира во мене. И врие, како густа каша на силен оган. Како можеле да знаат сите освен јас?

И што треба да правам јас?

Се загубив повторно. Не знам ни зошто пак пишувам, кога се натерав самата да престанам. Овие разговори со самата себе ме прават да се чувствувам како будала.

Не ми е јасно како не сфаќаат дека не сакам ниту да ја играм играва, ниту да останам таму каде што сум. Само омраза и камења добивам од позади грб.

Ама ќе се вратам, посилна. Посилна од било кога. Знам дека сега физички не сум силна, но ќе го остварам овој план па што сака нека биде.

Порано слушав, но сега веќе не. Тоа што се грижев повеќе за другите освен себеси, по веќе две години, конечно си го зема својот данок.

Ама ајде, нека оди. Не можам веќе ништо да направам за да го спречам тоа.

Сега е навистина време да се поправам.

Тие пукнатини нема да се залечат сами.

Пеј царе Артуре, пеј! (Додека сеуште има струја)

П.С. Добро би било кога конечно би можела да научам како да не ги повредам оние за кои најмногу се грижам. Редно е и јас за возврат нешто да дадам, иако се сомневам дека нешто добро остана...

[QUOTE="i_wanna_fly, post: 279687, member: 1553"] Лудило или само збунетост? Сеуште не ми е јасно низ што се морав да минам во само еден месец. И уште не ми е јасно како преживеав! Не можам самата на себе да си објаснам. Еве, симнувам капа по не знам кој пат и признавам дека и јас носам маска. Да не ја носев и да не бев резервирана, досега сигурно ќе попуштев. Не сум силна како што изгледам. Знам дека е тешко да гледаат дека стоечки издржав такви удари без да трепнам и ним не им е јасно како успеав. Не знаат ниту дека со денови имам кошмари кои со часови ме држат будна. За среќа тука е маската, па наутро покривам се. Ме изненадија многу постапки на луѓето од околината. Најискрено, мислам дека самата сум била премногу заслепена за да ја забележам нивната вистинска страна. И воздухот ме напушта. Некако тешко ми е да дишам. Како и нема да биде, кога се што вдишувам се само празни зборови, ветувања и разочарувања? Додека го пишувам ова, ми се чини смешно. Како ли станав толку патетична? Што се случи? Животот се случи. Се мораше да се испомеша баш кога веќе дознав која сум. Дека крушата под круша паѓа. Како ли можеа да помислат дека ќе поверувам на таквите сценарија, кои патем се толку комично очигледни? Само не знам дали неодамнешните откритија толку ме збунија поради тоа што само го потврдија мојот заклучок кога се надевав на нешто поинакво. Или пак има сосем некоја трета, засега непозната, причина? Целава оваа сложувалка ме вади од колосек и ме натера да паднам на колена. Ете, се случи и тоа. Паднав на колена. Пак. Среќни? Незаситни крвопијци. Фрустрацијата поради тоа што сите го криеле она што требало да го знам одамна само го зголемуваат бесот кој се собира во мене. И врие, како густа каша на силен оган. Како можеле да знаат сите освен јас? И што треба да правам јас? Се загубив повторно. Не знам ни зошто пак пишувам, кога се натерав самата да престанам. Овие разговори со самата себе ме прават да се чувствувам како будала. Не ми е јасно како не сфаќаат дека не сакам ниту да ја играм играва, ниту да останам таму каде што сум. Само омраза и камења добивам од позади грб. Ама ќе се вратам, посилна. Посилна од било кога. Знам дека сега физички не сум силна, но ќе го остварам овој план па што сака нека биде. Порано слушав, но сега веќе не. Тоа што се грижев повеќе за другите освен себеси, по веќе две години, конечно си го зема својот данок. Ама ајде, нека оди. Не можам веќе ништо да направам за да го спречам тоа. Сега е навистина време да се поправам. Тие пукнатини нема да се залечат сами. Пеј царе Артуре, пеј! (Додека сеуште има струја) П.С. Добро би било кога конечно би можела да научам како да не ги повредам оние за кои најмногу се грижам. Редно е и јас за возврат нешто да дадам, иако се сомневам дека нешто добро остана... [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom